Дали одите во тоалет „за секој случај“ пред да тргнете некаде?

 Еве зошто треба веднаш да престанете со тоа!

Стручњаците велат дека непотребното празнење на бешиката кога не е полна може да предизвика далекусежни последици на нејзиното функционирање.

Уринирањето „за секој случај“ изгледа како паметна идеја, особено ако не знаете кога ќе имате следна можност да одите во тоалет, меѓутоа, експертите тврдат дека тоа воопшто не е добро и дека може да предизвика сериозни здравствени проблеми.

Имено, многу луѓе, пред да излезат од дома да завршат некоја работа или пред да патуваат некаде, или да влезат во кино, одат во тоалет со уверување дека така ќе ја испразнат бешиката, за потребата за тоалет да не ги прекинува во тоа што го прават. Но, Никол Вајцман, медицинска сестра специјализирана за урогинекологија и здравје на мочниот меур во Axia Women's Health, предупредува дека оваа пракса треба итно да се прекине.

- Ова однесување може негативно да влијае на мочниот меур и да предизвика негова дисфункција. Имено, ако постојано уринирате „за секој случај“, вашето тело испраќа сигнал до мозокот дека треба да одите во тоалет дури и ако мочниот меур ви е само половина полн. Од друга страна, кога е целосно полн, ќе добиете итен сигнал веднаш да го испразните, што значи дека мокрењето кога мочниот меур не е барем половина полн може да го попречи овој биолошки регулиран процес – објаснува Вајцман.

Таа додава дека честото мокрење кога навистина нема потреба може да го „истренира“ мочниот меур да задржува помалку урина и така да ја наруши комуникацијата помеѓу мозокот, мочниот меур и мускулите на карлицата. Ова дополнително потенцијално води до симптом на преактивна бешика.

- Симптомите на оваа состојба може да вклучуваат чувство на ненадејна потреба за мокрење, што тешко се контролира, неволно протекување на урина по итна потреба за мокрење, често мокрење (осум или повеќе пати во 24 часа), будење двапати во текот на ноќта за уринирање (состојба позната како ноктурија ) - нагласува таа.

Исто така, луѓето може ненамерно да го научат својот мочен меур да сигнализира потреба за мокрење дури и кога има само мала количина на урина во него.

Инаку, колку често некој уринира во текот на денот може да варира од личност до личност. Сепак, Никол Вајцман вели дека просечен возрасен човек уринира пет до шест пати дневно. И важно е да се напомене дека честото мокрење е вообичаено за луѓе над 70 години, бремени жени или мажи со зголемена простата. Ако мислите дека имате хиперактивен мочен меур, постојат многу третмани, вклучувајќи промени во исхраната и внесот на течности, физиотерапија на мускулите на карлицата, лекови, нервна стимулација, па дури и ботокс за мочниот меур.

- Најдобро е да посетите лекар за да ги процени вашите симптоми и да го пронајдете третманот што најмногу ви одговара - изјавила таа.

Ако сакате да ја прекинете навиката за мокрење „за секој случај“, Вајцман препорачува да започнете со тренирање на мочниот меур - да го научите да полни, да складира и да ја празни урината во редовни интервали.

- Ова може да вклучува празнење на мочниот меур прво наутро, после појадокот, а потоа во редовни интервали во текот на денот. Треба да се обидете да го зголемите времето помеѓу интервалите. Избегнувајте брзање во тоалет веднаш штом почувствувате потреба за мокрење, а кога одите да уринирате, седнете на тоалетот во опуштена положба со двете стапала рамно на подот и не брзајте никаде – советува Вајцман.

Таа заклучува дека ова им овозможува мускулите на карлицата да се опуштат и да го олеснат празнењето на бешиката. Исто така, за да избегнете слабеење на мускулите на карлицата, не задржувајте ја урината долго време.

Заврши есенската потрошувачка кошница, дали цените ќе се вивнат нагоре?

Заврши владината мерка за ограничена бруто профитна маржа или популарно наречената есенска кошничка.

Дали повторно ќе пораснат цените, ќе се види деновиве.Надлежните предупредуваат дека жестоко ќе реагираат ако цените пораснат, зашто на сила останува законот за нефер трговски практики..

Новиот кривичен законик е завршен и доставен до ЕК велат од Министерството за правда

Новиот кривичен законик е завршен и доставен на мислење до Европската комисија, потврдуваат од Министерството за правда.

За кривичниот законик кој во скратена постапка и со европско знаменце беше донесен минатата година во септември, комисијата во најновиот извештај повтори дека истиот ја ослабнал правната рамка и негативно влијаел на гонењето на корупцијата и порачува следната година да биде донесен нов законик во согласност со правото на ЕУ и меѓународните стандарди за да го подобри меѓудругото своето досие особено на случаите на висока корупција.

Со новиот кривичен законик треба да се вратат измените на членот 353 и 394 на кривичниот законик, со кои беа намалени затворските казни за злоупотребата на службена должност и за злосторничко здружување. Откако ќе се добие мислење од комисијата, ако нема забелешки кривичниот законик оди во владина процедура по што се проследува до собранието..

Се трага по исчезнатите во катстрофалните поплави кои ја зафатија Шпанија

Се трага по исчезнатите во катстрофалните поплави кои ја зафатија Шпанија, најмалку 158 лица загинаа.

Се уште се трага по исчезнатите во катстрофалните поплави кои ја зафатија Шпанија .Според последните податоци, најмалку 158 лица загинаа.

Вработените во итната помош сè уште се борат за спасување на заробените, а во тек се операции за извлекување на телата и расчистување на остатоците.

Судска палата е претворена во привремена мртовечница во главниот град на регионот, градот Валенсија.Шпанија е зафатена од најголемите поплави во последните децении.

Неверојатна слика поврзана со смртоносните поплави во Шпанија доаѓа од општина во регионот на арагон, каде брана од римнскиот период издржала силен налет на вода.

Нејзината изградба е пред околу 2.000 години од римскиот император Август. Се наоѓа на реката Агуасвивас и е висока 34 метри, што ја прави највисока од сите зачувани римски брани во светот.

притисни ентер