Кина се подготвува за тајфунот Конгреј

Тајфунот Конгреј ослабе во текот на ноќта и стана тропска бура, а прогнозите покажуваат дека денеска ќе донесе обилни дождови и ветрови во Шангај и другите делови на источниот брег на Кина.

Оваа бура вчера како тајфун мина низ Тајван, предизвикувајќи лизгање на земјиштето, и оштетување на патишта и домови.

Во Тајван синоќа од последици од тајфунот загинаа две лица, а повеќе од 500 беа повредени, пренесе Ројтерс.

Тајфунот Конгреј попладнево би можел да стигне до провинцијата Жеџијанг, соопшти Националниот метеоролошки центар. Поради невремето, провинцијата Жеџијанг и соседниот Фуџијан прекинаа неколку фериботи.

Фото: Кралицата на Ноќта на вештерките, Хајди Клум и оваа година воодушеви со својата маска

Легендарниот светски топ модел, Хајди Клум успеа повторно да изненади со нејзиниот костим за Ноќта на вештерките.

Екс манекенката, која ја нарекуваат кралица на Ноќта на вештерките, организирала забава во Њујорк. Таа и нејзиниот сопруг Том Каулиц на забавата се појавиле облечени како вонземјанинот Е.Т. од истоимениот култен филм од 1982 година.

Режисер на филмот е Стивен Спилберг.

Хајди ги покажа нивните костими на Инстаграм. Претходно на своите следбеници им порача дека „никогаш нема да погодат“ што им подготвува оваа година.

Повеќе од 20 години, Клум педантно ги изработува своите костими за Ноќта на вештерките и ги воодушевува своите обожаватели. Така го добила прекарот Кралица на Ноќта на вештерките.

Ерменија доби повеќе гласови од Азербејџан за организирање на COP17 во 2026 година

Двете земји, кои беа во конфликт со децении, се кандидираа за домаќини на следната климатска конференција, па поради тоа, за првпат во историјата, мораше да се организира тајно гласање за да се одлучи која од двете земји ќе го добие.

Ерменија е избрана за домаќин на 17-та Конференција на Обединетите нации за зачувување на природата во 2026 година, победувајќи го Азербејџан по досега најнеобичното и докрај неизвесно гласање на земјите-членки на Конвенцијата за биолошка разновидност собрани во Колумбија, јавија француските медиуми.

Двете земји, кои беа во конфликт со децении, се кандидираа за домаќини на следната климатска конференција, па поради тоа, за првпат во историјата, мораше да се организира тајно гласање за да се одлучи која од двете земји ќе го добие.

Ерменија победи со 65 гласа наспроти 58 за Азербејџан, објави во пленарната сала претседателот на КОП16, кој завршува во колумбискиот град Кали.

Петрушевски: МЕПСО под СДС и ДУИ дало согласност за авансна исплата од 1.8 милиони евра

МЕПСО под СДС и ДУИ дало согласност за авансна исплата од 1.8 милиони евра на фирма која 5 години нема никаков приход.

Раководството на СДС и ДУИ во МЕПСО дозволиле фирмата Шанси Инвест да биде фирма на која ќе и исплатат аванс од 20%, за набавка на уредот за корекција на напонски профил, иако истата од 2019 до 2023 година нема приходи.

Шанси инвест првите приходи ги има во 2023 година, и тоа верувале или не само 18.000 денари.

Истата оваа Шанси инвест во 2024 година добива тендер од МЕПСО под СДС и ДУИ од 10 милиони евра, сврзана со Далековод АД Загреб, кои очигледно ги користале за референци.

И не само што МЕПСО доделило набавка од 10 милиони евра на Конзорциумот меѓу Шанси инвест и Далековод АД Загреб, туку и во договорот се согласило аванс од 20% да исплати на Шанси инвест, фирма која 5 години нема никаков приход.

МЕПСО под СДС и ДУИ се согласиле да префрлат 1.87 милиони евра на Шанси инвест како аванс.

ЈО не треба да чека, и веднаш да отвори истрага. Очекуваме одговорност.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер