Умирала на креветот додека нејзиното бебе плачело во креветчето

Собрала сили и го грабнала телефонот!

Приказната на Хедер Ен Нејпс ќе ве натера „да си го ставите прстот на чело“ и повеќепати да се запрашате каков живот водите, особено со вашите деца.

Хедер Ен Нејпс е дизајнер на ентериер и мајка на едно девојче, таа доживеала момент што ја натерал да го согледа сопствениот живот од сосема нова перспектива. Додека поминувала низ она што верувала дека се нејзини последни моменти од животот, Хедер пронашла нова смисла - да ги инспирира другите да ги променат своите приоритети и да реализираат приказна на која би биле горди.

Се започнало кога Хедер четири дена страдала од силни главоболки кои никако не можела да ги ублажи. И покрај уверувањето на докторот дека ѝ е добро, среде ноќ почувствувала нешто што го опишала како „пукање“ во главата.

- Исто толку ненадејно како што се појави, главоболката исчезна сосема ненадејно, но придружена со чувство на топлина кое се ширеше низ мојата глава. Бев сигурна дека тоа е крајот – се присетила Хедер, а за тоа пишувал и порталот Фејтит (Faithit).

Додека ја чекала брзата помош во агонија, истовремено слушајќи го своето бебе како вреска во креветчето, Хедер некако собрала сили да го зграби телефонот. Целосно вознемирена му рекла на сопругот да ја вклучи камерата.

-Седев на тепихот, се нишав и се обидував да ѝ кажам зборови со полно со љубов на ќерка ми, мислејќи дека никогаш нема да ме запознае или да ме памети. Во тој момент слушнав како по краток период на смирување повторно се разбуди и силно заплака. Меѓутоа, бидејќи бев уверена дека умирам, почнав да велам: „Душо моја, јас сум твојата мајка. Те сакам многу“ – продолжила таа.

Набрзо пристигнала брзата помош, а болничарите дале сè од себе да ѝ го спасат животот. За неа, пак, тоа била можност да го согледа својот живот од сосема поинаква перспектива, поточно од перспектива на тоа што би се случило со нејзините најблиски, особено со нејзината ќерка, доколку умрела таа вечер.

Хедер го преживеала овој страшен момент, но ова искуство неповратно ја променило.

- Животот ми се промени таа вечер. Сфатив дека ќерка ми би ме паметела по она што би го оставила зад себе: слики, пораки и зборови што другите би ги кажале за мене. На пат кон болницата се прашував што би кажале за мене. Не ми се допадна одговорот – признала таа.

Решила да ја преземе контролата врз сопствениот живот и да го промени она што би го оставила зад себе.

- Како мајка, како некој што оди по оваа земја, ве прашувам, што би се зборувало за вас кога ќе ве нема? Дали сте добри? Дали сте мили? Грижливи? Полни со љубов? Јас, сум. Но дури сега, рекла Хедер.

Денес, речиси две години по тој трауматичен настан, Хедер работи на сопствениот напредок, на здравјето и односите.

- Способноста да замените еден негативен коментар со позитивен може да ви го промени животот. Живејте! Оставете ги вашите мобилни телефони! Разговарајте со личноста пред вас. Придржете им врата на луѓето! Насмевнете се ако очите ви сретнат некого. Заблагодарувајте се. Замолете! Прегрнувајте! Поделете комплименти на другите и на себеси. Сакајте се! Никој нема да се сеќава кој конфекциски број на панталони сте ги носеле, но ќе се сеќава какви сте биле во нив. Одете лесно! Зборувајте храбро! Сакајте нежно! Смејте се на глас! Јавете се кај личноста на која ќе се сетите! Дозволете си да бидете среќни за другите и што е најважно, бидете среќни за себе, низ секоја фаза и секој чекор од вашиот живот. Животот не мора да биде совршен за да биде совршен. Сакам ќерка ми да ме памети како личност која се смеела и уживала во секој момент што го добила на овој свет – заклучува таа.

Големиот војвода од Луксембург абдицира по 24 години поминати на тронот, поданиците шокирани

Големиот војвода од Луксембург абдицирал од тронот во изненадувачки потег на католички Бадник.

„Изминатиот четврт век беше исполнет со предизвици, можности и надежи за подобра иднина: технолошки и економски напредок, општествени промени, но и многу конфликти“, рече великиот војвода Анри (69), во својот говор на Бадник по 24 години на тронот, пренесува УПИ.

„Сите тие беа моменти што нè натераа да размислуваме и нè зближија како нација“, рече големиот војвода Анри во заминување, кој ќе се повлече во корист на својот син, принцот Гијом (43) на 3 октомври 2025 година.

Во октомври 2012 година, Гијом се ожени со принцезата Стефани де Ланоа, белгиска грофица која ќе стане новата голема војвотка. Двојката има два сина, од кои едниот најверојатно ќе го наследи тронот еден ден.

Анри го следи примерот на неговиот покоен татко, Големиот војвода Жан, кој исто така абдицира по 36 години, за време на говорот на Бадник во 1999 година.

„Кога денес се навраќам на минатите речиси 25 години, тоа го правам со длабока благодарност и понизност“, рече Анри. „Тоа беше период во кој Луксембург постигна голем напредок и мило ми е што можев да бидам дел од тоа патување заедно со вас и мојата сопруга, големата војвотка Марија Тереза.“

Се чини дека ова било планирано некое време, откако во јуни беше објавено дека Гијом ќе ја преземе улогата на неговиот татко во управувањето.

Под уставната монархија на Луксембург, големиот војвода или војвотката имаат главно церемонијална улога. Сепак, шефот на државата мора да потпише закони пред тие да станат конечни и има моќ да го распушти парламентот.

Оваа абдикација следи неколку други во последниве години меѓу европските круни, како што се Шпанија, Белгија и Холандија, во поновата тенденција на отстапување место на помладите членови на кралските семејства. Најсвеж пример беше данската кралица Маргарет Втора, која објави дека абдицирала во декември минатата година. Пример е и Британија по смртта во 2022 година на кралицата Елизабета Втора, која имаше најдолго владеење на британски монарх, владееше 70 години.

Во октомври, Гијом беше именуван за заменик на големиот војвода Анри на церемонија во Палатата на Големиот војвода во Луксембург.

Во вторникот, Анри рече дека за време на неговото владеење, Луксембург „останал обединет“ за да ја направи земјата со повеќе од 650.000 жители „поприемлива и поодржлива“.

„Секогаш сме преземале насочени мерки за никој да не биде запоставен или исклучен“, додаде тој. „Силата, па дури и иднината на нашето општество лежи во неговата способност да покаже солидарност.“

„Цврсто верувам во следната генерација, која ќе ја преземе одговорноста за свет кој се надеваме дека ќе биде помирен и поодржлив“, рече Анри во вторникот. „За поголемиот дел од мојата генерација, сега е време да се пензионирам. Тоа е природен процес“, заклучи големиот војвода Анри.

Судот во Москва го казни ТикТок со 3 милиони рубљи поради кршење на закон за информации

Московскиот суд денеска нареди TikTok да плати казна од три милиони рубли (26.610 евра) за кршење на руските законски ограничувања за дистрибуција на одредени видови информации, соопшти судот.

Во судското соопштение не е прецизирана жалбата против кинеската компанија.

- Со судска одлука, TikTok Pte. Ltd е прогласен за виновен за извршен административен прекршок од Дел 2 од член 13.41 од Кодексот за административни прекршоци на Руската Федерација (Повреда на постапката за ограничување на пристапот до информации) - соопшти судот, пренесува РИА Новости.

Ирански репрезентативец чека да му ја изречат казната, откако прегрнал навивачка

Репрезентативецот на Иран, Рамин Резаиан, може да биде казнет откако бил виден како се гушка со навивачка пред натпреварот на неговиот Естеглал во тамошната лига.

Имено, од 1979 година, според исламскиот закон, физичкиот контакт меѓу маж и жена е забранет, само ако не се блиски роднини.

Етичкиот комитет на Иранската фудбалска федерација отвори постапка против Резаеиан. Тој бил поканет на рочиште каде ќе може да ја претстави својата страна од настанот, а потоа ќе му биде изречена казна. Засега не се знае точно колкава ќе биде казната, но се шпекулира за суспензија на еден или повеќе натпревари и финансиска казна.

Иранските медиуми пишуваат дека капитенот на Естеглал, Хосеин Хосеини имаше слична судбина минатиот април. Тој бил суспендиран на еден натпревар и морал да плати казна од околу 4700 евра.

притисни ентер