Трамп со остра реакција на потегот на Бајден за укинување на 37 смртни казни

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе побара од Министерството за правда „енергично да ја спроведе“ смртната казна со цел да ги „заштити Американците од насилни силувачи, убијци и чудовишта“.

Трамп го изјави ова откако американскиот претседател Џозеф Бајден вчера им ги ублажи казните на 37 од 40-те федерални осуденици на смрт, претворајќи ги во доживотен затвор без помилување, објави Њусвик.

На почетокот на овој месец, Бајден им ги ублажи казните на околу 1.500 затвореници и помилува 39.

Што значи ако сонувате погреб на блиска личност, или ако умирате или дека сте убиле некого?

Стручно лице открива што ви порачува вашата потствест!

Кошмарите, особено ако се повторуваат, можат да ве преплашат и да ви ја „изедат“ цела енергија. Сосема логично, се прашувате што значат овие мрачни соништа. Еден стручњак за соништа открива што ви кажува вашата потсвест кога сонувате дека умирате или дека убивате некого.

Лори Ловенберг, е познат аналитичар на соништа која открива што всушност се крие зад најчестите кошмари.

Важно е да имате предвид дека причината за ваквите соништа не мора да биде страв од нешто, како и некои други емоции, вина, тага, гадење или збунетост.

Сон во кој ви паѓаат заби

Овој сон е поврзан со проблеми во комуникацијата во реалниот живот. Постојат различни верзии на сонувањето заби, но најчесто овој сон е поврзан со нивно паѓање. Сè што има врска со устата во соништата е поврзано со разговор, а паѓањето на забите е показател дека неодамна сте кажале нешто што не требало да го кажете.

Ако сонувавте дека сте убиле некого

Иако смртта е природен крај на животот, убиството е чин на насилство. Па, ако сонувате дека убивате некого, тоа веројатно значи дека работите на тоа да се промените или да ставите крај на нешто негативно во вашиот живот. Ако неодамна сте се откажале од пушењето или сте поминале низ развод или сте почнале да слабеете, поголема е веројатноста да сонувате убиство.

Кога сонувате дека умирате

Смртта во соништата е крај на дотогашниот живот што сте го воделе. Соништата за сопствената смрт се вообичаени кога ја менувате кариерата, или прекинувате врска или кога ќе дознаете дека сте бремени.

Ако сонувате за смрт на друга личност, тоа обично значи дека ќе се случи некаква промена во однос на таа личност. Соништата за смртта ни овозможуваат полесно да ги препознаеме промените во нашите животи, кои се неизбежни.

Погреб на некој близок

Ако сонувате смрт, запрашајте се што се менува или завршува во вашиот живот. Оној што умира во сон обично претставува дел од вашата личност, некоја заедничка особина што ја имате.

Погребот е добар знак - за прифаќање на некои работи или помирување за да можете да продолжите понатаму.

Сонувате дека сте се посрамотиле

Без разлика дали се работи за сон во кој паѓате на испит, проект за кој сте се посрамотиле или нешто слично, тие се поврзани со стресот на работа или она што мислите дека се очекува од вас. Неуспехот на испит е вообичаен сон, а после него треба да се запрашате кој или што го тестира вашето трпение.

Сонувате дека сте се изгубиле

Местата и патиштата на кои сме се изгубиле во нашите соништа симболизираат каде сме во нашето срце и мозок. Таквиот сон симболизира неодлучност во реалниот живот, неможност да се донесе одлука или да се придржуваме до истата.

Соништа за паѓање

Ваквите соништа отсекогаш биле едни од најчестите за сите луѓе и укажуваат на тоа дека има нешто во будниот живот што „нè влече надолу“. Овој сон е вообичаен кај оние кои страдаат од депресија, а може да биде и предупредувачки знак за психолошки тежок период за кој треба да се подготвите со цел да спречите пад.

Заборавање

Овој тип на соништа најчесто се јавува кај луѓе кои се преоптоварени со грижи. Тоа е предупредување дека човекот во својот буден живот е на работ и дека треба да ги прераспореди своите приоритети и да го прифати фактот дека не може да добие сè или да стигне секаде. Сонот ви порачува да си го олесните животот, пишува Дејли меил.

Борба за живот: Човек се втурна кон дива мечка за да си го спаси кучето (ВИДЕО)

Кучињата заслужено се опишани како „најдобриот пријател на човекот“ или „најлојалното животно“, особено во ситуации кога треба да нѐ заштитат.

Тие се подготвени да ги ризикуваат сопствените животи во опасни ситуации, што е напишано во многу литературни дела или прикажани во филмови, пренесува Times Now News.

Денешната приказна е за човек кој решил да го извлече од неволја својот четириножен пријател. Дива мечка нападна врзано куче, а потоа во приказната се вмеша и сопственикот.

Ризикувајќи си го животот, човекот се втурнал кон ѕверот, го повлекол синџирот со кој било врзано кучето, а потоа посегнал по дрвена даска. Ова очигледно ја збунило и исплашило мечката, па таа се повлекла.

Видеото трае 10 секунди, што е сосема доволно за да се прикаже драмата, а брзо стана вирално на мрежите. Многу гледачи оставија коментари.

„Очигледно, човекот знаел да ја избрка мечката. Изгледа ваква ситуација се има случено и порано“, напишало едно лице, а друго продолжи: „Можеби требало да го одврзат кучето и заедно да се засолнат“.

Поединци верувале дека човекот имал среќа бидејќи не наишол на возрасна мечка, но дека секако покажал голема храброст.

Не е откриено каде се случил инцидентот, иако повеќето корисници ја споменуваат внатрешноста на Турција. Некои мислат дека кучето е овчар Кангал, а противник му е сириска кафеава мечка.

Американец „случајно“ го избодел 50 пати својот татко, па се предал во полиција

Маж од Мисури ѝ се предал на полицијата, признавајќи дека „случајно“ го убил својот постар татко избодувајќи го 50 пати.

Џефри Геде (41) им рекол на замениците на шерифот на округот Џеферсон дека „направил грешка“ и сакал да им се предаде на нив, а не на полицијата во Манчестер, бидејќи повеќе ѝ верувал на канцеларијата на шерифот, пишува BrefNews.

Откако бил предаден на полицијата во Манчестер, Геде признал дека го удирал својот татко со раце, но не можел да се сети дали користел нож за време на фаталниот напад.

Полицијата го пронашла Едвард Геде (75) со тапи повреди на лицето, главата и грбот, заедно со 50 убоди и скршеници на коските. Жртвата била и задавена.

Во корпа за отпадоци е пронајден кујнски нож, а полицајците забележале силен мирис на белило во домот.

Геде, кој тврдел дека „случајно убил некого“,е обвинет за убиство и криминално поседување оружје.

притисни ентер