Усик и во реваншот го совлада Фјури

Украинецот Олександр Усик ги одбрани титулите светски првак во тешка категорија во верзиите WBA, WBO и IBO со едногласна победа над Британецот Тајсон Фјури во реваншот одржан синоќа во Ријад.

По оваа борба, Усик остана непоразен во 23 професионални борби, од кои 14 победи со нокаут, додека Фјури има 34 победи, а единствените два порази ги претрпе од украинскиот боксер.

Триесет и седумгодишниот Украинец синоќа славеше со 116:112 во бодувањето на тројцата судии.

„Фјури е исклучителен боксер, зад нас остана голема борба. Но, јас сум исклучително среќен, зад мене имам серија исклучителни борби и одлична кариера“, изјави Усик.

Фјури по мечот инсистираше дека Усик добил предвремен божиќен подарок и ја оспори едногласната победа на Украинецот во поени.

„Почувствував малку божиќен дух и мислам дека доби мал подарок од судиите. Ран божиќен подарок“, рече Фјури, кој ја загуби првата борба од Украинецот со поделена одлука на судиите во мај.

„Бев убеден дека ја добив таа борба. Мислам дека ги добив двете борби, но дома си одам со два порази. Секогаш ќе верувам до денот кога ќе умрам дека ја добив таа борба“, додаде Британецот.

ДУИ: Граѓаните се загрижени за случувањата на детската клиника

По СДСМ И ДУИ денска на прес-конференција со низа обвинување за случувањата на детската клиника.

Во време кога насловните страници на вестите известуваат за трагичната смрт на 20 деца за само шест месеци во Детската клиника во Скопје, раководството на оваа клиника избира да објавува фотографии од предновогодишни прослави финансирани од буџетски средства, прогласувајќи ја годината за „успешна“ велат интергративците.

Традиционална средба на скопјани со кумот и здравичарот на овогодишниот Бадник на Водно

Одборот за прослава на Бадник во Скопје ги претстави новиот кум за Бадник 2025, Раде Макеларски и здравичарот Атанас Петров.

Двајцата напоменаа дека огромна е честа што оваа улога, годинава им припадната токму ним.

Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски кажа дека се е подготвено за централната прослава на 6-ти јануари на платото пред Соборниот Храм.

Манифестацијата помина во знакот на веселбрата, со посна храна и многу музика. Меѓу посетителите имаше и такви кои за прв се дојдени, нои некои кои се тука секоја година.

Омерагиќ: Милевски останува селектор

Македонската фудбалска репрезентација со актуелниот селектор Благоја Милевски ќе ги почне мартовските квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

Ова доаѓа откако новоизбраниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Масар Омерагиќ изјави денеска дека Милевски, засега, останува на селекторската должност.

„Во овој момент не размислуваме за промена на селекторската позиција. Реалноста е дека, и покрај кризата во играта, ние завршивме како први во групата, што е значаен успех. Нема да преземам никакви нефудбалски потези кои можат да ја нарушат стабилноста на тимот.

Омерагиќ најави дека иднината на Милевски ќе зависи од постигнатите резултати.

„Нашата репрезентација има важни квалификации во март, и сè ќе зависи од резултатите и квалитетот на играта понатаму За сите во фудбалот, па и за мене истото ќе важи и за селекторите – а тоа се резултатите. Во моментов Милевски е селектор на А-репрезентацијата и не планирам во тој поглед никакви промени. Нормално дека во иднина сè ќе зависи од резултатите и игрите кои ќе ги прикажат репрезентативците“, рече Омерагиќ.

притисни ентер