Берово го одбележува 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба

- Во чест на 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба, делегации од општествениот и политичкиот живот во Берово денеска положија свежо цвеќе пред споменикот на Димитар Беровски, на плоштадот во Берово. 

Во краткиот говор, пред присутните се читаше реферат за основањето на Македонската револуционерна организација, кое го означило почетокот на организираната борба, на македонскиот народ, кој се изборил за создавање самостојна македонска држава.

-Го чествуваме денот кога е формирана Македонската револуционерна организација. Денеска им оддаваме почит на сите што низ вековите се бореа и го дадоа својот живот за слободата на македонскиот народ и кои и денеска го отсликуваат македонскиот непокор и претставуваат симбол на слободата, беше кажано на денешното одбележување на значајниот датум во Берово.

По повод значајниот датум, срдечни честитки, по повод 23-ти октомври упати и градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

-Основањето на Македонската револуционерна организација означува почеток на организираното револуционерно движење на македонскиот народ за создавање на сопствена, независна држава. нека е за многу години денот, рече Пекевски.

Дали принцот Хари и Меган се пред развод??

Светските медиуми шпекулираат за наводниот развод на канадската актерка Меган Мркл и  британскиот принц Хари?!

Се погласни се шпекулациите дека Меган и Хари се разведуваат!

Ако им се верува на медиумските натписи на британски, шпански и американски портали - бракот на некогаш многу популарната актерка и принцот Хари, „побегнат“ од англиското благородништво е на „климави “ нозе.

Нивните неодамнешни соло јавни настапи само ги поттикнаа гласините за развод.

Додека принцот Хари патува во Африка, го посетува Лесото, присуствува на вечера организирана од Светската здравствена организација во Њујорк, посветена на луѓето кои претрпеле насилство во детството, настапува на добротворниот концерт на Кевин Костнер во неговиот имот во Калифонија, Меган Маркл оди на црвениот тепих во Лос Анџелес и учествува во развојна програма за девојки кои учат да стекнат самодоверба и независност. И двајцата се цело време сами!

Без другиот при рака дури и на фотографии.

Британските медиуми дури и видно го истакнаа прашањето - каде е Меган?

Видео: Куче на врв на пирамида во Гиза

Ја спуштија камерата на врвот на пирамидата и останаа запрепастени од глетката. Никоја не очекуваше на врвот на пирамидата да види куче.

Авантуристот Алекс Ланг летал со својот моторизиран параглајдер околу Големата пирамида во Египет кога видел нешто чудно во далечината.

Заинтригиран, авантуристот дошол поблиску за да погледне подобро, и останал вчудоневиден од тоа што го видел. На врвот видел куче како лае и шета околу врвот на Големата пирамида во Гиза.

„Кучето лаеше по птиците што летаат над неговата глава“, рекол Алекс подоцна.

Видеото на Ланг стана вирално откако беше споделено од Маршал Мошер, авантурист и спортист, и собра речиси 800.000 лајкови на Инстаграм. Гледачите биле импресионирани од глетката и немо го гледале кучето, но откако го погледнале видеото, сите останале со истото прашање: како кучето стигнало до врвот на пирамидата?

Инаку, пирамидата била изградена од 2580 до 2565 година п.н.е., за време на владеењето на фараонот Куфу, а таа е најголемата од трите пирамиди во Гиза. Едно од чудата на античкиот свет, оваа структура ги збунува археолозите со векови и продолжува да привлекува милиони туристи секоја година.

Томовски: Сите државни службени возила во рок од три до шест месеци ќе добијат таблички во боја

Во минатото имало дава обид за злоупотреба на владиниот авион, околу 600 служнбени возила наскоро ќе добијат таблички во боја.

Ова во разговор за Канал 5 го истакна директорот на службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски. Со него разговараше Ивана Стојановска

притисни ентер