Де Брујне: Во наредните месеци ќе биде дефинирана мојата иднина во Манчестер сити

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне го сподели своето мислење за неговата иднина во премиерлигашот.

-Ќе имам мирно лето. По Европското првенство ќе уживам во одморот, а потоа ќе се вратам во Манчестер сити. Може да има преговори со клубот во наредните месеци, го цитира играчот новинарот Кристоф Тере.

Денеска, 1 јули, репрезентацијата на Белгија ќе игра против Франција во осминафиналето на Европското фудбалско првенство 2024. Средбата во Диселдорф е закажана за 18 часот.

Договорот на 33-годишниот Белгиец со Манчестер сити е со важност до летото 2025 година.

Трипуновски: Заедно ќе ги решаваме проблемите на производителите на жито

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски после интензивните состаноци изминативе денови излезе со информација за откупот на жито од реколта 2024 година.

- Агенцијата за стокови резерви ќе набави 15.000 тони пченица исклучиво од македонско производство нема да бидат од увозен карактер, вчера на седница на Влада беше стопирана одлуката за објавата за набавка се со цел да се сменат сите правила на игра за да биде македонската пченица таа што ќе биде откупена. - изјави Трипуновски.

Дополнително ќе биде продолжен рокот на мерката за складирање на пченица и јачмен се со цел да се излезе во пресрет на сите оние земјоделци коишто нема да можат да ја предадат својата пченица.

Трипуновски напомена дека будно ќе го следи процесот на жетва и откуп на лебно жито бидејќи земјоделците имаат посветен партнер кој се грижи да тие бидат задоволни од тоа што го обработуваат.

- По завршување на оваа жетва веќе ќе работиме на структурни промени се со цел идната реколта 2025 година да немаме вакви проблеми, да секоја година во текот на жетвата се решаваат ситуациите и се дефинираат цените, тоа значи структурни реформи коишто ќе бидат на пиедестал земени земјоделците, сите оние проблеми коишто ги имаат и во делот на субвенционирањето и во делот на мерките проектите се со цел да имаме производна година којашто ќе биде предвидлива, а не како досега да во текот на жетвата се дефинираат работи. - заврши Трипуновски, соопштуваат од МЗШВ.

Пеколно во Калифорнија: Беснеат пожари, температурата над 47 степени (ВИДЕО)

Калифорнија ја зафати бран опасно високи температури кои се искачија и над 47 Целзиусови степени!

Вкупно 90 милиони луѓе се загрозени, додека 13.000 мораа да бидат евакуирани поради серија пожари.

Како што пренесува Dailymail, се очекува ситуацијата да се влоши пред претстојниот викенд кога се слави Денот на независноста (четврти јули) низ САД.

Невообичаеното време, според Националната метеоролошка служба, било предизвикано од бран на висок притисок веднаш до западниот брег во комбинација со посебен топлотен бран во областа од Канзас и Мисури до државите на Заливскиот брег.

Под топлотен бран е и Сакраменто, главниот град на Калифорнија. Температурата се искачи на 46,1 Целзиусови степени, додека во Палм Спрингс беше измерена дури 47,2 степени.

Топлотниот удар создаде идеални услови за шумски пожари. Црвениот аларм е во сила низ Калифорнија, додека извештаите за шумски пожари се зголемуваат. Во округот Буте, околу 130 километри северно од Сакраменто, наредена е евакуација на 13.000 луѓе.

Колони возила има на патиштата од очајни луѓе кои се обидуваат што поскоро да ја напуштат загрозената област. Пожарникарите се обидуваат да го спречат пожарот да стигне до домовите, а во гаснењето им помагаат и хеликоптери.

Од кабинетот на гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, беше соопштено дека федералните власти ја одобриле помошта и дека е активиран Државниот оперативен центар за координација.

Метеоролозите велат дека ветрот го насочил чадот од пожарот кон Сакраменто, што дополнително ја влошува ситуацијата.

Се проценува дека топлотниот бран минатата година доведе до прерана смрт на најмалку 2.400 луѓе во САД. Агенцијата АП објави дека оваа бројка е веројатно многу поголема.

"Топлинскиот удар изгледа како мозочен удар. Главоболка, заматен вид и оток. Тоа е многу опасно. Не се изложувајте на сонце, носете капа и лесна облека. Пијте многу вода", рекол д-р Артур Џеј од Сакраменто ЕМС.

Бугарија имаше 6 избори за 3 години, денеска пропадна обидот за состав на нова влада

Мандатарот за формирање бугарска влада Росен Жељазков од централно-десничарската партија ГЕРБ денеска не успеа да обезбеди поддршка во парламентот, што ја пролонгира политичката криза во таа земја.

Бугарија е најсиромашната членка на Европската унија и една од нејзините најкорумпирани земји, објави Ројтерс.

Земјата е зафатена од проблеми со ротирачките влади откако антикорупциските протести во 2020 година придонесоа за колапс на коалицијата предводена од ГЕРБ.

Претседателот Румен Радев во понеделникот му даде мандат на Жељазков да формира нова влада по новите неубедливи парламентарни избори минатиот месец - шести во последните три години - но на ГЕРБ ѝ требаше поддршка од најмалку уште две партии за да ја обезбеди поддршката од 240-члениот парламент.

Предлогот на Жезљазков за малцинска влада денеска во рамки на гласањето го поддржаа 98 пратеници, а против гласаа 138. Ваквиот исход од гласањето ги зголемува шансите да се одржат нови избори во Бугарија.

Се очекува во наредните денови Радев да го додели мандатот за формирање влада на друга партија, но и тој потег тешко дека ќе успее.

На Бугарија ѝ треба период на стабилна и добро функционална влада за да го забрза протокот на средства од ЕУ во дефицитарната инфраструктура на земјата, како и да ја придвижи земјата кон пристапување во еврозоната и целосно учество во отворената европска Шенген зона.

Плановите на земјата за влез во еврозоната веќе двапати беа одложувани поради неисполнети цели во услови на инфлација.

притисни ентер