Американец „случајно“ го избодел 50 пати својот татко, па се предал во полиција

Маж од Мисури ѝ се предал на полицијата, признавајќи дека „случајно“ го убил својот постар татко избодувајќи го 50 пати.

Џефри Геде (41) им рекол на замениците на шерифот на округот Џеферсон дека „направил грешка“ и сакал да им се предаде на нив, а не на полицијата во Манчестер, бидејќи повеќе ѝ верувал на канцеларијата на шерифот, пишува BrefNews.

Откако бил предаден на полицијата во Манчестер, Геде признал дека го удирал својот татко со раце, но не можел да се сети дали користел нож за време на фаталниот напад.

Полицијата го пронашла Едвард Геде (75) со тапи повреди на лицето, главата и грбот, заедно со 50 убоди и скршеници на коските. Жртвата била и задавена.

Во корпа за отпадоци е пронајден кујнски нож, а полицајците забележале силен мирис на белило во домот.

Геде, кој тврдел дека „случајно убил некого“,е обвинет за убиство и криминално поседување оружје.

Русија за масовниот напад врз Украина: Целта е постигната

Руското Министерство за одбрана, по денешниот напад врз украинскиот енергетски систем, соопшти дека „Целта е постигната“.

Руските сили извршија масовен напад со прецизно оружје со долг дострел и беспилотни летала врз објектите на критичната енергетска инфраструктура во Украина кои обезбедуваат работа на воено-индустрискиот комплекс, се наведува о соопштението на руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се тврди дека е постигната целта на нападот и оти „се погодени сите мети“.

Претходно, претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија денеска лансирала над 70 ракети и повеќе од сто дронови брз енергетскиот систем на Украина.

Денес Путин намерно го избра Божик за својот напад. Што може да биде понехумано од тоа? Над 70 проектили, вклучително и балистички, и над 100 нападни беспилотни летала. Целта е нашиот енергетски систем. Тие продолжуваат да се борат Украина да остане во темнина, објави Зеленски на Телеграм.

Според украинското Министерство за одбрана соборени се 59 руски проектили и 54 дронови.

Градоначалникот на вториот по големина град во Украина, Игор Терехов изјави дека се истрелани 12 проектили врз енергетските објекти во Харков. Во рускиот напад повредени се најмалку четири лица, а голем дел од Харков е без електрична енергија, вода и греење.

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Венко Филипче

Филипче и СДС кој го поставија митаџијата и десна рака на Заев, Наќе Георгиев за член на Судски совет немаат кредибилитет да зборуваат за судството.

Жално е да се гледа како Филипче прави кловн од себе. Партизацијата на АНБ ја направија тие, а Судскиот совет беше Зајас Муртински совет.

Судскиот совет беше племенски совет меѓу Муртино и Зајас.

СДС кои го поставија митаџијата Наќе Георгиев сега зборуваат за судството, која трагедија.

СДС се партија која на чело на Судски совет ја имаа Весна Дамева од СДС ( фотографија во прилог ).

СДС и Филипче го имаа и Иџет Мемети како заменик претседател на Советот на јавни обвинители, митаџија исто како Наќе Георгиев.

Кога станува збор за АНБ, во време на СДС ја водеше нивен член на ИО и претседател на партиски комисии Виктор Димовски.

Немаше институција која не беше партизирана и пополнета со неспособни кадри.

Болката кај СДС и Филипче е тоа што веќе тие не поставуваат, и што нема да има кој да им ги штити криминалците.

Филипче наместо да чита пресови нарачани од Зајас и Муртино, за спас на криминалци политичари подобро ќе беше да го трошеше времето на конструктивност и дистанцирање од криминалците.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Филипче за шест месеци Влада: Економска несигурност, партизација и узурпирање на судството

По повод шест месеци од работата на Владата, опозициската СДСМ денеска на прес-конференција ги критикуваше политиките на сегашната владејачка коалиција, пред се во економијата и судството.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче рече дека се воведува „тотална партизација во институциите и се узурпира судството“, а етничките тензии во општеството ги нарече „таканаречен конфликт“ меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за да се оттргне вниманието од реалните проблемите.

Во однос на економијата, укажа дека власта ги напуштила политиките на СДСМ за раст на платите, наместо да ги намали платите на функционерите, тие останале непроменети, не прифатила ниту еден амандман од СДСМ за буџетот за 2025. Како што рече, се планира укинување на недела неработен ден и се „заговара“ поместување на старосната граница за пензионирање.

-По шест месеци, се чувствува голема економска несигурност и слабеење на стандардот на граѓаните... Владата на Мицкоски наместо да се грижи за граѓаните, се води од интересите на економската елита… Мицкоски лично дозволи трговците да печалат на маката на луѓето. Го слушам вчера вели срамота било тоа што го правеле трговците. Тој го договори токму ова со нив, тој им дозволи со недели да ги качуваат цените и молчеше додека сите ние алармиравме. Мицкоски лично рече дека со апели, а без казни ќе убедуваат трговците да го почитуваат договореното. Касно е. Мицкоски ја префрла вината за овој дебакл и грабеж на трговците и да глуми загрижен политичар, рече Филипче.

Според претседателот на СДСМ, има партизација со „епидемиски размери“ во „клучните институции во судството и безбедноста“. Рече дека во АНБ е поставен „целосно нелегитимен директор без никакви квалификации“, а сите новоизбрани судии, според него, се „личен избор на Мицкоски“.

-Овој систематски обид за целосно партиско заробување на државата се рефлектира и во најавата за распуштање на Судскиот совет, која, според СДСМ, е директен удар врз демократијата. Вчерашната најава дека Владата планира да го распушти Судскиот совет, односно да разреши пет членови, е чекор кон целосна контрола врз судството. Ова СДСМ нема да го дозволи. Ова ќе значи газење на демократијата и враќање кон мрачните времиња на политички прогон...СДСМ ја повикува целата македонска и меѓународна јавност да ја спречи оваа тенденција на узурпирање на судската власт, истакна Филипче.

Додаде дека „овој потег на Владата е целосно спротивен на сите реформи“ и на она што Мицкоски го потпишал во планот за раст пред неколку месеци во Брисел.

Лидерот на СДСМ смета и дека владејачките партии ги користат етничките тензии за одвлекување на вниманието од реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Според него, се работи за таканаречен конфликт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ што е „само театар кој им служи на нивните политички агенди“.

-Стратегијата на ДУИ за подигање етнички тензии СДСМ остро ја осудува. Оваа стратегија на ДУИ впрочем најмногу од сѐ му одговара на ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити во власта... Наводниот конфликт меѓу нив е всушност љубовната кавга која ни ја сервираат како перманентна дестабилизација. Оваа политика има само една цел - да ги оттргне граѓаните да мислат на реалните проблеми, рече Филипче.

Опозицискиот лидер на прес-конференцијата понуди натпартиска стратегија за долгорочен развој на државата и најави масовна теренска кампања по празниците за да ја промовираат новата платформа на партијата која ги става граѓаните на прво место.

-СДСМ направи грешка со тоа што се оддалечи на некој начин од граѓаните кога беше на власт и таа грешка ќе ја исправиме, рече Филипче.

притисни ентер