На планината Фуџи сè уште нема снег

 Крај на октомври е, а на јапонската планина Фуџи чијашто надморска височина е поголема од 3.700 метри, сè уште нема снег.

Јапонија, инаку, имаше едно од најжешките лета во историјата. Откако се бележи нивото на снежната покривка, ова е најдолгиот период во последните 130 години без снег. Инаку, тука снегот обично паѓа на почетокот на октомври, но поради невообичаено топлото време годинава снег воопшто нема, пренесуваат западните медиуми.

Занимливо е и тоа што температурата во јули и август била за 1,7 Целзиусови степени повисока од просечната.

Причината за топлото време и во јуни е северната положба на тн. суптропски млазен поток, којшто овозможува продор на топол јужен воздух над Јапонија. Млазниот поток е брза воздушна струја што патува низ планетата. Се создава кога потопол воздух од југ се сретнува со постуден воздух од север.

Температурите, следствено, надминаа 35 Целзиусови степени. Речиси 1.500 области беа погодени од екстремно топли денови, соопшти Јапонското метеоролошко друштво.

За дождот да се претвори во снег, температурата мора да биде околу нула.

Во октомври горештините малку попуштија, но сепак беа натпросечни.

Како што наближува ноември, а сè уште нема снег, тоа ќе биде „најдолгото чекање снег“ во една година од 1894. досега, кога почнале мерењата, соопштија властите.

- Претходниот рекорд - поставен на 26 октомври, се случи во 1955. и 2016 година, изјави метеорологот Јутака Катсута.

Иако еден настан не може директно да се поврзе со климатските промени, недостатокот на снег на Фуџи е токму она што климатските експерти го предвидуваат за глобалното затоплување.

Фуџи се наоѓа југозападно од Токио, и е највисоката планина во Јапонија со 3.776 метри надморска височина. Вулканот којшто последен пат еруптираше пред нешто повеќе од 300 години, е една од знаменитостите на Јапонија, и инспирација за многу уметнички дела. Меѓу јули и септември лани, на пр., повеќе од 220.000 луѓе се искачија на врвот. /МИА

Уште да им забранат да дишат- талибанците на жените им забранија гласно да читаат Куран

На жените во Авганистан им е забрането да се молат или гласно да го рецитираат Куранот пред други жени, според талибанскиот министер во владата.

Ова е последното ограничување за жените, бидејќи веќе постојат закони кои ги спречуваат да го кренат гласот и да го откриваат своето лице надвор од домот. Веќе по шесто одделение се исклучени од образованието, од многу јавни простори и повеќето работни места. Никој од Министерството за пороци и доблести не бил достапен да ги појасни забелешките на функционерот или да потврди дали и оваа забрана ќе стане дел од законот за моралност.

За време на настанот во источната провинција Логар во неделата, заменик-министерот за доблест Калид Ханафи рече: „Забрането е возрасна жена да рецитира стихови од Куранот пред друга возрасна жена. Дури и извикувањето на фразата „Алаху акбар“ не е дозволено“.

Тој потсети дека на жените не им е дозволено да го изведуваат езанот. „Значи, сигурно нема дозвола да се пее“, нагласи тој. Министерството ја сподели аудио снимката од неговиот говор на социјалните мрежи, но подоцна ја избриша, пишува Асошиејтед прес.

Министерството соопшти дека во тек е национална програма за подигање на свеста за законите. „Организирањето вакви програми ќе придонесе за обликување на јавната перцепција и зголемување на свеста за божествените одлуки“, додаваат тие.

Авганистанските провинции веќе им забрануваат на медиумите да прикажуваат фотографии од живи суштества, уште една контроверзна и нашироко критикувана карактеристика на законот за моралност.

Талибанците основаа министерство за „пропагирање на доблест и спречување на пороци“ по преземањето на власта во 2021 година. Оттогаш, министерството ги спроведува декретите издадени од раководството на Талибанците. Станува збор за прописи кои имаат непропорционално влијание врз жените и девојчињата, како што се кодекс на облекување, посебно образование и наоѓање машки старател при патување.

„Само Интервју“ со Димитар Ковачевски

Дами и господа утре во Само Интервју ќе гостува поранешнито премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Од очекување за победа, до историскиот пораз на изборите - што му пресуди на СДСМ- политиките и кадрите или пак односот кон ДУИ?

Европските интергации им беа главниот адут, но дали францускиот предлог е вистинскиот пат или стана ќорсокак? Како неговото НЕ во Брисел, стана ДА во Скопје, без претходен поширок консензус?

Филипче призна дека измените на Кривичниот законик беа грешка... Кој и зошто ја направи?

Какви реформи и требаат на државата, а какви на партијата?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува Димитар Ковачевски, по вестите во 18 часот.

Ја реновирале куќата, па во ѕидовите нашле купишта играчки (ВИДЕО)

Тиктокерот Конор Нијсе и неговата сопруга отстранувале дел од ѕидот во неговата столарска работилница кога наишле на бизарно откритие.

Конор и неговата сопруга живеат на островот Ванкувер во близина на западниот брег на Канада и објаснија дека ја купиле куќата пред една година. „Ние ја поседуваме куќата веќе една година и полека ја реновиравме. Ова беше еден од последните ѕидови од гаражата“, објаснија тие во коментарите под видеото на кое се гледа куп полнети играчки што ги нашле во ѕидот.

Шарената колекција на плишани играчки ги изненади сопствениците но и следбениците, а видеото стана вирално и собра 3,4 милиони прегледи. Луѓето во коментарите им пишувале дека не можат да поверуваат што пронашле сопствениците, а некои забележале плишани играчки од нивното детство и им понудиле да ги купат.

@c.c.woodwork Things you find… Part 1 #stuffedanimals #beaniebabies #reducereuserecycle ♬ original sound - Connor Nijsse

„Би го купил тоа кафеаво плишано мече долу десно! Мојот пријател има едно веќе 40 години и е прилично истрошено и се обидов безуспешно да го поправам“, напишал еден tiktoker, додека друг додаде: „Овие играчките вредат стотици долари“.

"Дали сум единствениот што жали за плишаните животни? Кога бев мал верував дека тие имаат чувства и ја заслужуваат мојата љубов и почит. Се надевам дека нема да бидат фрлени во ѓубре", напиша трет, додека четвртиот искоментира: „Само размислување за Toy Story и како препарираните животни сега викаат: Слободни сме! Некој дојде по нас!“

Откако го споделија своето необично откритие, парот во следното видео покажа како ги извадиле плишаните играчки од ѕидот и ги ставиле на маса.

@c.c.woodwork Part 2 - 110 stuffed animals used as insulation #stuffedanimals #renovatingourhome #fthisfarm ♬ MILLION DOLLAR BABY (VHS) - Tommy Richman

„Користеле играчки за изолација. Дали препознавате некоја од вашето детство?“ напишаа со видеото, а многу тиктокери коментираа дека такви играчки имале во детството.

притисни ентер