Драма во авион: Над 30 патници се повредени поради силните турбуленции (ВИДЕО)

Патничкиот авион „Боинг 787-9 Дримлајнер“ на Ер Европа принудно слета во Бразил поради силни турбуленции во кои се повредени 30 лица.

Авионот летал од Мадрид кон Монтевидео кога се случил инцидентот, соопшти авиокомпанијата, јавува Би-би-си.

Летот UX045 бил пренасочен кон аеродромот Натал во североисточен Бразил на пат кон главниот град на Уругвај, објави шпанската компанија на X.

Оттаму додаваат дека повредените патници „примаат помош“.

Авионот, во кој имало 325 патници, наиде на турбуленции над Атлантикот додека се приближуваше до бразилскиот брег, изјави портпаролот на Ер Европа.

Авионот слетал нормално и го пречекале голем број амбулантни возила.

Аеродромските власти соопштија дека на некои патници им била потребна медицинска помош и биле пренесени во најблиската болница.

Локален медицински тим за бразилските медиуми изјавил дека лекувале најмалку 30 патници од различни националности и дека 10 од нив биле пренесени во болница.

Пациентите се здобиле со повреди на главата за време на турбуленциите, вклучувајќи фрактури на черепот и исекотини на лицето, додаде тимот.

Инцидентот се случува неколку недели откако лет на Сингапур ерлајнс беше погоден од силни турбуленции над Мјанмар, при што беа повредени неколку луѓе, а еден Британец загина.

Тешките турбуленции се ретки, но неодамнешните студии покажаа дека климатските промени може да го зголемат ризикот.

Во Шпанија се уапсени 54 лица поради изнуда на пари и грабежи од постари граѓани

Шпанската и португалската полиција уапсија 54 лица одговорни за кривични дела изнуда и грабежи извршени врз постари граѓани, соопшти денеска Европол.

Користејќи комбинација од лажни телефонски повици и социјален инженеринг, членовите на криминалната група од жртвите изнудиле 2,5 милиони евра, се вели во соопштението.

Некои од најмалку 84 потврдени жртви ги загубиле животните заштеди кога криминалците ги принудиле да им ги предадат парите на нивниот праг.

Шпанската национална полиција и португалската правосудна полиција спровеле 19 рации низ Пиринејскиот Полуостров и заплениле важни дигитални и физички докази за злосторствата.

Еден од главните криминалци бил фатен на лице место и уапсен; со тоа што полицијата го нашла како седи пред својот компјутер со банкарските податоци на една од жртвите.

Освен што собрале компјутери, лаптопи, мобилни телефони, сим картички и замрзнувале банкарски сметки, во претресените простории на лице место биле пронајдени и канабис и кокаин.

Користејќи докажан начин на работа и делејќи ја работата помеѓу членовите, криминалната мрежа систематски ги таргетирала постарите шпански граѓани.

Претставувајќи се како вработен во банка, криминалецот ја контактирал жртвата и ја убедувал дека има проблем со неговата банкарска сметка. Оваа криминална тактика најчесто се спроведувала преку телефон.

Откако ќе извлечеле некои основни информации, имитаторот ќе ги споделел со другите членови на криминалната мрежа кои се појавувале на прагот на жртвите.

Преку притисок врз жртвите со тактики за заплашување и социјален инженеринг, измамниците ги преземале платежните или кредитните картички и ќе извлечеле PIN-кодови и банкарски детали. Во некои случаи, криминалците, исто така, насилно влегувале во домовите на жртвите, крадејќи готовина и вредни предмети како што е накит.

Како последен чекор во овој криминален процес, сторителите ги користеле украдените картички за подигање пари од банкомати или скапи набавки, додека банкарските податоци биле злоупотребени за т.н. преземање сметка.

Средствата биле депонирани на неколку шпански и португалски сметки контролирани од измамниците, од каде биле канализирани во разработена шема за перење пари. За да се прикрие потеклото на недозволените средства се користела широка мрежа на преносители на пари, надгледувани од специјализирани членови на организацијата.

Користејќи ги аналитичките и координативните способности на Европол, истражителите од Шпанија и Португалија работеле со експерти на Европол на оперативните состаноци за да создадат разузнавачка слика, се вели во соопштението.

Во Шпанија се приведени 40 осомничени, а тројца се во притвор во Португалија и чекаат екстрадиција во Шпанија.

Норвешката принцеза наскоро се мажи за бисексуален шаман, свадбата ќе трае четири дена (ФОТО)

Најстарата ќерка на норвешкиот крал Харалд V, принцезата Марта Луиз, се мажи за помалку од два месеци.

На 31 август таа ќе му каже „I do“ на својот вереник Дурек Верет. Церемонијата ќе има два дела предводени од официјални лица од различни религии, пишува Дејли мејл.

„Среќни сме да објавиме дека пречесниот Маргит Ловизе Холте ќе чиноначалствува на нашата венчавка во Гејрангер на 31 август по церемонијата на венчавка во Норвешка црква. Мајкл Беквит исто така ќе одржи поздравен говор на церемонијата“, рече принцезата. За да можат на свадбата да дојдат гости од целиот свет, парот резервирал неколку хотели во околината. Гостите таму ќе престојуваат во текот на четирите дена на прослава.

На самиот ден на венчавката гостите ќе уживаат во тричасовно возење со брод по фјордот Гејрангер кој ќе ги однесе на церемонијата. По церемонијата ќе следи дочек и забава во норвешки хотел. Гостите ќе ги забавува американскиот бенд Black Eyed Peas. Во поканата пишувало дека нема да биде дозволено фотографирање на венчавката.

За потсетување, Марта Луиз ја напушти функцијата како работен член на кралското семејство пред две години, најмногу поради контроверзните ставови на нејзиниот партнер. Дурек се декларира како бисексуалец и се нарекува шаман.

Во својата книга Spirit Hacking, тој сугерираше дека ракот е избор, препорача вежби за отстранување на „отпечатоците“ од женските вагини оставени од претходните сексуални партнери, а на својата веб-страница продава шкафче од 222 долари наречено „Spirit Optimizer“ за кое тврдеше дека помогнало да го победи Ковид. Сето ова ги крена веѓите во трезната Норвешка. „Тој е измамник, шарлатан и лажго“, рече еднаш колумнистот и хуморист Дагфин Нордбо.

52-годишната Марта Луиз ќе се омажи за Дурек седум години по разводот од нејзиниот прв сопруг, писателот Ари Бен, со кого има три ќерки. Поранешниот пар се венча во мај 2002 година.

Ријана објави снимки во долна облека и ја најави својата нова колекција (ФОТО)

Ријана објави две фотографии на Инстаграм профилот на нејзиниот моден бренд за долна облека.

На овој начин таа најави обнова на соработката со Адам Селман, моден дизајнер со кого веќе соработуваше во минатото.

Таа позира во црн комплет долна облека и проѕирно црно здолниште кое не крие многу.

„Оригиналната соработка на Ријана и Адам Селман за Savage X се врати“, напиша Ријана под објавата и многу ги возбуди нејзините следбеници.

Минатиот месец Ријана лансираше нова линија на производи за нега на коса наречена Fenty Hair. Тоа е најновата експанзија на нејзиниот бренд за убавина Fenty, што ја направи милијардерка. Таа нагласи дека нејзината нова линија на производи за нега на коса ќе вклучува формули дизајнирани за обновување, кои ќе бидат погодни за сите типови коса.

Таа стана и новото лице на класичната линија на мириси на Диор, J'Adore.

притисни ентер