Велика Британија со построги санкции против работодавците кои ги експлоатираат странците

Велика Британија воведува построги санкции против работодавците кои експлоатираат странски работници.

Компаниите кои постојано ќе ги прекршат визните правила или ќе извршат сериозни прекршувања на законите за работни односи, како што е неисплаќање на минималната плата, нема да можат да ангажираат странски работници две години. Тоа е повеќе од сегашните 12 месеци, соопшти Владата.

Велика Британија отвори нова визна рута за работни места во сферата на социјалната грижа во 2021 година за да ги пополни илјадниците слободни работни места, но голем број фактори, вклучувајќи ги ниските плати и лошите работни услови, ги направија работниците мигранти во секторот поранливи на трудова експлоатација.

Речиси една третина од сите работници ангажирани во сферата на социјалната грижа во Англија се мигранти од земји како Индија, Нигерија, Зимбабве и Филипините.

Новата студија овој месец покажа дека речиси 200 даватели на социјална грижа во Велика Британија на кои им е дозволено да вработуваат странски работници, било откриено дека ги прекршиле законите за вработување.

Од јули 2022 г досега се укинати околу 450 дозволи кои им дозволуваат на работодавците да ангажираат странски работници во сферата на социјалната грижа, забележуваат агенциите.

Во Сирија убиен генерал на Иранската револуционерна гарда

Бригадниот генерал на корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) Киумарс Пурхашеми е убиен денеска за време на напад на терористичка група, наводно поврзана со Израел во сириската провинција Алеп, јави денеска иранската новинска агенција.

Бунтовниците предводени од милитантната група Хајат Тахрир ал-Шам во средата извршија упад во десетина градови и села во северозападната провинција Алеп контролирана од сирискиот претседател Башар ал-Асад, што е најголемиот напад на бунтовниците од март 2020 година кога Русија, која го поддржува Асад, и Турција, која ги поддржува бунтовниците, се согласи на прекин на огнот со кој ќе заврши долгогодишниот конфликт во кој загинаа милион Сиријци.

Со цел да се потисне офанзивата на бунтовниците, руската и сириската авијација денеска го бомбардираа северозападниот дел на Сирија. /МИА

Владата на последната седница ги потврдила условите за унгарскиот кредит

Владата и банките по неколку неделни преговори ги прецизираа условите за унгарскиот кредит наменет за бизнисот.

Парите од кредитот ќе може да се користат за -

„инвестиции во опрема, како што се машини и останата опрема;

- недвижности (погони, фабрики , деловни објекти за сопствена употреба);

- транспортни средства поврзани со производствениот процес;

- обновливи извори на енергија наменети за производство на енергија и

- нематеријални средства како што се инвестиции во развојот и софтвери.“

Исплата ќе се врши по доставена фактура од страна на фирмите кои ќе аплицираат, а ваквиот услов од Владата велат е со цел да се обезбеди соодветна контрола на искористување на средствата.

Фирмите кои ќе сакаат да земат кредит од оваа линија ќе мора да имаат 20 % сопствено учество од вкупната вредност на инвестицијата, а максималниот износ за една компанија е до 10 милиони евра. Од Владата велат средствата ќе бидат давани со фикасна каматна стапка од 1.95 % без надомест за одобрување и управување, а кредитот ќе се враќа во рок од 15 години со 3 години грејс период, и квартална отплата по завршување на грејс периодот.

„Средствата од кредитната линија за финансирање на инвестициите и развојот на приватните трговски друшва ќе бидат наменети за финансирање на дејност производство...Имајќи предвид дека БДП е проектиран на 16 милијарди станува збор за 5 % од БДП средства кој што очекуваме да бидат инвестирани оваа и следната година, тоа е алатка со која ќе се бориме против евентуалната економска криза и со која ќе ја придвижиме економијата во целост.“ -изјави Марија Митева – портпарол на Влада.

Од Влада велат сега Министерство за финансии сега треба парите да ги префрли на Развојната банка, која подоцна ќе треба да склучи договори со комерцијалните банки, по што парите ќе им се стават на располагање на фирмите. Од владата очекуваат овој процес да се заврши што поскоро.

Но и натаму останува не јасно кој од банките ќе бидат дел од овој проект. И од Владата и од МБА велат најголем дел од банките се согласни да учествуват во кредитната линија – но кој се ќе биде дел засега нема детали, точната листа ќе се знае откако ќе се склучат договорите со Развојната банка.

„Кончените информации ќе ги имаме кога ќе знаеме дека Управниот и Надзорниот одбор на секоја банка ги разгледала и одобрила условите за соработка, по што ќе се потпише договор со Развојната банка, која дејствува како агент за оваа конректна кредитна линија.“- МБА.

Основната камата од 3,25% на Унгарија ќе и се враќа со пари од буџетот, во истиот временски интервал.

Бугарските пратеници и во седмиот обид не избраа претседател на Народното Собрание

Пратениците и во седмиот обид денеска не избраа претседател на 51. Народно собрание на Бугарија. 

Номинираните за функција повторно беа четворица пратеници, а овој пат до крајното гласање стигнаа Раја Назарјан (ГЕРБ-СДС) и Силви Кирилов („Има таков народ“), меѓутоа ниту еден од двајцата не го собра потребниот број гласови за да биде избран.

Во вториот круг, 118 пратеници го поддржаа Силви Кирилов, 103 беа „против“, а 17 воздржани. Во прегласувањето што го побара ИТН, тој доби 117 гласови за поддршка, 104 пратеници беа „против“, а 17 воздржани. Пред самото гласање пратениците од „Демократска Бугарија“ најавија дека ќе му дадат еднократна поддршка на Силви Кирилов за претседател на Собранието.

Раја Назарјан доби 69 гласа „за“, 159 „против“ и 10 „воздржани“./МИА

притисни ентер