Се упокои Митрополитот г.Тимотеј, утре Света Литургија на Плаошник

Утре, со почеток во 9:00 часот, во храмот на Свети Климент Охридски на Плаошник ќе биде отслужена заупокоена Света Архиерејска Литургија.

Со болка во срцата и со искрено сочувство, ја известуваме јавноста дека денеска, 25.11.2024, на споменот на Светиот Јован Милостив, се упокои во Господа нашиот возљубен архипастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Свештенството, монаштвото и верниот народ на Дебарско-кичевската епархија се обединети во молитвата за покој на неговата душа, со надеж на воскресение и светло блаженство. Неговиот живот и служба беа светол пример за пастирска љубов, пожртвуваност и посветеност кон Црквата Божја.

Утре, со почеток во 9:00 часот, во храмот на Свети Климент Охридски на Плаошник ќе биде отслужена заупокоена Света Архиерејска Литургија, со која ќе чиноначалствува викарниот епископ на Дебарско-кичевската епархија, Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј.

Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј ќе бидат изложени за проштално збогум од почетокот на Светата Литургија, па сѐ до крајот на вечерната служба истиот ден.

Вечен ти спомен, достојнопочитуван и секогаш споменуван наш сакан архипастиру!

Дебарско-кичевска епархија

Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода

На насобраните новинари им порача дека „е невин и тоа ќе го докаже на суд“.

Поранешниот хрватски министер за здравство Вили Берош, осомничен во аферата „Микроскопи“ поради набавка на прескапа медицинска опрема, денеска е пуштен од истражен затвор затоа што УСКОК ги сослуша сите сведоци поради кои Берош беше приведен во саботата на 16 ноември, ден по неговото апсење.

На насобраните новинари им порача дека „е невин и тоа ќе го докаже на суд“.

- Не му се лутам на никого, им благодарам на институциите што си ја завршија работата. Тоа е мојата порака, изјави Берош.

На Хина во Жупанискиот суд во Загреб претходно и беше потврдено дека УСКОК ги известил дека се сослушани сите сведоци поврзани со Берош, а судијата на истрагата напишал решение врз основа на кое Берош е ослободен од Реметинац и понатаму за време на истрагата ќе се брани од слобода.

Поранешниот министер е ослободен откако претходно денеска во УСКОК бил сослушан последниот од седумте сведоци кои според обвинителството можеле да бидат под влијание на поранешниот министер за време на истрагата за корупција.

УСКОК во петокот соопшти дека Берош е уапсен, потоа и Канцеларијата на Европско јавно обвинителство (ЕППО) соопшти дека покренала истрага против Берош и уште седум лица.

За разлика од УСКОК, кој го сомничи Берош за трговија со влијание, а во чија истрага не се споменува ниту бегалецот Хрвоје Петрач, ниту двајца негови синови кои во меѓувреме се предадоа, ЕППО го обвинува Берош за примање мито./МИА

Гвардиола: Никогаш не сум имал поголема верба во моите играчи

Признавам дека во моментов мојот тим не е подготвен за големи работи, но го барам вистинскиот пат, изјави денеска тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола по новиот пораз на актуелниот англиски шампион.

Во 12. коло од Премиер лигата, Манчестер Сити доживеа тежок удар на домашен терен, запишувајќи пораз од Тотенхем со 4-0. Тоа беше петти пораз во низа за Манчестер Сити во сите натпреварувања.

„Кога започна нашата негативна серија, на сите им кажав дека моја должност и работа е да најдам излез од сè. Очигледно е дека сè уште не сум го нашол вистинскиот пат, продолжувам да го барам. Во сето ова, морам да кажам дека никогаш повеќе не сум имал верба во овој тим. Брзо ќе се снајдеме, гарантирам. Засилувања во текот на зимата? Кога мојот тим е заедно, без повреди, тогаш не му недостига апсолутно ништо, изјави Гвардиола, кој неодамна го продолжи договорот со клубот до јуни 2027 година.

Манчестер Сити сè уште е втор во табелата во Премиер лигата, но сега заостанува осум бодови зад лидерот Ливерпул.

„Тешко е да се справиш со фактот дека треба да играш без Родриго, кој беше прогласен за најдобар во светот. Претходно имавме и други повреди, а сега надвор од терените се Ковачиќ и Рубен Диас. Не е удобна позиција, но знам дека наскоро ќе дојде фазата кога повторно ќе победуваме“, додаде Гвардиола, чиј тим во вторник го очекува дуел на домашен терен во петтото коло од Лигата на шампиони против холандски Феенорд. /МИА

Салах разочаран од Ливерпул: Сè уште немам понуда за нов договор

„Декември е на прагот, а сè уште не сум добил понуда да останам во Ливерпул“, разочарано изјави денеска најдобриот играч на премиерлигашот, 32-годишниот египетски фудбалер Мохамед Салах.

Во тековната сезона Салах одигра 18 натпревари за Ливерпул, постигна 12 голови и десет пати асистираше. Најмногу благодарение на него, Ливерпул во моментов е убедливо прв во англиската Премиер лига со осум бодови повеќе од вториот Манчестер Сити.

„Долги години сум во Ливерпул и не постои друг таков клуб во светот. Но, разочаран сум од односот кон мене и во овој момент сум поблиску до заминување отколку да останам на Енфилд“, изјави Салах.

Египетскиот репрезентативец има важечки договор со Ливерпул до крајот на оваа сезона.

„Фокусиран сум на сезоната. Сакам да освојам сè уште што е можно со Ливерпул, од Премиер лигата до Лигата на шампионите. Јас сум професионалец. Секогаш ќе давам сè уште од себе. Го сакам клубот, ги сакам овие навивачи, како што тие ме сакаат мене. Сепак, ниту тие, ниту јас одлучуваме дали ќе останам или не, додаде Салах кој дојде во Ливерпул во 2017 година и оттогаш има постигнато вкупно 223 голови со 99 асистенции за овој клуб./МИА

притисни ентер