Утре дел од Аеродром без струја

Поради планирани прекини во електроснабдувањето утре (сабота), без електрична енергија ќе бидат следните корисници:

- Во период од 09:00 до 14:00 часот дел од корисниците во Управа за контраразузнавање, Тодор Александров и Славејко Арсов (општина Аеродром).

Општина Охрид планира реализација на проектот за каптажа на водата од Свињишките извори

Општина Охрид планира на следниот владин јавен повик за финанасирање на инфраструктурни проекти во февруари идната година да аплицира за добивање средства за реализирање на проектот каптажа на Свињишките извори

Општина Охрид планира на следниот владин јавен повик за финанасирање на инфраструктурни проекти во февруари идната година да аплицира за добивање средства за реализирање на проектот каптажа на Свињишките извори, што во голема мера би го подобрило водоснабдувањето на градот, особено оние делови што во летните сезони се соочуваат со недостиг на вода од системот за водоснабдување.

Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, појасни дека спроведените испитувања на каптажата на изворите што се наоѓаат северно од градот во насока на Ресен покажале дека преку уредување на текот водоснабдувањето на градот до околу 60 проценти би се реализирало по природен пад на водата, со некаде 150 до 200 литри вода во секунда.

- Свињишките извори се во нашиот план и се надевам дека на следниот повик ќе пристапиме кон реализација на тој проект. Но, неговата реализација нема да биде одеднаш, бидејќи е скап проект, сигурно би чинел шест до осум милиони евра, рече тој притоа посочувајќи дека проектот би се реализирал во неколку фази, од кои првата би била 2025 односно со срества од следниот повик на Владата за финансирање проекти во општините, најавен за во февруари.

Владата неодамна ги одобри сите десето проекти со кои Општина Охрид аплицираше на јавниот повик за изразување на интерес од страна на општините за финанасирање на инфраструктурни проекти објавен од страна на Министерството за локална самоуправа. Со тие проекти за кои се обезбедени околу два милиони евра предвидени се реконструкции на улици, фекална канализација, водоводна линија, целосна промена на опремата на пумпната станица „Метропол“ од Коелкторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.

Фото: Кралицата на Ноќта на вештерките, Хајди Клум и оваа година воодушеви со својата маска

Легендарниот светски топ модел, Хајди Клум успеа повторно да изненади со нејзиниот костим за Ноќта на вештерките.

Екс манекенката, која ја нарекуваат кралица на Ноќта на вештерките, организирала забава во Њујорк. Таа и нејзиниот сопруг Том Каулиц на забавата се појавиле облечени како вонземјанинот Е.Т. од истоимениот култен филм од 1982 година.

Режисер на филмот е Стивен Спилберг.

Хајди ги покажа нивните костими на Инстаграм. Претходно на своите следбеници им порача дека „никогаш нема да погодат“ што им подготвува оваа година.

Повеќе од 20 години, Клум педантно ги изработува своите костими за Ноќта на вештерките и ги воодушевува своите обожаватели. Така го добила прекарот Кралица на Ноќта на вештерките.

Ерменија доби повеќе гласови од Азербејџан за организирање на COP17 во 2026 година

Двете земји, кои беа во конфликт со децении, се кандидираа за домаќини на следната климатска конференција, па поради тоа, за првпат во историјата, мораше да се организира тајно гласање за да се одлучи која од двете земји ќе го добие.

Ерменија е избрана за домаќин на 17-та Конференција на Обединетите нации за зачувување на природата во 2026 година, победувајќи го Азербејџан по досега најнеобичното и докрај неизвесно гласање на земјите-членки на Конвенцијата за биолошка разновидност собрани во Колумбија, јавија француските медиуми.

Двете земји, кои беа во конфликт со децении, се кандидираа за домаќини на следната климатска конференција, па поради тоа, за првпат во историјата, мораше да се организира тајно гласање за да се одлучи која од двете земји ќе го добие.

Ерменија победи со 65 гласа наспроти 58 за Азербејџан, објави во пленарната сала претседателот на КОП16, кој завршува во колумбискиот град Кали.

притисни ентер