Стефанова по распитот: Се што знам споделив со надлежниот обвинител

Нови 30 дена притвор за Бојан Јовановски и Зоран Милевски, им одреди Кривичниот суд на осомничените во случајот Рекет. Во меѓувреме, за аферата која со денови ја тресе Македонија, пет часа сведочеше обвинителката Лиле Стефенова.

По еден месец поминат во притвор двајцата осомничени за аферата Рекет, Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец остануваат во Шутка. Кривичниот суд им определи нови 30 дена по барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Овој случај и натаму ја бранува македонската, но и меѓународната јавност. Денеска пет часа во обвинителството во својство на сведок исказ даде и обвинителката од СЈО Лиле Стефанова чие име беше спомнато во бомбите на Ла Верита..Таа по распитот во изјава за медиумите рече дека е свесна за интересот на јавноста за оваа истрага, но истакна дека се што имала да каже изнела пред надлежната обвинителка Ивана Трајчева, а и во писменото соопштение кое беше објавено во петокот во кое пишува дека таа се противела на одлуките на Јанева. Обвинителката Стефанова не одговори зошто нејзините сознанија досега не ги пријавила во надлежните институции. Единствено кога беше побаран нејзин коментар за тоа дека бизнисменот и нејзин долгогодишен пријател Ванчо Чифлиганец ја демантирал дека преку дел од осомничените во Империја вршел влијание таа само рече дека “никој не ја демантирал”.

Од Обвинителството и натаму молк за тоа дали и кога ќе биде повикана да даде исказ специјалната обвинителка Катица Јанева, која од вчера, по годишниот одмор се врати на работа во СЈО. Во отсуство на поинтензивна истрага за аферата, истрагата петти ден по објавувањето на бомбите во „Ла Верита“ ја водат и медиумите. Новинарот Љубиша Николовски одговорност мора да има, а медиумите да не потпаѓаат под политичко влијание.

Вчера исказ за Рекет даде и обвинителката Елизабета Јосифовска. Какво ќе биде темпото на истрагата веројатно ќе биде појасно од утре, кога од годишен одмор се враќа обвинителката Вилма Русковска , која го води овој случај.

Хамас ќе одговори на планот за примирје во Газа во Египет в понеделник

Висок функционер на Хамас изјави денеска дека групата ќе го даде својот одговор на последниот  предлог на Израел за прекин на огнот во Газа в понеделник во Египет.

„Делегација на Хамас предводена од Калил ал-Хаја утре ќе пристигне во Египет... и ќе го достави одговорот на движењето“ на израелскиот предлог за време на состанокот со египетските разузнавачи, рече функционерот кој одби да биде именуван во изјавца за француски медиуми.

Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо е во трансфер плановите на Манчестер Јунајтед, објави денеска каталонскиот весник „Спорт“.

Според истиот извор, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на 25-годишниот Уругваец и е подготвен да му понуди на каталонскиот клуб повеќе од 80 милиони евра за трансферот.

Во моментов Араухо води преговори за продолжување на договорот со Барселона, но според медиуми, англискиот тим е во позиција да му понуди поповолни услови.

Араухо се пресели во Барселона во летото 2018 година.

притисни ентер