Вевчанскиот карневал повторно член на Федерацијата на европски карневалски градови

 Вевчанскиот карневал по 20 години, повторно е дел од Федерацијата на европски карневалски градови.

Вевчанскиот карневал, кој е првиот карневал од Македонија што стана член на оваа престижна федерација во 1993 година, според градоначалникот Спасе Кочовски, го изгубил статусот поради неплатена чланарина.

- Со посветеност и напор, минатата година ги исплативме сите обврски за членарина од изминатите 20 години и во согласност со Одборот на ФЕЦЦ, од оваа година, Вевчани повторно е полноправна членка на Федерацијата на европски карневалски градови. После 20 години повторно е на вистинското место, истакна Кочовски.

Преку членувањето на Федерацијата на европски карневалски градови, нагласи, се врши промоција на карневалот, а со тоа и на Вевчани.

- Покрај промоцијата, Вевчанскиот карневал ќе биде дел од повеќе европски карневалски манифестации. Ние како Општина сме горди што сме дел од оваа значајна мрежа и со нетрпение очекуваме нови можности за соработка, размена на искуства и зајакнување на традицијата на нашиот уникатен Вевчански карневал, подвлече Кочовски.

Вевчанскиот карневал, кој е нематеријално културно наследство, стар околу 15 века, се одржува на 13 јануари напладне со дефиле на маски на двете василичарски друштва Горна и Долна маала. По својата автентичност и уникатност се разлкиува од другите карневалски манифестации. Покрај традиционалните маски со зет, невеста, ѓаволи и глупави Августи неизостануваат маските инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања. Секое карневалско издание за вевчанци е доживување, тие ќе кажат се, но до дефилето не откриваат во што ќе се маскираат. /МИА

Во европска операција против перење пари и шверц на кеш запленети 2,7 милиони евра

Во операција на Европол против шверцување на кеш во земјите-членки на ЕУ откриени и запленети се 2,7 милиони евра во кеш.

Во акцијата претресени се над 300 патници на аеродромите, пристаништата, железничките станици и границите на ЕУ, како поштенските пратки, при што се запленети злато и накит, вклучително и 18 златни плочки во вредност од над 1,7 милиони евра.

Операцијата беше предводена од француската царина во соработка до Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ), а учествуваа и властите во Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија и Шведска. /МИА

ЦУК: Во последното деноноќие 2 271 повик на 112 и два пожара на отворено

Според ЦУК, пожари на отворен простор имало само два во последното деноноќие.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во последното деноноќие се регистрирани 2 271 повик, од кои „реални“ биле 55 отсто, а 45 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од „реалните“ повици, кон Полиција биле упатени 66,33 отсто , кон Итната медицинска помош 25,33, додека кон пожарникарите 1,67 отсто.

-Имало и 952 повика за итни случаи што е вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), наведува ЦУК.

Според ЦУК, пожари на отворен простор имало само два во последното деноноќие.

-Регионалниот ЦУК Струмица известува дека пожарникарите од ТППЕ Радовиш, од 14.30 до 15.20 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација на површина од околу еден декар во с.Калуѓерица и од Регионалниот ЦУК Тетово, информираат дека ТППЕ Гостивар имала една интервенција поради запалена бандера и просторот околу неа, во населбата „Питарница“, информира Центарот за управување со кризи.

Во текот на викендот се подигнати 65 кубни метри одложен отпад

Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани приближно 65 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Гази Баба и Кисела Вода. 

-Повторно е интервенирано на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што се подигнати 20 кубни метри претежно мешан комунален отпад одложен на јавна површина на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на детското игралиште, информираат од јавното претпријатие.

Во општината Чаир се отстранети и 15 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад на неколку локации во населбата Топаана, како и на булеварот Македонско-косовска бригада.

Екипите на Претпријатието во текот на викендот подигнаа и 10 кубни метри отпад одложен долж булеварот Александар Македонски.

Воедно, расчистени се и приближно 20 кубни метри кабаст и отпад од картонски пакувања одложени на јавни површини на улиците Димо Хаџи Димов и Невена Георгиевска-Дуња во скопската општина Кисела Вода.

притисни ентер