Свечен јубилеен настан „Спортисти на годината“ за 2024 година

Во просториите на Националната опера и балет во Скопје денеска ќе се одржи настанот „Спортисти на годината“ за 2024 година, во организација на Министерството за спорт.

На свечениот јубилеен настан, како што е најавено, ќе се доделат спортските награди на најдобрите македонски спортисти, тренери и тимови за 2024 година со пропратна забавна програма и дружење.

Салах објави семејна фотографија со елката, бројни фанови го напаѓаат: Кој те принудува на ова?

Мохамед Салах и оваа година објави семејна фотографија во божиќно издание.

Фудбалерот на Ливерпул се сликаше со сопругата и ќерките пред елката. Многумина го нападнаа во коментарите под фотографијата бидејќи Салах е од исламска вероисповед. Му пишуваат дека направил харам (арапски збор за забрането).

Неговата објава, чиј опис вели само „Среќен Божиќ“, за само 30 минути предизвика повеќе од 47.000 коментари и доби над 430.000 лајкови. Меѓу многуте негативни коментари се издвојуваат следниве:

• „Ние муслиманите ве имаме за пример, а вие вака ни возвраќате“.

• "Кој те тера да го направиш ова?"

• "Избриши го ова, Мо!"

• „Ова мора да е дел од неговиот договор...“

• „За волја на Бога, не. Објави нешто за Палестина“.

• „Брате, и коцкањето е поправедно од ова“.

• „Дали уште треба да го нарекуваме Мухамед?

Салах и минатата година објави фотографија во божиќно издание. А потоа многу муслимани го нападнаа египетскиот фудбалер во коментарите. Има и такви кои го пофалија потегот на Салах и рекоа дека тој само покажува дека ги почитува и другите религии.

Англиски свештеник им кажа на учениците дека Дедо Мраз не постои- родителите збеснаа

Свештеник од Хемпшир, Англија, ги растажи основците велејќи им дека Дедо Мраз не постои и дека нивните родители оставаат подароци под дрвото.

Минатата недела тој требало да одржи час по веронаука и да зборува за раѓањето на Исус, но некако приказната се префрли на Дедо Мраз. Децата, очигледно, не биле подготвени за „големото откритие“, пишува Дејли мејл.

Пред шестоодделенците изјави дека Дедо Мраз не е вистински, дека родителите купуваат подароци и слатки, а потоа ги оставаат под елката. Се тврди дека многу деца биле „потресени“ и плачеле.

Малите им кажале на родителите што слушнале, а нивната реакција била бурна. Тие го опишаа однесувањето на свештеникот како „погрешно“ и дека тој „ја уништил божиќната магија“.

„Не знам како може да се поправи ова? И мислам дека тоа е апсолутно одвратно“, рекла една мајка.

На крајот, свештеникот морал јавно да им се извини на децата, родителите и училиштето во Хемпшир.

„Откако зборуваше за Библијата, тој даде неколку коментари за потеклото на Божиќ. Ја сфати својата грешка и безрезервно им се извини на сите. Директорот на училиштето веднаш стапил во контакт со родителите“, соопшти епархијата Портсмут.

Со автомобил се забил во пешаци во Лондон, властите велат дека не е терористички напад

Маж (31) утрово со автомобил удрил во пешаци во лондонскиот Вест Енд.

Тој е уапсен под сомнение за обид за убиство, а Метрополитен полицијата соопшти дека четири лица се пренесени во болница, од кои едното е во животна опасност.

Од полицијата додаваат дека станува збор за изолиран инцидент кој не е поврзан со тероризам.

притисни ентер