Свечена академија по повод 23 октомври под слоганот „Завет кој обврзува“

Под слоганот „Завет кој обврзува“, во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа свечена академија по повод 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба.

На свечената академија се обрати премиерот Мицкоски.

Свечената академиоја ја следеше Јана Јосифоска.

Јана какви пораки упати претседателот на Владата, Мицкоски

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Си Џинпинг ги повика земјите од БРИКС да се придржуваат на три принципа за кризата во Украина

Кинескиот претседател ги повика земјите од БРИКС да се придржуваат на три принципа за решавање на кризата во Украина

Кинескиот претседател, Си Џинпинг, ги повика членките на БРИКС да се придржуваат на три основни принципа за деескалација на украинската криза: запирање на ширењето на воените операции, намалување на борбите и воздржување од провокации.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека лидерите на БРИКС покажале подготвеност да помогнат во решавањето на конфликтот во Украина, и дека Русија ги цени тие напори. - Многу земји изразуваат желба да придонесат за решавање на конфликтот, а претседателот Путин го поздравува тоа, рече Песков.

На прашањето дали иницијативите на Кина и Бразил се обид за притисок врз Русија, Песков одговори дека „никако“ не е така.

Кубанскиот енергетски систем се опоравува: 70 отсто од потрошувачите веќе имаат струја

 Кубанските власти соопштија дека 70 отсто од потрошувачите на Куба повторно добиле електрична енергија, откако снабдувањето беше прекинато поради дефект на термоелектраната „Антонио Гитерас“ во Матанзас.

Министерството за енергетика на Куба соопшти дека работат на целосна обнова на електроенергетскиот систем. Русија претходно најави дека ќе пружи помош на Куба во врска со овој колапс на електросистемот.

Поправките на термоелектраната што се изведуваа во текот на викендот не дадоа резултати, по што повторно беше прекинато делумното снабдување со електрична енергија кое накратко беше обновено.

Куртоа поради повреда ќе го пропушти Ел Класико

риесет и двегодишниот Белгиец нема да може да игра против Барселона.

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа се повреди на натпреварот од 3. коло во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд (5:2).

Триесет и двегодишниот Белгиец нема да може да игра против Барселона.

- По прегледот на Куртоа од страна на медицинската служба на Реал Мадрид, му беше констатирана повреда на аддукторниот мускул на левата нога, стои во соопштението на официјалниот сајт на мадридскиот клуб.

Најверојтано и напаѓачот Родриго нема да игра на Ел Класико. Дваесет и тригодишниот Бразилец заработи повреда на мускулот синоќа на натпреварот против Борусија. На прес-конференцијата по натпреварот, повредата на напаѓачот ја потврди тренерот, Карло Анчелоти.

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се одигра на 26 октомври во рамките на 11. коло во шпанското фудбалско првенство.

притисни ентер