Трамп ветува дека на неговиот прв ден на функцијата ќе стави крај на трансродовиот делириум

Трамп ветува дека на неговиот прв ден на функцијата ќе стави крај на трансродовиот делириум во САД и ќе ја затвори границата за илегалните имигранти

Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата претседател на САД за помалку од еден месец, рече дека сака да го запре трансродовиот делириум во САД на првиот ден од неговото претседателствување. Говорејќи пред конзервативните поддржувачи во Феникс, Аризона, Трамп рече дека откако ќе положи заклетва како претседател на 20 јануари, ќе потпише извршни наредби со кои „ќе се стави крај на сексуалното осакатување на децата и ќе се исклучат трансродовите лица од војската и училиштата“.

„Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола - машки и женски“, нагласи тој.

Трамп, исто така, вети во Феникс дека ќе потпише серија извршни наредби за затворање на границата за илегалните имигранти и запирање на инвазијата што се врши врз САД. На денот на неговата инаугурација, Трамп вети дека ќе ја започне најголемата операција за протерување илегални имигранти во историјата на САД.

„20-ти јануари навистина ќе биде денот на ослободувањето на Америка“, рече Трамп. Тој вети дека ќе стави крај на војната во Украина, ќе го запре хаосот на Блискиот Исток и ќе го спречи избувнувањето на Третата светска војна, но не навлезе во детали за тоа како ќе ги спроведе своите планови. /МИА

Меџити за случајот Груби: Владата го направи своето, никој не е над законот

Никој не е над законот и секој кој се огрешил ќе одговара порача вицепремеирот Изет Меџити кометирајќи го случајот со Артан Груби, кој според него е затворено прашање.

Вели Владата го завршила своето и останува на МВР и надлежните институции да го разрешат случајот до крај. Не сакаше да ги коментира сознанијата кои пред неколку дена ги изнесе во јавноста дека Груби не е повеќе во Косово, туку дека сега се наоѓа во Албанија.

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ вината ја лоцираат во опозициската СДСМ. И денеска ги обвинуваат дека знаеле за криминалните дејствија на поранешниот прв вицепремиер, но не презеле ништо додека биле на власт во коалиција со довчерашните сопартијци на Груби.

„СДС го одмолчеа и дозволија криминалот на Груби, за истиот да не се налути и ДУИ да им излезе од коалиција. Жално е да се гледа, како сега повторно мора од себе да се прават недоветни, па смислуваат разни приказни. СДС и Филипче треба да излезат пред граѓаните и да се извинат за Груби“.- Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Од СДСМ пат прстот повторно го вперуваат во ВМРО-ДПМНЕ и власта. Обвинуваат дека во договор со ДУИ му овозможиле на Груби да ја напушти државата. Екс министерот за внатрешни Спасовски во гостувањето на поткастот „На кавга со Иван“ вели дека имало низа пропусти при постапувањето на граничниот премин Блаце.

„Факт е дека излегува на граничниот премин пропуштен од полициски службеник дали е намерно или не не знам, тоа треба да се утврди. Батриите не нижат да бидат виновни бидејќи системот не работи на батерии. Системот е директно поврзан на електрчино напојување и на граничните премини сегаде постојат агрегати кои се активират веднаш штом ќе снема струја. Јас ви тврдам дека од настанот има и снимка, а тоа го потврди и министерот Тошковски, со што самиот отфрли дека батериите се криви, посочи Спасовски во потакстот на „На кавга со Иван“.

Каде е Груби во моментот деновиве нe сакаа да шпекулираат ниту премиерот Мицкоски, ниту министерот за внатрешни. Според Тошковски најважно е што по Груби е распишна меѓународна потерница и вели МВР постапува по наредби на Јавното обвинитеслество и се работи на целосно расчистување на случајот.

АХВ: Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) денес спроведоа вонреден надзор во скопското јавно комунално претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ .

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) денес спроведоа вонреден надзор во скопското јавно комунално претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ по викендов спроведените активности за санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна мрежа и извршените испитувања на безбедноста на водата за пиење.

Со контролата утврдено е дека ЈП претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ извршило хлорирање на водата во водоводната мрежа, земени се и мостри за анализи вршење на проширена хемиска и микробиолошка анализа, чии резултати денес уште еднаш ја потврдија безбедноста на водата по спроведената пи си ар метода за испитување на безбедноста на водата од девет најниски критични точки, за што биле добиени негативни резултати.

Хиперхлорирање, утврдено е со контролата на АХВ во јавното претпријатие, не е направено поради извршената проценка на стручниот тим и типот на санација на дефектот кој се вршел во шахти, надвор од водоводна мрежа.

Со почит,

Агенција за храна и ветеринарство

Обвинение за убиство при семејно насилство во Штип

Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен акт против 33-годишник против кого се спроведуваше истрага за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Во текот на истрагата се обезбедија докази според кои обвинетиот на 1 ноември, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Откако се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект на ЈП Исар за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска. Разговорот преминал во расправија, по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата и започнал да ја удира со тупаници. Кога таа паднала на подот, тој започнал силно да ја стега во пределот на вратот додека не дошло до прекин на дишењето и нарушување на дотокот на крв во мозокот, како резултат на што жената починала. Кога се уверил дека не дава знаци на живот тој го напуштил местото и сам се пријавил во полициска станица.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Штип достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

притисни ентер