Судија во Индија ослободи силувач: “Не“ понекогаш значи “да“

Високиот суд во Делхи го ослободи филмскиот режисер Махмуд Фаруки од обвинението за силување на американска студентка.

Фаруки минатата година е осуден на седум години затвор поради силување на студентка од Универзитетот Колумбија. Жртвата изјавила дека неколку пати рекла “не“, но Фаруки не застанал.

Меѓутоа, судијата Ашутош Кумар во понеделник ја поништи пресудата и изјави дека Фаруки веројатно “не знаел дека наводната жртва не сака да стапи со него во сексуален однос“.

„Постојат случаи во кои млитавото “не“ може да значи “да“, изјави Кумар во изрекување на новата пресуда.

Жртвата на Фаруки исто така изјавила дека престанала да дава отпор поради страв дека може да биде убиена.

Индија се бори со бројните случаи на злоставување и сексуално насилство врз жените.

Адвокатите пред судовите често ги бранат напаѓачите со слободни интерпретации за согласност на сексуален однос. Меѓу останатото тие тврдат дека жените кои носат “провокативна“ облека или “не се борат доволно силно“ имплицитно се согласуваат на однос со силувачите.

Се урна едрилица во Австрија, загина 56-годипниот пилот

Во општина Бистрица во Корушка, Австрија, вчера загина 56-годишен пилот при пад на едрилица. 

Причината за несреќата засега не е позната, пишува 24ур.

Според досега познатите информации, мажот рано попладне полетал од аеродромот во Клагенфурт и влетал во словенечкиот воздушен простор. На враќање, од засега непознати причини, тој се урнал во северното подножје на планината Вајнеж веднаш зад границата.

Медиумите јавуваат дека австриските контролори добиле итен повик од леталото околу 16:40 часот. По неколку неуспешни обиди да се контактира со пилотот, започна операција за пребарување во која учествуваа полицијата и спасувачки хеликоптер. Околу 20 часот, остатоците од леталото се пронајдени во долината Рута во подножјето на Вајнеж.

Извор: 24ур

Фејсбук и Инстаграм ги прекршиле регулативите на ЕУ, следи истрага

Фејсбук и Инстаграм ќе бидат предмет на истрага за можни прекршувања на регулативите на ЕУ за онлајн содржини поврзани со безбедноста на децата, објави во четвртокот Европската комисија.

Од социјалните мрежи на Мета се бара да направат повеќе за борба против нелегалната и штетна содржина на нивните платформи според Законот за дигитални услуги на Европската унија (DSA), кој е во сила од минатата година.

Европската комисија објави дека одлучила да отвори детална истрага за Фејсбук и Инстаграм поради загриженоста дека тие не реагирале соодветно на ризиците за децата. Мета поднесе извештај за проценка на ризикот во септември.

„Комисијата е загрижена дека системите на Фејсбук и Инстаграм, вклучувајќи ги и нивните алгоритми, можат да стимулираат зависни однесувања кај децата, како и да создадат таканаречени „ефекти на зајачка дупка“, се вели во соопштението на Европската комисија.

Дополнително, Комисијата е загрижена и за методите за проверка на возраста на корисниците воведени од Мета.

Од друга страна, Мета тврди дека веќе има бројни онлајн алатки за заштита на децата.

„Сакаме младите луѓе да имаат безбедни онлајн искуства соодветни за возраста“, рече портпаролот на компанијата, истакнувајќи дека тие поминале една деценија работејќи на повеќе од 50 алатки и политики насочени кон заштита на децата.

„Ова е предизвик со кој се соочува целата индустрија и со нетрпение очекуваме да ги споделиме деталите за нашата работа со Европската комисија.

Мета веќе е под лупа на ЕУ за изборни дезинформации пред важните избори за Европскиот парламент следниот месец. Прекршувањето на „DSA“ може да резултира со казни до 6% од годишниот глобален промет на компанијата.

Извор: Б92

Манчестер сити четврти пат по ред шампион на Англија

Манчестер сити е шампион на Англија во сезоната 2023/24. 

Во натпреварот од 38. коло „Граѓаните“ на домашен терен го победија Вест Хем (3:1). Двоен стрелец беше Фил Фоден. Играчот од средниот ред погоди во 2. и 18. минута. Родри постигна уште еден гол од додавањето на Фоден во 59. минута.

Стрелец на единствениот гол за гостите беше Мохамед Кудус (42. минута).

Манчестер сити заврши на првото место во Премиер лигата со 91 бод пред Арсенал кој собра 89. Тимот на Пеп Гвардиола ја освои шампионската титула четврти пат во низа. Покрај тоа, ова е шеста титула за Гвардиола во Премиер лигата.

Вкупно Манчестер сити има 10 трофеи. По бројот на шампионски титули, пред Сити се само Арсенал (13), Ливерпул (19) и Манчестер јунајтед (20).

Вест Хем ја заврши сезоната на деветтото место на првенствената табела. /МИА

притисни ентер