Си Џинпинг ги повика земјите од БРИКС да се придржуваат на три принципа за кризата во Украина

Кинескиот претседател ги повика земјите од БРИКС да се придржуваат на три принципа за решавање на кризата во Украина

Кинескиот претседател, Си Џинпинг, ги повика членките на БРИКС да се придржуваат на три основни принципа за деескалација на украинската криза: запирање на ширењето на воените операции, намалување на борбите и воздржување од провокации.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека лидерите на БРИКС покажале подготвеност да помогнат во решавањето на конфликтот во Украина, и дека Русија ги цени тие напори. - Многу земји изразуваат желба да придонесат за решавање на конфликтот, а претседателот Путин го поздравува тоа, рече Песков.

На прашањето дали иницијативите на Кина и Бразил се обид за притисок врз Русија, Песков одговори дека „никако“ не е така.

Видео: Куче на врв на пирамида во Гиза

Ја спуштија камерата на врвот на пирамидата и останаа запрепастени од глетката. Никоја не очекуваше на врвот на пирамидата да види куче.

Авантуристот Алекс Ланг летал со својот моторизиран параглајдер околу Големата пирамида во Египет кога видел нешто чудно во далечината.

Заинтригиран, авантуристот дошол поблиску за да погледне подобро, и останал вчудоневиден од тоа што го видел. На врвот видел куче како лае и шета околу врвот на Големата пирамида во Гиза.

„Кучето лаеше по птиците што летаат над неговата глава“, рекол Алекс подоцна.

Видеото на Ланг стана вирално откако беше споделено од Маршал Мошер, авантурист и спортист, и собра речиси 800.000 лајкови на Инстаграм. Гледачите биле импресионирани од глетката и немо го гледале кучето, но откако го погледнале видеото, сите останале со истото прашање: како кучето стигнало до врвот на пирамидата?

Инаку, пирамидата била изградена од 2580 до 2565 година п.н.е., за време на владеењето на фараонот Куфу, а таа е најголемата од трите пирамиди во Гиза. Едно од чудата на античкиот свет, оваа структура ги збунува археолозите со векови и продолжува да привлекува милиони туристи секоја година.

Томовски: Сите државни службени возила во рок од три до шест месеци ќе добијат таблички во боја

Во минатото имало дава обид за злоупотреба на владиниот авион, околу 600 служнбени возила наскоро ќе добијат таблички во боја.

Ова во разговор за Канал 5 го истакна директорот на службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски. Со него разговараше Ивана Стојановска

Мурињо: Ако на Манчестер С е без титула во Премиер лигата, тогаш Манчестер Ј ќе ми должи бонус

Ако на Манчестер сити му ја одземат титулата во Премиер лигата, тогаш Манчестер јунајтед ќе ми должи бонуси

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека доколку на Манчестер сити му се одземат бодовите и титулата во Премиер лигата 2017/18 им биде предадена на „црвените ѓаволи“, клубот ќе мора да му исплати бонуси.

- Мислам дека се уште имаме шанси да го освоиме шампионатот, бидејќи можеби лигата ќе го казни Манчестер сити и ќе му ги одземе бодовите, а потоа ќе станеме шампиони. Потоа ќе треба да ми платат бонуси и да ми испратат медал, изјави Мурињо за „Sky Sports“.

Тренерот исто така истакна дека си заминал од клубот со добри чувства кон него и му посакува се најдобро.

Во февруари оваа година, Премиер лигата објави дека Манчестер сити е обвинет за погрешни информации за приходите на клубот од сезоната 2009/10 до сезоната 2017/18. Дополнително, „граѓаните“ доставија лажни информации за бонуси на играчите и стручниот штаб.

притисни ентер