Видео- фото: Карлеуша како секси Баба Мразица на новогодишниот настап

Популарната и атрактивна пејачка Јелена Карлеуша ја дочека Новата година на градскиот плоштад во Крагуевац.

Провокативната Карлеуша како вистинска секси Баба Мразица околу 23 часот се појавила на сцената и веднаш ја „запали“ атмосферата во студената јновогодишна ноќ.

Мегапопуларната Карла на сцената се појавила во црвен латекс костим на жешкиот Дедо Мраз.

Грин Машинс на Брако ќе ги чисти Бермудите

Машините за чистење Грин Машинс на БРАКО станаа дел од флотата за одржување урбана хигиена на тропската држава Бермуди.

Клиентот од Бермудите го избра моделот 414 rs на Грин Машинс, со кој истовремено можат да се чистат и улици и тротоари, може да се управува рачно, но нуди можност и за седење на операторот.

Нашиот тим од Обединетото Кралство беше на Бермуди, каде одржа обука за користење на нашите машини, и горди сме што македонски производи ќе придонесат за чисти улици и ќе бидат присутни на оваа британска островска територија, која е светскa туристичка дестинација, соопштуваат од компанијата.

Ѓорѓиевски: Книги на Брајово писмо за "Димитар Влахов" и библиотеката во Домот на културата

По повод Светскиот ден на Брајовото писмо – 4 јануари, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, го посети Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид – "Димитар Влахов".

По повод Светскиот ден на Брајовото писмо – 4 јануари, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, го посети Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид – "Димитар Влахов", каде донираше нови наслови напишани со Брајово писмо. Овојпат, учениците ќе имаат можност да уживаат во македонски класици, меѓу кои: „Приказни за Зоки Поки“ од Оливера Николова, „Сказна за детето Вилен“ од Глигор Поповски и „Белото циганче“ од Видое Подгорец.

Покрај оваа донација, градоначалникот Ѓорѓиевски ја посети и донираше наслови со Брајово писмо и во библиотеката лоцирана во Домот на културата во Кисела Вода. Оваа иницијатива е дел од заложбите на општината за намалување на маргинализацијата на лицата со оштетен вид и создавање на еднакви можности за нив.

-Од самиот почеток на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, воспоставивме традиција секоја година да ја надополнуваме библиотеката на ДУРМДОВ "Димитар Влахов" со книги напишани на Брајово писмо. Овие книги се исклучително скапи и тешко достапни, бидејќи ги нема во слободна продажба. Оваа година дониравме три популарни дела од македонски автори, кои ќе го збогатат фондот на библиотеката и ќе овозможат учениците да уживаат во литература која е дел од нашето културно наследство. Брајовото писмо веќе 200 години е прозорец во светот за слепите и слабовидните лица. Затоа, ваквите донации не само што го олеснуваат нивното читање, туку значат и поддршка за нивната едукација, интеграција и личен развој. Дополнително, со нашата донација на вакви книги и во библиотеката во Домот на култура во Кисела Вода, овозможуваме овие книги да бидат достапни и за пошироката заедница, што претставува нов чекор во овозможувањето еднакви можности за сите.

Грижата за лицата со намален вид е приоритет во нашата општина. Во Кисела Вода се наоѓа првото целосно инклузивно основно училиште, каде што во дворот се поставени тактилни патеки за нивна полесна ориентација. Тактилни патеки поставивме и во општинската зграда, а натписите се напишани и со Брајова азбука. Сето ова е дел од нашите напори за намалување на маргинализацијата и овозможување еднакви можности за сите жители на Кисела Вода-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Книгите се во издаваштво на "Алдебаран“ од Струга, единствената издавачка куќа во Македонија што во рамките на својата дејност има сегмент за издавање публикации на Брајово писмо, соопштуваат од Општината.

Николовски: Проектите на СДСМ остануваат трајна вредност

Честитки за завршувањето на најголемиот проект во и околу Крива Паланка, проектот за изградба на новиот експресен пат од Страцин до Крива Паланка.

Денеска сум особено среќен и горд што го гледаме овој проект завршен и граѓаните од утре ќе може да го користат.

Овој регион беше регион којшто беше најмногу запоставен од државата и вие граѓаните тоа многу добро го знаете, но знаете и како се боревме за реализација на овој проект.

Во 2017 година Владата преку план за поддршка на североисточниот регион, реализираше огромен број на проекти, меѓу кои целосно рехабилитирање и обнова на целата патна инфраструктура од Скопје до Деве Баир, се реализираа многу проекти за обнова на сите регионални патишта но во Крива Палнка се инвестираше и во други сегменти.

Од 2018 година започна и реализацијата на овој нов капитален проект, за изградба на новиот експресен пат. До крајот на мандатот преку многу состаноци, многу труд, енергија, координации на сите институции, успеавме да завршиме над 90% од работите на овој значаен проект за граѓаните од целиот регион.

Додека ние правевме се да ја забрзаме работата опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Собранието го блокираше токму изградбата на овој значаен проект за граѓаните. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите оние кои учествуваа и даваа поддршка, од владата, министрите, на сите коишто даваа поддршка, директори на јавни претпријатија, градоначалници, инженери, изведувачи, до сите работници коишто деноноќно работеа на реализација на овој значаен проект за граѓаните.

Ова е проект којшто ќе влијае токму на економскиот развој на целиот регион, но особено значајно што ќе влијае на економскиот развој на Крива Паланка.

Да се радуваме на уште многу нови проекти, рече Љупчо Николовски, пратеник на СДСМ.

притисни ентер