УХМР: Преку ден сончево со мала до умерена локална облачност

Максималната температура ќе достигне од 17 до 23 степени.

Наутро во дел од котлините со појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје наутро во делови од котлината со појава на слаба магла, а преку денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.

Утрински температури низ градовите во Макеоднија.

-3 Берово, 0 Лазарополе, 1 Битола, 2 Струмица, 3 Крива Паланка, Тетово, Штип, Маврови Анови, Попова Шапка, 4 Скопје-Петровец, Прилеп, 5 Охрид, Претор, Демир Капија, Крушево, 6 Виница, Велес, Кавадарци, 8 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 9 Гевгелија.

Кина се подготвува за тајфунот Конгреј

Тајфунот Конгреј ослабе во текот на ноќта и стана тропска бура, а прогнозите покажуваат дека денеска ќе донесе обилни дождови и ветрови во Шангај и другите делови на источниот брег на Кина.

Оваа бура вчера како тајфун мина низ Тајван, предизвикувајќи лизгање на земјиштето, и оштетување на патишта и домови.

Во Тајван синоќа од последици од тајфунот загинаа две лица, а повеќе од 500 беа повредени, пренесе Ројтерс.

Тајфунот Конгреј попладнево би можел да стигне до провинцијата Жеџијанг, соопшти Националниот метеоролошки центар. Поради невремето, провинцијата Жеџијанг и соседниот Фуџијан прекинаа неколку фериботи.

СДСМ: Освен лажните сертификати, Христовски нема ниту 5 години стаж на раководна позиција

Скандалот со незаконското поставување директор на АНБ се проширува.

Документи доставени до нас од свиркачи покажуваат дека Бојан Христовски нема вкупно 5 години стаж на раководна позиција, што е законски услов за да може да биде директор на АНБ

Станува збор за изводи од Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување, од кои со малку математика може да се оспори и главниот услов за негово назначување.

Медиуми во Македонија и во Бугарија веќе покажаа дека Христовски нема ниту вистински сертификат за Англиски јазик, што е исто така законски услов кој не е исполнет.

За да стане директор свесно употребил фалсификуван документ и тоа е кривично дело.

Во меѓувреме се редат кривични пријави за лажни сертификати. Се дозна дека две директорки се веќе казнети за лажни сертификати од истото место каде што е сертификатот на Христовски, компанијата Јулија ЦО ЛТД.

Ова се премногу спорни моменти и незаконитости и надлежните институции нема што да чекаат туку треба веднаш да постапуваат, МВР да му поднесе кривична пријава на Христовски а Обвинителството што побрзо да го расчисти целиот случај.

Законот мора да се почитува а професионализмот на АНБ да се заштити.

СДСМ.

Утре дел од Аеродром без струја

Поради планирани прекини во електроснабдувањето утре (сабота), без електрична енергија ќе бидат следните корисници:

- Во период од 09:00 до 14:00 часот дел од корисниците во Управа за контраразузнавање, Тодор Александров и Славејко Арсов (општина Аеродром).

притисни ентер