Видео: Ѓоковиќ со спектакуларен пресврт до 1/8 финалето на Ролан Гарос

Најдобриот и најтрофејниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на тенискиот Грен слем во Париз, Ролан Гарос, откако по маратонски пет сета со 7:5, 6:7, 2:6, , 6-3 и 6-0 го совлада, Италијанецот Лоренцо Мусети.

Новак и Мусети на љубителите на тенисот им приредија спектакл за паметење кој траеше до раните утрински часови!

24 кратниот освојувач на Грен слем трофеите Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на тенискиот Грен слм во Париз, Ролан Гарос, откако по маратонски пет сета со 7:5, 6:7, 2:6, , 6-3 и 6-0 го совлада 30. светски тенисер Италијанецот Лоренцо Мусети.

Поради дождот во Париз и променетиот распоред на мечевите, како и времетраењето на дуелите во сабота попладне, мечот меѓу Ѓоковиќ и Мусети започна дури во 22:37 часот, а заврши во 3:07 часот денеска рано наутро!

Тоа беше дефинитивно највозбудливиот дуел на престижниот Грен слем во градот на светлината Париз, годинава.

Четири часа и 32 минути, легендарниот Ноле и борбениот Италијанец гинеа на теренот по исклучително студено време за овој дел од годината.

Љубителите на тенисот имаа можност вистински да уживаат и да видат грст атрактивни потези, нереални поени, драматични сцени, пресврти и на крајот експлозијата на емоциите на тенискиот крал и воин Новак Ѓоковиќ.

Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци

Рускиот државјанин Никита Журавел денеска беше осуден на 14 години затвор откако беше прогласен за виновен за велепредавство за наводно испраќање видео од руската војска до украинските разузнавачки служби.

Окружниот суд во Волгоград соопшти дека Журавел „не се согласува со политиката на Руската Федерација“ и дека преку интернет се допишувал со претставник на украинските безбедносни служби и извршувал задачи за него.

Обвинителите изјавија дека Журавел снимил воз полн со воена опрема и воени авиони во 2023 година, а потоа го испратил видеото до претставник на украинската агенција за безбедност.

Журавел веќе отслужува казна од три и пол години за палење на Куранот пред џамијата што му беше изречена во февруари.

Активистите за човекови права велат дека Журавел е политички затвореник и дека бил претепан додека бил во притвор.

Тој беше претепан од 15-годишниот син на Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченија. Кадиров дури објави видео на социјалните мрежи и го пофали својот син, што предизвика гнев во јавноста.

Бројот на судења за предавство и шпионажа нагло се зголеми во Русија откако претседателот Владимир Путин влезе во војна со Украина во февруари 2022 година.

Правната дефиниција за предавство е проширена за да го вклучи обезбедувањето на нејасно дефинирана „помош“ за странски земји или организации, што ефективно го изложува на кривично гонење секој што е во контакт со странци. /МИА

Се упокои Митрополитот г.Тимотеј, утре Света Литургија на Плаошник

Утре, со почеток во 9:00 часот, во храмот на Свети Климент Охридски на Плаошник ќе биде отслужена заупокоена Света Архиерејска Литургија.

Со болка во срцата и со искрено сочувство, ја известуваме јавноста дека денеска, 25.11.2024, на споменот на Светиот Јован Милостив, се упокои во Господа нашиот возљубен архипастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Свештенството, монаштвото и верниот народ на Дебарско-кичевската епархија се обединети во молитвата за покој на неговата душа, со надеж на воскресение и светло блаженство. Неговиот живот и служба беа светол пример за пастирска љубов, пожртвуваност и посветеност кон Црквата Божја.

Утре, со почеток во 9:00 часот, во храмот на Свети Климент Охридски на Плаошник ќе биде отслужена заупокоена Света Архиерејска Литургија, со која ќе чиноначалствува викарниот епископ на Дебарско-кичевската епархија, Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј.

Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј ќе бидат изложени за проштално збогум од почетокот на Светата Литургија, па сѐ до крајот на вечерната служба истиот ден.

Вечен ти спомен, достојнопочитуван и секогаш споменуван наш сакан архипастиру!

Дебарско-кичевска епархија

Поезија од младата Милица Пауновска од Неготино промовирана во Данска

Книгата поезија „Нецелосна" од младата  Милица Пауновска од Неготино изминативе неколку дена беше промовирана во Данска, информираа вечерва од нејзиниот тим во Неготино. Притоа потсетија дека е ова прва книга на Пауновска, преведена на данскa

Книгата поезија „Нецелосна" од младата Милица Пауновска од Неготино изминативе неколку дена беше промовирана во Данска, информираа вечерва од нејзиниот тим во Неготино. Притоа потсетија дека е ова прва книга на Пауновска, преведена на дански јазик.

- Вљубеници во пишаниот збор беа на промоцијата на книгата. Тие истовремено можеа да другаруваат со уште еден македонски производ, дегустирајќи квалитетно тиквешко вино. Знаете, да се направи извонредно вино е исто така уметност, подвлекоа од тимот на Пауновска.

Притоа нагласија дека следува промоција на оваа книга и во Германија и Швајцарија, каде исто така ќе се има можност да се дегустираат и македонски вина, нагласувајќи дека младата поетеса е своевиден амбасадор на државата, македонскиот збор и нашите квалитетни вина. /MИА

притисни ентер