Шеќеринска организираше прием по повод изборот за заменик генерален секретар на НАТО

Ново назначената заменик-генерална секретарка на НАТО Радмила Шеќеринска, попладнево организираше прием по повод изборот на функцијата.

На приемот присуствуваше и претседателката Сиљановска Давкова со која претходно утрово имаше и средба во кабиетот. Присутна беше и американската амбасадорка Агелер, претседателот на собранието Африм Гаши, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на АНБ Бојан Христовски. Лидерот на СДСМ Венко Филипче и голем број од нејзините поранешни сопартијци.

Апокалиптични сцени од ерупцијата на вулканот на Исланд- бил „заспан“ дури осум векови

Вулкан во близина на Рејкјавик, Исланд, еруптираше по десетти пат во последните три години, исфрлајќи лава и чад, соопшти Исландската метеоролошка служба.

Исланд, со речиси 400.000 жители, се наоѓа на границата меѓу евроазиските и северноамериканските тектонски плочи, што го прави сеизмички активна област со гејзери, топли извори и бројни вулкани, пренесува Ројтерс.

Инаку, вулканот на Исланд „спие“ веќе осум века, а од декември 2023 година е активен по седми пат, испраќајќи потоци од лава кон блиското туристичко место.

Кога магмата почна да се собира под земја, властите предупредија на можна ерупција на полуостровот Рејкјанес, кој се наоѓа на околу 30 километри југозападно од Рејкјавик. Последната ерупција во областа беше на 6 септември.

Геолошкиот систем во областа беше неактивен 800 години, а ерупциите повторно започнаа во 2021 година. Оттогаш, ерупциите зачестија, а последната ерупција беше шеста оваа година.

Блискиот рибарски град Гриндавик, дом на речиси 4.000 жители пред да биде издаден налогот за евакуација минатата година, останува главно напуштен поради периодични закани од ерупции, соопшти агенцијата.

Научниците предупредуваат дека Рејкјанес би можел да доживее повторени вулкански ерупции во следните децении, но не очекуваат овие процеси да предизвикаат нарушувања слични на оние во 2010 година, кога вулканот Ејафјадлајкидл исфрли пепел во атмосферата, парализирајќи го воздушниот сообраќај во Европа и предизвикувајќи откажувања повеќе од 100. 000 летови низ целиот свет.

Кралицата Камила има здравствени проблеми- наме да присуствува на важен настан

Кралицата Камила нема да присуствува на вечерашниот настан - Кралската естрада - поради „постојани пост-вирусни симптоми“ по инфекција на градниот кош, соопшти Бакингемската палата.

„По неодамнешната инфекција на градниот кош, кралицата продолжува да има некои долготрајни пост-вирусни симптоми, поради што лекарите советуваа дека, по напорната недела на ангажман, Нејзиното Височество треба да даде приоритет на одмор“, рече портпаролот на кралското семејство.

„Со големо жалење се повлече од вечерашното Кралско естрадни шоу. Неговото височество ќе присуствува според планираното“, додава Дејли Експрес.

Кралицата се врати на кралските должности оваа недела, придружувајќи им се на кралот и принцот од Велс на годишниот дипломатски прием во вторникот навечер и присуствувајќи на настани во вчера и завчера.

Но, поради должината и доцнењето на вечерашниот настап, лекарите ја советуваа да остане дома за да избегне прекумерен напор.

Невремето направи хаос во Битола- се санираат штетите

Градоначалникот Тони Коњановски изврши увид на локации во Битола каде попладнево силниот ветер предизвика проблеми и вознемирување кај битолчани.

Со екипи на локалните јавни претпријатија и пожарникари од ТППЕ-Битола, Коњановски посочи јавните претпријатија „Комуналец“, „Нискоградба“, „Водовод“ и ТППЕ Битола, да извршат санација на местата каде е предизвикана штета.

- Екипите дејствуваат координирано и ќе останат на терен се до расчистување на сите локации, соопштија од Општина Битола.

притисни ентер