Хамилтон: Од дете се борев со депресијата

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон (39), во интервју за лондонски Тајмс откри дека уште од детството се борел со депресија, најпрво справувајќи се со малтретирање на училиште, а потоа со притисокот во Ф1.

Хамилтон, кој се натпреварува од својата шеста година, рече дека и како возрасен се борел со депресијата и оти му било тешко да зборува за тоа.

„Имаше злоставување и малтретирање на училиште. Немав со кого да разговарам. Целиот мој живот се борев со менталното здравје и депресијата уште од раното детство, од мојата 13. година. Кога имав дваесет години имав навистина тешки фази“, изјави Хамилтон во интервју за Тајмс.

Хамилтон дебитираше во Формула 1 во 2007 година на 21-годиншна возраст, станувајќи првиот црномурест возач во конкуренцијата. Тој го освои шампионатот следната година и го израмни рекордот на Михаел Шумахер од седум светски титули во 2020 година.

Британецот изјави дека денес се чувствува позрел отколку порано во кариерата.

„Учиш за работите кои ти ги пренеле родителите, забележуваш шеми, како реагираш на нештата, како можеш да го промениш тоа. Она што можеше да ме налути во минатото не ме лути денес“, додаде тој.

Возачот на Мерцедес, кој треба да му се приклучи на Ферари следната година, во моментов е шестопласиран во Светскиот шампионат во Формула 1, пред следната трка на 20 октомври во Остин./МИА

Грчките власти им забраниле влез на албанските новинари за да присуствуваат на собирот на Рама

Грчките власти не им дозволиле влез на албанските новинарски екипи кои требало да ја следат утрешната средба на премиерот Еди Рама со албанската дијаспора во Солун.

- Новинарите беа запрени со образложение дека не ја запазиле регуларната процедура. Од нивна страна е демантирано ова образложение на грчките власти наведувајќи дека надлежните се известени за имињата на медиумските работници кои ќе одат во Солун, објави Ора њуз.

Според албанските новинари, грчката гранична полиција не им дозволила да поминат без да добијат овластување од грчкото МНР.

- Во меѓувреме во Солун веќе се пристигнати припадници на албанската национална гарда и специјалната единица "Ренеа", кои заедно со грчката полиција ќе се грижат за обезбедување на настанот, наведува телевизијата.

Средбата во Солун е закажана за 11 часот, а грчките десничарски екстремистички групи најавиле дека ќе протестираат пред салата каде што ќе се одржи средбата на премиерот Рама со албанската дијаспора.

Уапсен маж по експлозијата во Атина, во која загина едно лице- познати се деталите

Грчката полиција уапси 31-годишен маж, кој е осомничен за експлозијата на бомба во стан во Атина, во која загина еден маж, а една жена е тешко повредена.

Полицијата соопшти дека случајот е поврзан со герилски групи и дека експлозијата се случила при изработка на бомба, пренесе Ројтерс.

Уапсениот Грк вчера сведочеше и рече дека ги споделил клучевите од станот со парот осомничен за експлозијата, но негирал каква било вмешаност во инцидентот.

Во текот на изминатите 20 години, во Грција се појавија бројни левичарски и анархистички герилски групи кои објавија војна против сите форми на владеење, по уништувањето на групата „17 Ноември“.

Експлозии на бомби и подметнати пожари врз политичари, полицајци, судии и бизниси беа вообичаени за време на грчката должничка криза од 2009 до 2018 година.

Претседателот на Австрија оди на операција на ‘рбетот, ќе го менува канцеларот

Претседателот на Австрија, Александар Ван дер Белен, кој го надгледува спроведувањето на коалициските преговори по неодамнешните избори во земјата, ќе мора да оди на операција на 'рбетот, соопштија од неговиот кабинет.

Овој 80-годишник, кој е на чело на државата од 2017 година, од почетокот на годината се бори со дегенеративни промени на интервертебралниот диск.

„Неодамна неговата состојба се влоши. Тој ќе биде подложен на рутинска операција во Виена во следните денови“, соопштија од неговиот кабинет. За време на лекувањето и закрепнувањето на претседателот, ќе го застапува канцеларот Карл Нехамер, соопштија од кабинетот на Ван дер Белен.

„На претседателот му посакувам успешен третман и брзо закрепнување“, напиша Нехамер на X.

притисни ентер