Видео: Дончиќ повторно се повреди

 Најдобриот кошаркар на Далас маверикс, Лука Дончиќ, поради повреда го пропушти вториот дел од натпреварот од регуларната сезона во НБА лигата против Минесота.

Дваесет и петгодишниот Словенец три минути пред крајот на првото полувреме го напушти теренот со накривнување. Клубот на социјалните мрежи објави дека кошаркарот имал истегнување на мускулот на левата потколеница.

На овој натпревар Дончиќ за 16 минути на паркетот постигна 14 поени, забележа пет скока и две асистенции.

Словенечкиот кошаркар ги пропушти претходните два натпревара поради повреди на петицата.

Далас со биланс 19 победи и 11 порази во моментов се наоѓа на 4. место во Западната конференција на најсилната кошаркарска лига на светот.

Гори зграда во Лос Анџелес- прогласена е вонредна состојба во дел од градот (ВИДЕО)

Противпожарната служба во Лос Анџелес прогласи „вонредна состојба“ откако една зграда се запали утрово по локално време.

Пожар избувна во блокот 1200 на улицата Саут Хоуп, при што 17 противпожарни служби се борат со огнот, објави Си-Би-Ес.

Се очекува гаснењето на пожарот да потрае, а додека гаснењето продолжува тој дел од градот е затворен за сообраќај.

Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува дека целата зграда гори, додека чад се издига високо кон небото.

„На возачите им се препорачува да го избегнуваат овој дел од градот, соопшти противпожарната служба.

За среќа, во пожарот нема повредени.

Сиљановска Давкова: Да ги тераме ЕУ реформите, Европјанин се станува со почитување на правото

Ние треба да ги тераме европските реформи, Европа е наша татковина, таму ни е местото. 

Европјанин се станува со владеење на правото, со либерална економија, со борба против корупција и криминал, е сега почнуваат да излегуваат на виделина неверојатни нешта, за оние пред нас, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Според неа, формализирањето на европеизацијата ништо не носи и ако беа уставните промени гарант за европеизација, ние сега ќе претседававме со ЕУ. Таа смета дека во реалноста ниту Албанија, ниту Црна Гора се понапред од нас, а тоа, вели, го покажал и скрининг процесот.

-Триесет и шест амандмани за 30 години, крајно време е да ги мериме потезите. Јас не мислам дека доколку ние посегнеме по реформи, доколку ние си ги остваруваме Копенхагенските критериуми дека многу ќе изгубиме, ниту пак мислам дека ако речеме ајде и сега и уставни измени, па тоа е малку и спорно, бидејќи навредливо за пратениците да го менуваат Уставот по којзнае кој пат. Па тие ги претставуваат граѓаните. Ако 80 проценти од граѓаните имаат проблем со ваквиот начин на отварање на преговорите, јас морам да внимавам на легитимитетот, мене не ми извира легитимитетот од меѓународната заедница, туку од граѓаните. Јас не знам колку пати во Парламентот, а и било каде сме укажувале дека процедурата е гаранција за демократија. Не може некој да ја киднапира државата, да си ја присвои државата, тоа се случуваше, нагласи Сиљановска Давкова.

Претседателката истакна дека односот на ЕУ кон нас ќе се смени ако ние навистина опстоиме на реформите.

-Европската Унија покажала кретативност кога требало, може да посегне и сега по некое креативно решение, а мислам дека тоа ќе биде гаранција дека ќе биде загрозен процесот на проширување. И нема да остане овој преседан инспиративен за другите. Бидејќи веќе слушаме и од нашите соседи и од други, дека оваа приказна не е завршена, вели таа.

Сиљановска во однос на Реформската агенда за Планот за раст, вели дека имаме подобра легислатива од сите други во поглед на хармонизацијата на закободавството, а имаме и една од најдобрите оценки за Планот за раст.

-Мора да манифестирате политичка волја штом сте ја направиле агендата, интересно е што во случајот се работи за заедничко чекорење. Бидејќи и парите се врзуваат за успесите, тоа ве стимулира и на некој начин точно се предвидени активностите во институциите. Досега не сме имале таква прецизирана агенда, рече претседателката.

Во однос на уставните измени, Сиљановска Давкова повтори дека за тоа е неопходно двотретинско мнозинство.

-Претходната власт не убедуваше дека го има потребното мнозинство дури и дека прогресивни пратеници од опозицијата ќе застанеле зад нивните мудри одлуки. Тие тогаш ги прифатија, без да имаат согласност од опозицијата, затоа не може тоа така, да не зборувам за граѓаните... Претседателот на Собранието тоаш наспроти непочитување на процедурата за уставни измени, си тераше по свое, рече Сиљановска Давкова.

Египет загуби милијарди долари во Суецкиот канал поради судирот на Блискиот исток

Настаните во Црвеното Море и регионалните конфликти го чинеа Египет околу седум милијарди долари од приходите од Суецкиот канал оваа година, изјави денеска египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси.

Египет изгубил повеќе од 60 отсто од приходите од каналот во 2024 година во споредба со 2023 година, додаде Сиси во својата изјава, без да образложи детали за случувањата во регионот.

Јеменските Хути извршија речиси сто напади на бродови кои го преминуваа Црвеното Море во знак на солидарност со Палестинците во израелската повеќе од едногодишна војна во Газа.

Нападите ги принудија бродските компании да ги пренасочат бродовите од Суецкиот канал на подолги рути околу Африка, нарушувајќи ја глобалната трговија со одложување на пратките и зголемување на трошоците.

притисни ентер