Загина командант на елитната руска единица во напад кај Курск

Салим Мухарбетович Паштов, заменик командант на 810-та поморска бригада на Руската Федерација, е убиен во нападот на Лгов во областа Курск.

Ова го објави неговата сестра, заедно со други фотографии од војниците на оваа елитна бригада, на социјалната мрежа ВКонтакте.

Во моментот на нападот, Паштов бил на командното место во градот Лгов. Локалните медиуми потврдија дека цел на нападот на Вооружените сили на Украина било командното место на руската армија, за кое знаеле сите во градот.

Руските Телеграм канали пишуваат дека во зградата имало и други руски војници заедно со заменикот, од кои седуммина загинале. Веројатно станува збор за офицерскиот кор на бригадата кој бил задолжен за командување на единиците и издавање наредби.

Лгов се наоѓа на 28 километри од државната граница на Украина, што значи дека е во артилериски дострел. Според руските пропагандни медиуми, нападот бил извршен од повеќецевниот ракетен систем ХИМАРС.

Ден претходно, вооружените сили на Украина известија за успешен напад на командното место во Лгов. Русија го коментираше нападот, наведувајќи дека четири лица загинале, а пет се повредени.

810-та посебна гардиска бригада на поморската пешадија е елитна бригада на руската поморска пешадија. Седиштето на бригадата е во Севастопол, со еден баталјон во Темрјук.

Бригадата е формирана како 810-ти посебен поморски пешадиски полк во Севастопол во 1967 година за време на проширувањето на советската поморска пешадија.

Како да ги исчистите валканите седишта во автомобилот?

Одговорите се скриени во вашето домаќинство.

Автомобилските седишта се направени од исклучително цврсти ткаенини кои можат да издржат големи оптоварувања. Сепак, тие се чувствителни на мрсна храна или чоколадо, па дамките остануваат.

Како да ги отстраните? Покрај специјализираните алатки што можете да ги купите во продавниците, решението можеби се крие во вашето домаќинство.

Со дамки на седиштата можете да се борите со пена за бричење, вода во која ќе додадете малку оцет или ако не ви се допаѓа мирисот на оцет, сок од лимон, пишува Ревијахак.

Нанесете пена за бричење на делот од седиштето што е валкан или мрсен, почекајте една минута, а потоа темелно избришете ја целата површина со сува крпа.

Ако користите оцет, додадете малку од него во сад со топла вода. Можете да додадете и малку течен детергент за миење садови. Лесно намачкајте го валканиот дел од седиштето, а неколку минути подоцна избришете го со крпа натопена само во чиста вода и повторно, неколку минути подоцна, избришете сè со сува крпа. Истото важи и за сокот од лимон, кој можете да го користите наместо оцет.

Доколку овие домашни методи не го решат проблемот, сепак ќе треба да купите специјализиран производ или да го однесете автомобилот на професионално чистење.

Извор: Б92

Мегваер: Се гледа дека на Аморим му е тешко

Дефанзивецот Хари Мегваер ги разбира тешкотиите кои ги доживува менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим и неговиот стручен штаб, откри самиот тој по поразот од Вулверхемптон со 2-0 на „Молину“.

Головите во второто полувреме на Матеус Куња и Хуан Хи-чан ја направија разликата.

-Мислам дека беше навистина тешко за менаџерот и неговиот тим да дојдат, бидејќи тој нема сличен стил на стариот менаџер, тие бараат и сакаат нешто сосема спротивно. Веројатно им е тешко бидејќи знаат дека сакаат да работат со тимот на теренот и да ги подобрат работите, како принципите во одбраната, на пример“, изјави Мегваер за телевизијата на Манчестер Јунајтед.

Тој е на „Олд Трафорд“ од 2019 година и веќе на својот ремен има тројца менаџери на „црвените ѓаволи“./МИА

Прв случај на мпокс потврден во Косово

Националниот институт за јавно здравје на Косово (НИЈЗК) соопшти дека Лабораторијата за микробиологија го потврди првиот увезен случај на мпокс (поранешно име: мајмунски сипаници).

Случајот се однесува на маж (30 години), државјанин на Косово, кој беше хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести на УКЦК на 24.12.2024, по враќањето од западноафриканска земја, со симптоми како треска, осип на кожата на лицето и рацете и чешање – соопшти НИЈЗК. Пациентот е во стабилна здравствена состојба, се додава во соопштението.

НИЈЗК ги следеше сите контакти на пациентот и членовите на неговото семејство, на кои им беа дадени препораки за превентивни мерки и контрола на инфекцијата, изјавија од Институтот.

НИЈЗК ги предупредува граѓаните на внимателност, истакнувајќи дека заболените од Mpox обично имаат лесни до умерени симптоми кои траат од две до четири недели и целосно се опоравуваат.

Иако е потребна претпазливост, нема причина за паника, порачаа од Институтот.

притисни ентер