Турски медиуми: Дали „Бекташката држава“ е израелски проект?!

Кој е Баба Монди и неговите врски со Израел и Сорос?

По идејата објавена од албанскиот премиер Еди Рама и светскиот водач на Бекташите, Едмонд Брахимај (Баба Монди), за создавање „Бекташка држава“ во Тирана, по примерот на Ватикан, медиумите во Турција објавуваат „теории на заговор и фрлат силни сенки на сомнеж“, пренесуваат албанските медиуми.

На пример „Таквим“ пишува дека државата што се очекува да се создаде ќе има своја администрација и пасош, исто како и Ватикан.

-Тим правни експерти, вклучително и меѓународни правници, подготвува Предлог-закон со кој се дефинира суверен статус на новата држава. Предлог-законот мора да биде одобрен од Парламентот на Албанија, кој е под контрола на владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама. Додека се уште не е јасно кои земји ќе го признаат суверенитетот на бекташката држава доколку се спроведе, Рама вели дека не му е грижа за реакцијата што може да дојде од Иран, стои во написот на весникот „Таквим“.

Турските медиуми алудираат понатаму, пишувајќи за врските на Баба Монди со Израел и Сорос. Според нив, не станува збор за држава модел на Ватикан, туку за организација како ФЕТО во Турција.

-Се издвојуваат врските на бекташиот дервиш Едмонд Брахимај, познат како „Баба Монди“, кој ќе стане шеф на државата, со Израел и Сорос. Оваа ситуација ги зајакнува тврдењата дека државата ќе се создаде со структура во стилот на ФЕТО, а не со ватикански стил“, продолжува весникот во написот.

За ова прашање во својата колумна пишува и новинарот на турскиот медиум „Сабах“, Мелих Алтинок и појасно ја изнесува идејата дека „Бекташката држава“ која се очекува да заживее во Тирана е проект поврзан меѓу Израел и Џорџ Сорос.

Алтинок наведува дека синот на Џорџ Сорос, Алекс Сорос, има интензивни активности во Албанија преку Фондацијата Отворено општество. Според него не треба да се занемари и неодамнешната посета (12 септември) на израелскиот претседател, Исак Херцог, која беше прва и историска посета на израелски претседател на Тирана, кога посебно се сретнал со Баба Монди.

„Сабах“ објавува и фотографија од Баба Монди со албанскиот рабин Јоел Каплан со кого има блиски врски и уште едно лице за кое се смета дека е израелски војник. Албанскиот рабин е израелски офицер кој се вратил во својата земја по почетокот на војната со Газа.

Албанските, повикувајќи се на турските медиуми, исто така, јавија дека претставниците на бекташката секта во Турција се против бекташка држава во Тирана. Претставниците на Алеви-бекташ федерацијата од Турција во своите изјави објавени на турската мрежа Хабер Глобал во сопственост на Азербејџан, велат дека бекташизмот и „верската држава“ се концепти неспоиви еден со друг. /МИА

Девојка била исфрлена од клуб поради Дејвид Бекам, се забавувал сам

Дејвид Бекам, иако ја заврши фудбалската кариера, сепак е многу следена личност каде и да се појави.

Сепак, покрај времето кое го поминува со семејството, поранешниот фудбалер знае и како да го поминува времето на вечерна забава. Неодамна беше виден како влегува во клуб во Њујорк, придружуван од неговиот најдобар пријател Дејвид Гарднер.

Малку по полноќ, кога пристигнале, забавата можела да започне.

Дуото се прикраде во „ултра-приватната“ соба, но се чини дека беше премногу тивко за Бекам, кој сакаше да ужива во метежот на клубот, изјави извор за Page Six.

Дејвид се опуштал во кабината на диџејот, во црн стајлинг, како што е опишано. Тој бил успешно маскиран, така што никој не го забележал и не обрнал внимание на неговото место, додека не го забележа девојка.

Девојката која го видела се обидела да се прикраде и да го фотографира. Иако Бекам не забележал, неговиот менаџерски тим ја виделе.

Безбедносниот тим не чекал ни момент, туку ја исфрлиле од клубот, додека Бекам продолжил да ужива и да вика „Ова е Њујорк!“, како што опишува изворот.

Маж починал на лет од Бугарија пред шокираните патници, авионот итно слетал во Келн

Авион на Jet2 од Бугарија за Велика Британија ненадејно бил пренасочен кон Келн, откако еден патник починал за време на летот.

Летот LS3214 полетал од Бургас, Бугарија за Ливерпул вчера околу 13 часот по локално време, пред екипажот да прогласи вонредна состојба два часа подоцна.

Авионот бил пренасочен кон Келн, а по слетувањето на оддалечената писта на аеродромот околу 15 часот и 32 минути, брзата помош веднаш се упатила кон авионот.

Мажот, наводно, добил срцев удар и бил прогласен за мртов, и покрај напорите на патниците и екипажот да го реанимираат, пишува Мирор.

По неколку часа поминати на аеродромот, авионот конечно повторно полетал за Ливерпул во 21.17 часот и слетал во Велика Британија во 22.27 часот.

Огромно суштество се појави на плажа во Орегон, луѓето не веруваат што гледаат (ВИДЕО)

Џиновско суштество, опишано од сведоци како „експеримент на луд научник“, се појавило на брегот на Орегон, а неговите фотографии ги преплавија мрежите.

Експертите посочуваат дека ова е трет ваков „инцидент“ од јуни, а откриваат за каква риба се работи.

На фотографиите гледаме дека луѓето го опколиле суштеството кое е долго повеќе од два метри и љубопитно го набљудуваат.

Многумина беа изненадени од неговите мали очи и голема уста.

Експертите откриваат дека Мола мола се насукал на брегот, а пред извесно време починал.

„Уште еден се појави на брегот во државниот парк Хаг Поинт и создаде метеж. Ако сакате да го видите, дојдете при мала плима и упатете се на север кон водопадот“, беше објавено.

Мола Мола е необично суштество, бидејќи изгледа како „глава од риба со закачена опашка“. Гледано од профилот има овална форма, инаку е издолжена и рамна.

Може да порасне до 3,2 метри во должина, додека тежи до импресивни 2.300 килограми.Живее на отворено море, најчесто во океаните, пренесува UPI.com.

Многумина веруваат дека поголемиот дел од времето го поминува во близина на површината, но всушност претпочита длабочини поголеми од 200 метри.Се храни со медузи, а покрај нив јаде и ракчиња, помали риби, ларви...

притисни ентер