Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино

ОВР Неготино до Основно јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против Љ.Т.(66) од Неготино осомничен за кривично дело „демнење“.

МВР соопшти дека пријавениот подолг период „следел и прогонувал 41-годишен вработен како началник во ОВР Неготино“, се мешал во неговиот приватент живот, на неговата сопруга и двете малолетни деца. Тоа било утврдено по преземени мерки и активности од Надворешната канцеларија за криминалистички равоти при ОВР Неготино.

Пријавениот во повеќе наврати воспоставувал и настојувал да воспостави контакти со оштетениот движејќи се во службените простории на ОВР Неготино и во центарот на градот Неготино и речиси секој ден го следел движењето на началникот на ОВР Неготино.

-Доаѓал во ОВР Неготино, постојано го барал, а кога не го добивал, го чекал пред вратата на неговата канцеларија, како и пред ОВР Неготино, постојано му ѕвонел на мобилниот телефон, снимал и објавувал видеоклипови на социјални мрежи со навредливи и содржини со кои имал намера да му наштети на угледот. Со ваквото однесување, пријавениот го сторил делото за кое е поднесена пријавата, информира Министерството за внатрешни работи.

Силен земјотрес од 5 степени ја стресе Турција, нема извештаи за настрадани (ВИДЕО)

Турција денеска беше погодена од земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил во провинцијата Елазиг на длабочина од 16 километри, објави порталот „Хуриет“.

Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја, потврди дека земјотресот се случил и дека екипи на итните служби и надлежни институции почнале да го скенираат теренот:

„Засега немаме негативни состојби. На граѓаните погодени од земјотресот им даваме целосна поддршка. Господ да ја заштити нашата земја и нашиот народ од катастрофи“, се наведува во соопштението.

Штип го одбележува Денот на ослободувањето

По повод Денот на ослободувањето на Штип денеска на свечена седница на Советот на Општината беа доделени Осмоноемвриските признанија на 12 граѓани и Здруженија за исклучителен придонес и развој  на градот. 

Пилотите Методка Стојанов, Драган Јовановски, Здружение за социјална инклузија, Стојан Арсов, Марија и Стојан Димкови, Иван Костевски, Виктор Велинов, Кирил Кузманов, Јасмина Чанева Лазовска, Методи Хаџи Јанев, Ликовно студио колорис Штип, Мишко Џидров ги добија највисоките признанија на Општина Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека Општина Штип има задача да работи и да го испорачува резултатот, кои граѓаните го очекуваат. Вели дека изградбата на нови спортски терени, уредување на нови паркови, развој во образованието, културата и спортот претставуваат активности на кои интезивно се работеше во изминатите три години.

-Како одговорна самоуправа имаме задача да работиме деноноќно и да го испорачаме резултатот, кои граѓаните го очекуваат од нас, а асфалтирањето на улиците, промената на водоводната и канализациона мрежа. Изградбата на нови спортски терени, уредување на нови паркови содржини, развојот во образованието, културата и спортот претставуваат активности на кои интезивно работиме во изминатите три години,, истакна Јорданов.

Инаку, доделувањето на признанијата за исклучителен придонес за развој на градот градот се доделуваат секоја година, а истите имаат за цел да ги истакнат најдобрите. Осмоноемвриската награда се доделува на секои пет години.

Во Штип денеска се одржаа и традиционалните 23. Митровденски средби, на коишто беа промовирани новите доктори на науки, кои докторирале во изминатата година. Адријана Хаџи-Николова, Емилија Рамбабова, Верица Тонева-Стојменова, Сандра Атанасова, Драгана Папарова, Наташа Мирославева и Мила Митрева докторители во областа на филолошките, стоматолошките, информациски, правни и економски науки меѓу двата Митровдени.

притисни ентер