Се подготвува спектакл- Џејк Пол и Конор Мек Грегор пред потпишување договор

Светот на боксот наскоро би можел да го потресе борбата меѓу Џејк Пол и едно од најголемите имиња во ММА, Конор Мек Грегор.

Откако Пол го победи Тајсон, зачестија шпекулациите за неговите следни противници, а дополнително внимание на социјалните мрежи предизвика Мекгрегор со својата мистериозна објава.

Борбата, наводно, би можела да се одржи во Индија во 2025 година, што предизвика голем интерес кај фановите и медиумите.

Иако Мек Грегор не е активен во УФЦ, се чини дека сега се подготвува за влез во боксерскиот ринг, кој би можел да приреди спектакл за сите љубители на добро шоу.

Видео: Експлозија во трговски центар во Русија

Најмалку едно лице загина, а седум се повредени во експлозија на гас во трговски центар во рускиот град Владикавказ, соопштија локалните служби за итни случаи

.

Според руските медиуми, експлозијата се случила на третиот кат од трговскиот центар додека вработените ги подготвувале продавниците за отворање.

Експлозијата предизвика пожар, а во моментов околу 800 квадратни метри малопродажен простор е зафатен во пламен, вклучувајќи го и покривот на зградата.

Претседателот на руска Северна Осетија најави дека е на лице место, каде што е распореден и оперативниот штаб, а во тек е и процесот на гаснење на пожарот.

Без струја дел од корисниците во општините Сарај, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Сарај, Бутел и Ѓорче Петров.

Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од село Љубин, општина Сарај.

Во периодот од 10.00 до 12.30 часот, струја ќе немаат корисниците од цела населба Радишани, општина Бутел.

Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците околу претпоследна и последна 22-ка, во село Волково, општина Ѓорче Петров.

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии

Во Собранието за денеска се закажани седници на пет комисии.

Во Собранието за денеска се закажани седници на пет комисии - Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно правната комисија.

Членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ќе расправаат по предлог законите за изменување и дополнување на Законот за електронско управување и електронски услуги, на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, на Законот за генетски модифицирани организми, на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух, на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, на Законот за управување со отпад. Исто така и за предложените измени на Законот за заштита од бучава во животната средина, на Законот за животната средина, на Законот за водите, на Законот за управување со пакување и отпад од пакување и на Законот за заштита на природата, сите во второ читање.

Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика за рсправа е Предлог на законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, по скратена постапка, а на Комисијата за финансирање и буџет Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за буџети, по скратена постапка.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправа по предлог законите за изменување на Законот за платите на судиите, на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија, на Законот за платите на јавните обвинители, на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, на Законот за пратениците, на Законот за управната инспекција и на Законот за инспекциски надзор, сите по скратена постапка.

Членовите на Законодавно правната комисија ќе дискутираат по Предлог на законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за буџети, предлог законите за изменување на Законот за платите на судиите, на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија, на Законот за платите на јавните обвинители, на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, на Законот за управната инспекција и на Законот за инспекциски надзор, како и по Предлог на законот за изменување на Законот за пратениците, сите по скратена постапка.

притисни ентер