Трамп ја номинира Пем Бонди за јавна обвинителка откако Мет Геjц се повлече

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја номинираше ветеранската обвинителка Пем Бонди за нов јавен обвинител, неколку часа откако Мет Геjц се повлече од можен кандидат.

Бонди има долгогодишно искуство во спроведувањето на законот и претходно служеше како јавен обвинител на Флорида, јавија американските медиуми.

Долгогодишниот сојузник на Трамп, Бонди беше дел од неговиот правен тим за време на неговото прво судење за импичмент во Сенатот, а исто така јавно го поддржа појавувајќи се на суд за време на неговото судење за давање мито во Њујорк.

- Пем беше обвинителка скоро 20 години, беше многу строга кон насилните криминалци и ги направи улиците безбедни за семејствата од Флорида, рече Трамп во објава на социјалните мрежи сооштувајќи го својот избор.

Бонди е блиска со Трамп од неговата кампања во 2016 година, а пред гласачите на неодамнешниот митинг на Трамп рече дека го смета за „пријател“.

Шеќеринска организираше прием по повод изборот за заменик генерален секретар на НАТО

Ново назначената заменик-генерална секретарка на НАТО Радмила Шеќеринска, попладнево организираше прием по повод изборот на функцијата.

На приемот присуствуваше и претседателката Сиљановска Давкова со која претходно утрово имаше и средба во кабиетот. Присутна беше и американската амбасадорка Агелер, претседателот на собранието Африм Гаши, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на АНБ Бојан Христовски. Лидерот на СДСМ Венко Филипче и голем број од нејзините поранешни сопартијци.

Гаши: Ќе се утврдува дали вчерашниот инцидент е во рамки на прекршувањата на етичкиот кодекс

Од ВМРО-ДПМНЕ засега побараа извинување од Апасиев за неговите пцовки и навреди кон пратениците, оценувајќи дека се работи за примитивен и разочарувачки однос. 

Вчерашниот инцидент во Собрание е во рамки на прекршувањата на етичкиот кодекс, но допрва ќе се утврдува конкретно во постапка предвидена со Деловникот- вели за Канал 5 претседателот на Собранието Африм Гаши, за случајот кој беше на раб на тепачка меѓу лидерот на Левица Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Според кодексот на однесување во законодавниот дом, омаловажување, навреда на достоинството, поттикнување на омраза, нетолеранција или насилство, спаѓаат во тешки повреди и за ова одлучува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, по евентуална пријава од пратеник.

Од ВМРО-ДПМНЕ засега побараа извинување од Апасиев за неговите пцовки и навреди кон пратениците, оценувајќи дека се работи за примитивен и разочарувачки однос.

„ На недоличните зборови упатени кон жени, сестри, мајки не им е местото во Собрание. Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка. Колеги од Левица, и вие сте нечии синови, сопрузи, татковци, момчиња., внимавајте што ви излегува од уста! Тоа најмногу говори за вас. Срамота! “ - Жаклина Пешевска - пратеник и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Од друга страна од Левица го оправдуваат партискиот лидер дека бил испровоциран од пратеник на владејачката партија, па затоа се спротивставил.

„ Нашиот левичарски нарав е таков, насилство не трпиме и изби инцидентот. Мене ми е жал за инцидентот, вчера беше спомната сестра, за сестра се умира и тоа е тоа. “ - Сашко Јанчев – пратеник на Левица

Ова не е прв инцидент на Левица во Собранието- пред две години Апасиев и Мартин Костовски од СДСМ си разменија навреди и малку недостасуваше да дојде до физичка пресметка. Лани пак, пратеникот Крмов го искрши мониторот и микрофонот на спикерското место во Собранието, за што доби парична казна за материјална штета.

Владина делегација во дводневна посета на Србија за саемот „Винска визија на Отворен Балкан“

Во Белград почнува саемот „Винска визија“ на Отворен Балкан.

Македонија е претставувана од владина делегација предводена од премиерот Мицкоски кој попладнево веќе се сретна со претседатлеот Вучиќ, а во тек е и средбата со премиерот Вучевиќ.

Во Белград е Сандра Спасовска.

Има ли некакви информации за што разговарале Мицкоски и Вучиќ?

притисни ентер