Претставен е спортски компакт со потпис на Ферари (ВИДЕО)

Најновата преработка го воведува Ферари во светот на компактните хот-хечеви.

Се разбира, земете го терминот компакт со резерва бидејќи во основа тоа е кросоверот Purosangue на Ferrari. А за тој автомобил навистина е тешко да се каже дека е компакт. Оваа екстремна модификација не е потпишана од Mansory, но целта е слична - да се понуди автомобилот на клиентите во Дубаи.

Purosangue е придвижуван од 6,5-литарски V12 мотор, кој по преработката стана уште поатрактивен и со цена на ниво на суперспортски автомобил со централно поставен мотор. Обработката ја потпишува Venuum, а од фотографиите е јасно зошто го носи името Black Edition.

Компанијата ја промени надворешноста со инсталирање на нови карбонски делови, особено напред, каде доминира поагресивно исечениот браник. Сепак, највпечатлив дел е предниот капак со атрактивно исечени облини. Автомобилот е опремен со бандажи од 22 инчи напред и поголем број назад.

За краен впечаток автомобилот е спуштен, па на крајот остава впечаток на хот-хеч, а помалку на спортски кросовер.

Погледот во кабината сè уште не е достапен, но лесно е да се замисли насоката во која се одвиваше преработката. Во секој случај тоа е производ кој без разлика на цената сигурно лесно ќе го најде патот до купувачите.

Обвинение за Мерко за поттикнување на етничка омраза и раздор, одземен му е пасошот

Дузината обвиненија за Рамиз Мерко резултираа со одлука на Судот да му биде одземен пасошот и секоја недела да се јавува во суд.. 

Рамиз Мерко остана без пасош- судот во Струга го прифати предлогот на обвинителството за определување мерки на претпазливост кои вклучуваат и обврска струшкиот градоначалник една неделно да се јавува во судот. Од јавното обвинителство соопштија дека ова следува поради опасност од бегство, откако Мерко доби уште едно, девето обвинение. Се работи за кривично дело откако на почетокот на годинава надвор од сите процедури пред општината беше поставена спомен плоча испишана само на албански јазик, поврзана со фашистичкиот период во кој Струга била под италијанска окупација. Со тоа тој поттикнува етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, велат од обвинителството.

„ Имајќи предвид дека обвинетиот е долгогодишен јавен функционер, против кого ОЈО Струга во краток временски период годинава поднесе повеќе обвиненија и веќе води осум судски постапки за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и Несовесно работење во службата, надлежниот јавен обвинител оцени дека постои реална опасност обвинетиот да се обиде да го избегне кривичниот прогон. Со последното поднесено обвинение вчера, во основните судови во Струга и во Битола, против обвинетиот ќе се водат вкупно девет активни судски постапки, при што во секоја од нив му е запретена и затворска казна. “ – соопштија од јавното обвинителство.

Според коалцијата „Вреди“, Мерко и неговите сопартијци не можат повеќе да се спасат, како што велат, од обвинителството, судовите и МВР кои некогаш ги штителе. „ ДУИ нон грата се урива како кула од карти! Оние кои 20 години ја упропастија државата со корупција и криминал денеска се соочуваат со правдата. Артан побегна, Прпарим исчезна, Мерко нема пасош, а ќелиите се дезинфицираат за да ги пречекаат сите! “ – велат од „Вреди“.

Инаку, Рамиз Мерко е првиот функционер од ДУИ кој лани во јуни беше ставен на американската црна листа поради вмешаност во значителна корупција, злоупотреба на фондови и мешање во судството.

ИДФ почна нова акција против Хамас на северот на Појасот Газа

Израелската дивизија Газа и бригадата Нахал синоќа започнаа нова операција против Хамас во Беит Ханун на северот од Појасот Газа, соопшти денеска израелската армија (ИДФ).

ИДФ наведува дека операцијата се спроведува „по добиени разузнавачки информации за присуство на терористи и терористичка инфраструктура во областа и како дел од напорите да се обезбеди безбедност на жителите на пограничните заедници“, пишува Тајмс оф Израел.

Во соопштението на ИДФ се вели дека пред влезот на израелските копнени сили во областа, борбените авиони и артилериските сили извршиле бројни напади насочени кон групи на оперативци на Хамас и локации што ги користи милитантната организација, се вели во соопштението на армијата.

Неапол е прогласен за град со најдобра храна на светот во 2024 година (ФОТО)

И оваа година, Tasteatlas објави листа на 100 најдобри јадења и кујни во светот, како и листа на градови и региони со најдобра храна во светот.

Италијанскиот регион Кампанија е прогласен за регион со најдобра храна во светот, а град со најдобра храна на светот повеќе не е Рим, како што беше минатата година, туку Неапол.

Дури шест италијански градови се најдоа во топ 10 – Неапол, Милано, Болоња и Фиренца на првите четири места, Рим на шестото место и Торино на деветтото место, а од останатите градови Мумбаи е на петто место , Париз на седмото место, Виена на осмото и Осака на десеттото.

Неапол е победник, а за разлика од Рим, кој минатата година беше оценет како град со најдобра храна во светот со високи 4,93, Неапол доби највисока можна оценка, 5,00. Родниот град на пицата одамна е познат како еден од најдобрите градови за сите оние кои сакаат добро да јадат, а најмногу е познат по овие јадења.

Пица Наполитана, пица Маргерита, пица маринара, пржена пица фрита и калзоне пица се само дел од јадењата карактеристични за областа Неапол, а овој град е познат и по друг вид пица - пица монтанара е всушност пржено тесто за пица, прелиено со маринара сос, со сирење и босилек, кој пред послужување кратко се става во рерна.

Освен по пицата, Неапол е познат и по тестенините, а од овој град потекнува и јадењето кое Италијанците често го јадат на Бадник, шпагети ал фонголе. Неколку познати италијански десерти доаѓаат од Неапол, вклучувајќи пастиера, пита со бобинки, рикота и крем за пециво, збогатена со зашеќерена кора од портокал, како и зеполе, специјалитет од пржено тесто кое обично се прекрива со шеќер и може да се наполни со крем.

притисни ентер