Тејтум: Трофејот ми значи цел свет

Најголемата ѕвезда на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум е пресреќен што конечно успеа да дојде до шампионскиот трофеј во НБА-лигата.

-Шампионската титула ми значи како цел свет. Толку долго го чекавме овој момент. Проклето сум благодарен, беше првиот коментар на Тејтум по големиот успех.

Бостон селтикс рано утрово го совлада Далас маверикс со 106:88 и ја заокружи финалната серија со 4:1 во победи.

Титулата е 18-та за Бостон што е нов рекорд во историјата на НБА-лигата. /МИА

Заменик-министерката Трајков оствари средба со претставници од Шведската агенција за миграција

Заменик министерката Трајков го поздравила интересот на Шведска за унапредување на соработката.

Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков се сретна со повеќечлена делегација од Шведската агенција за миграција (SMA), државна институција одговорна за управување со прашањата поврзани со миграцијата во Шведска, соопштија од Министерството за европски прашања.

Од делегацијата предводена од шведската амбасадорка во Скопје, Ами Ларсон Џеин ја истакнале посветеноста на Шведската Влада кон миграцијата како клучен приоритет, нагласувајќи дека активно работат на зајакнување на меѓународната соработка за поддршка на безбедна, контролирана и легална миграција.

Претставниците на Шведската агенција за миграција споделиле информации за тековната студија која ќе постави основа за нова програма насочена кон јакнење на капацитетите за миграција во земјите на Западен Балкан, вклучително и Република Северна Македонија.

На средбата било дискутирано за моменталните предизвици во областа на миграцијата, како и за приоритетите на државата, особено во контекст на борбата против нерегуларната миграција, спречувањето на трговијата со луѓе, управувањето со визните прашања и подобрувањето на капацитетите на притворските центри.

Заменик министерката Трајков го поздравила интересот на Шведска за унапредување на соработката, истакнувајќи ја важноста на миграционата политика за процесот на пристапување кон Европската Унија. Таа нагласила дека јакнењето на институционалните капацитети и регионалната координација се клучни за ефикасно справување со миграциските предизвици.

Двете страни се согласиле дека развојната соработка најдобро се спроведува преку тесна координација со релевантните државни органи, земајќи ги предвид тековните активности.

Реакција од СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски

Изјавите на Мицкоски за „деполитизирана и професионална администрација“ се ништо повеќе од празни зборови кои се целосно спротивни на реалноста што ја креира неговата Влада.

Ова е уште еден апсурден обид да се прикаже лажна реалност додека граѓаните сведочат за невидена партизација и злоупотреба на јавната администрација.

Денес, администрацијата е претворена акционерско друштво за вработување на партиските кадри. Наместо компетентни и професионални кадри за шест месеци Мицкоски ги деградираше професионалците и постави луѓе без никакви компетенции и знаења, а од квалификации поседуваат само партиска книшка на ВМРО-ДПМНЕ.

Досега видовме систематско прекршување на процедурите, поставување на три заменици директори во Царина, поставување на директор на АНБ спротивно на законот, поставување на раководители без соодветни квалификации. Јавната администрација стана заробеник на ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните се оставени да се борат со бавни услуги, хаос и нефункционалност.

Како може Владата, која отворено игнорира закони и критериуми за назначување кадри, да ветува „вреднување на трудот“?

Мицкоски треба да престане со манипулациите и партизирањето. Јавната администрација мора да биде сервис за граѓаните, а не алатка за партиски интереси. Наместо празни зборови на конференции, потребни се конкретни дела: итна департизација, санкции за корумпираните функционери и воспоставување јасни и транспарентни критериуми за вработување и напредување во администрацијата.

Граѓаните заслужуваат ефикасна, професионална и независна администрација. Во лагите на Мицкоски не верува никој.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Герасимовски: Учениците бараат почист воздух

Учениците бараат почист воздух, неопходна е стратегија од сите општини и градската власт.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски утрово одржал час по локална самоуправа со учениците од четврто одделение од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, при што ги запознал со работата на локалната самоуправа и тековните активности, но и како функционира Советот.

Како што соопштија од Општина Центар, Герасимовски потенцирал дека еден од главните приоритети во неговиот мандат е подобрувањето на основните училишта на територија на општината.

- Во изминатите три години заедно со мојот тим значително ги подобривме условите во училиштата. Во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ го саниравме покривот и обезбедивме сензорна соба. Првачињата од Песталоци, но и од сите осум други училишта добија бесплатни ранци и училишен прибор. Направивме реконструкција на четири училници и нова спортска сала во „Кочо Рацин“ и изградивме четири нови училници, два кабинети, еден тоалет за лица со попречености во училиштето „Коле Неделковски“. Ги саниравме училниците во ООУ „Димитар Миладинов” и реконструиравме свечената сала”, изјави Герасимовски по средбата.

Во однос на прашањата од учениците како да се намали загадувањето на воздухот, Герасимовски нагласил дека потребна е заедничка стратегија на градот и општините за да им се помогне на граѓаните.

- Општина Центар се грижи за здравјето на дечињата, поставени се прочистувачи за воздух во секоја училница во сите осум училишта. Како еден од проектите што ги имплементираме е доделување субенции за купување велосипеди со што ги поттикнуваме жителите на Центар за еко превоз како подобра алтернатива. Центар е највело општина која се грижи за велосипедистите. Но, мора сите општини заедно со градската власт да направиме план за проблемот со загадувањето, рекол Герасимовски.

притисни ентер