Токсини од стафилококус најдени во бомбиците во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“

Од Институтот за јавно здравје за Канал 5 потврдија дека токсини од стафилококус најдени во бомбиците во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“.

Во ова училиште 140 деца од прво до трето одделние се затруле откако на 26 септември јаделе муска и бомбици.

Од ИЈЗ потврдија дека токму во бомбиците се пронајдени токсини од стафилококус.

САД: Израел „во моментов спроведува“ ограничени операции во Либан

Израел „во моментов спроведува“ ограничени операции насочени против Хезболах во соседен Либан, соопшти Стејт департментот.

„Тоа е она што не информираа дека во моментов го спроведуваат, а тоа се ограничени операции насочени кон инфраструктурата на Хезболах во близина на границата“, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Либанската армија ги репозиционира војниците стационирани на нејзината јужна граница, изјави либански воен претставник, откако САД соопштија дека Израел ги информирал за ограничените копнени операции во Либан.

Либанската армија ги „репозиционира и регрупира силите“ на јужната граница по заканите за израелски упад, рече претставникот, барајќи анонимност.

Либански медиуми јкавија дека има гранатирање во близина на пограничните области Вазани, долината Киам, Алма Ал Шааб и Накура.

Вазани и Киам се веднаш спроти Метула во северен Израел - една од трите локации што израелската војска денеска ги прогласи дел од затворена воена зона.

Во изминатата недела, Израел силно бомбардираше цели во источните, јужните и јужните предградија на Бејрут на земјата, убивајќи стотици луѓе и раселени до еден милион, според либанските власти. /МИА

Израел прогласи дел од северната граница за „затворена воена зона“

Израелската војска денеска прогласи воена зона во делови од северната граница со Либан пред можни копнени операции во соседната земја.

„Областите Метула, Мисгав Ам и Кфар Гилади во северен Израел се прогласени за затворена воена зона. Влез во тие области е забранет“, се вели во соопштението на војската. /МИА

Рама реагираше по хаосот во парламентот: Ние сееме, тие уништуваат

Реагираше и Нико Пелеши, координатор на пратеничката група на Социјалистичката партија и до неодамна министер за одбрана.

Албанскиот премиер, Еди Рама, реагираше во врска со случувањата во Собранието на денешната пленарна седница, на која пратениците на Демократската партија направија хаос со собраниската сала и ги запалија столчињата, откако ги изнесоа пред собраниската зграда.

- Доаѓајќи овде некој ми ја пушти оваа слика... ова е оган запален со столчињата на пратениците избрани да седат и да ги претставуваат оние што ги гласале и тоа како знак, на револт против судска одлука, рече Рама на средбата „Пратеникот што го сакаме“.

Рама понатаму рече дека „политиката има моќ да сее но и истребува“.

-Денес од нас се очекува одговорност, политичка претпазливост и посветеност на реформите кои ги опфаќаат европските вредности. Верувам дека меѓу овие две гледишта, се разбира не апсолутна туку релативна, денес овде има поделба меѓу нас, оние кои се обидуваат да лечат, садат... и оние кои уништуваат, откорнуваат, палат, рече Рама.

Реагираше и Нико Пелеши, координатор на пратеничката група на Социјалистичката партија и до неодамна министер за одбрана.

-Собранието треба да биде храм на етиката и почитувањето на правото, а не сцена каде насилно се крши законот. Нашите пратеници не се таму за да се караат со столчиња, туку да се расправаат со зборови. На пратеникот не може да му се толерира ништо што му е забрането на обичниот граѓанин. Уште повеќе насилство, порача Пелеши./МИА

притисни ентер