Тите доби отказ во Фламенго

Бразилскиот фудбалски клуб Фламенго денеска го отпушти тренерот Тите.

Должноста на негово место до крајот на годината ќе ја извршува поранешниот дефанзивец на Атлетико Мадрид, Филипе Луис, кој досега беше тренер на една од младинските екипи на Фламенго.

Тите доби отказ ден по победата од 1-0 против Атлетико Паранаенсе во натпревар од бразилската лига на кој тренерот на Фламенго беше исвиркан од навивачите.

Тите имаше договор до крајот на годината.

Фламенго в среда ќе игра против Коринтијанс во полуфиналето на Купот на Бразил и тоа е последната шанса на клубот да освои трофејот оваа година.

Тите ја предводеше репрезентацијата на Бразил на СП во 2018 и 2022 на кои беше елиминиран во четвртфиналето. /МИА

Се оствари! Електричниот „Volkswagen ID.3“ чини исто колку и „Golf“

Продажната цена на овој компактен електричен автомобил за прв пат ќе се спушти под границата од 30.000 евра.

„Wolfsburger Nachrichten“ јавува дека електричниот „Volkswagen ID.3“ ќе биде значително поевтин.

Продажната цена на овој компактен електричен автомобил за прв пат ќе се спушти под границата од 30.000 евра.

Каталошката цена на основната „ID.3 Pure“ (батерија 52 kWh, домет 320 km) од 1 октомври ќе се намали од сегашните 36.900 на 33.330 евра.

Производителот сепак одобрува дополнителен попуст од 3.570 евра. Автомобилот затоа ќе чини 29.760 евра. Понудата треба да биде активна барем до крајот на годината.

„Нашата цел е да инспирираме што е можно повеќе клиенти да се префрлат на електричен „Volkswagen“. Атрактивните почетни цени играат важна улога во тоа“, рече Мартин Сандер, директорот за продажба на марката, за споменатиот весник.

Така, „ID.3“ ќе чини исто како и пристојно опремен „Golf“.

„Volkswagen ID.3“ беше претставен во 2019 година како електрична алтернатива на бестселерот „VW Golf“. Компанијата долго време не сакаше да се приклучи на „војната за цени (намалување) на електричните автомобили“ што ја започна Тесла и кинеската конкуренција.

Сепак, целите на Европската унија влијаеја врз деловната политика на компанијата. Од следната година, сите производители ќе треба да го намалат отпечатокот на CO2 на нивната флота.

Ако не ги исполнат целите, ќе платат огромни казни. Овој потег на „Volkswagen“ треба да се толкува токму во тој контекст.

Извор: Б92

Мајкрософт ја врати својата најконтроверзна функција за вештачка интелигенција

Една од омразените карактеристики се враќа во ново руво, сега дизајнирана со подобри опции за безбедност и приватност.

„Microsoft Recall“, алатката за пребарување која користи вештачка интелигенција и ја користат компјутерите „Copilot+“, беше прекината многу брзо кога корисниците забележаа што прави и како го прави тоа.

Да потсетиме, „Recall“ беше промовирана како една од големите „AI“ функции за „Copilot+“. Може постојано да прави слики од екранот од компјутерски уреди, да ги индексира, а потоа да користи генеративна вештачка интелигенција за да ги претвори фотографиите во база на податоци за историјата на компјутерот што може да се пребарува.

Сепак, раните тестови на „Recall“ покажаа дека тие слики од екранот немаат енкрипција, односно не се шифрирани, туку ќе содржат чувствителен материјал како банкарски информации, а самата база на податоци била хакерски сон.

„Recall“ сега се враќа, а во соопштението „Microsoft“ вели дека новата верзија е дизајнирана со подобрувања во безбедноста и приватноста.

Функцијата сега е исто така опционална, така што нема да биде стандардно овозможена и може целосно да се отстрани од „Windows“.

Извор: Б92

Земјотрес во Берово и околината

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML од 3.2 степени е регистриран вечерва во 21 часот и 28 минути, во епицентралното подрачје Делчево-Берово,  соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Берово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

притисни ентер