На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип

 Повеќе од 800 луѓе се заразиле со норовирус (стомачен грип) на пролетниот фестивал во Штутгарт, град во југозападна Германија, јави Би-Би-Си.

Не е познато како се шири вирусот, но бројот на заразени значително се зголеми во текот на неделата.

Претставниците на властите во Штутгарт веруваат дека изворот на инфекцијата не е храната и пијалоците кои се служат во фестивалскиот шатор, бидејќи анализираните примероци биле негативни.

Тестирани се и персоналот, како и садовите и водата што се користат за миење.

Градскиот здравствен институт смета дека вирусот се пренесувал од човек на човек, преку капки, иако не се знае кој го донел вирусот - посетител или вработен.

Посетителите набрзо се пожалиле на повраќање, дијареа и гадење.

Градските здравствени власти објавија дека до петок, 26 април, биле заразени 815 лица. Пролетниот фестивал на падините на реката Некар започна на 20 април и ќе трае 23 дена.

Блинкен разговараше со Галант за ситуацијата на теренот во Појасот Газа

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант му соошштил на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека израелската армија спроведува „прецизна операција“ во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант му соошштил на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека израелската армија спроведува „прецизна операција“ во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, додавајќи дека нема да се откаже од целта да се ослободат сите заложници, а членовите на Хамас да бидат елиминирани „и како војска и како администрација“.

„Тајмс оф Израел“ пренесува дека Галант и Блинкен разговарале за случувањата во Газа, вклучително и за воените операции низ целиот Појас во кој има присуство на терористички упоришта, како и за прецизните операции во Рафа против преостанатите баталјони на Хамас, додека истовремено се обезбедува преминот, што се однесува на преминот Рафа со Египет.

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, пренесе дека државниот секретар повторно го предупредил Галант за тоа Израел да не презема масовна офанзива во Рафа.

-Министерот изрази благодарност до секретарот Блинкен за поддршката што американската администрација ја дава на израелската безбедност, рече Милер.

Реакции од Атина и Софија за инаугурацијата на претседателката Силјановска Давкова

„Провокативна, незаконска и недозволива“ - вака грчкиот премиер Мицотакис ја оценува заклетвата на новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова. 

Мицотакис на социјалните мрежи напиша дека Сиљановска Давкова со тоа што не го изговорила зборот „Северна“ за време на нејзината заклетва го прекршила Преспанскиот договор и Уставот и посочи дека употребата на новото уставно име, избегнувањето провокации и почитувањето на овој договор се клучни и за напредокот на билатералните односи и за ЕУ перспективата на земјата.

„ Грција ги отфрла манипулациите како овие со кои госпоѓа Сиљановска го започнува својот мандат. Ја повикува да се врати на нејзините законски должности и на однесувањата кои произлегуваат од нејзината улога. Категорично изјавуваме дека нема да прифатиме вакви лапсуси. И повторуваме дека секој напредок во билатералните односи, како и секој чекор на Скопје кон Европа, зависат од искреното почитување на договореното. Од правилната употреба на уставното име на соседната држава. И, секако, од избегнувањето провокации.“- Кирјакос Мицотакис.

Реакции по инаугурацијата пристигнаа и од институциите на ЕУ. Портпаролот на Европската Комисија за надворешни работи Петер Стано порача дека ЕУ очекува од новите власти во Македонија да покажат посветеност на европсакта иднина со почитување на договорите со Грција и Бугарија. Тој не сакаше да даде одговор какви мерки ќе преземе унинјата доколку новото раководство во државава не ги почитува договорите.

Остри тонови кон европерспективата на Македонија пристигнаа и од официјална Софија. По инаугурацијата на Сиљановска Давкова се огласија и бугарскиот претседател Радев и тамошниот вд премиер Димитар Главчев со став дека Бугарија не прифаќа изјави и однесување кои се во спротивност на Договорот за добрососедство, како и договорите меѓу ЕУ и Македoнија.

Радев воедно порача дека европската перспектива на Македонија зависи од стриктното спроведување на меѓународните договори од кои земјата е дел, како и од Преговарачката рамка одобрена од Европскиот совет во 2022 година, која вели дека нема да биде ревидирана.

Кабинет на Силјановска Давкова: Претседателката има право да го употребува името Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова и МНР на различен начин го толкуваат неупотребувањето на придавката „Северна“ за време на вчерашната заклетва.

По низата реакции, од кабинетот на нпвата претседателка се огласија преку соопштение, во кое пишува дека таа има право во јавни настапи да го употребува името Македонија како право на самоопределување и самоидентификација.

-Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име. Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име.. – стои во официјланот став на Силјановска Давкова, во кој уште оценува дека македонските институции во последниве 5 години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и очекува истото да го направат и останатите што презеле билатерални и мултилатерални обврски кон земјава,- Кабинет на Претседателката Сиљановска Давкова.

Од министерството за надворешни работи, претходно повикаа на внимателност на сите функционери и повторија дека Министерството ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на Уставните одредби и целосното почитување на Договорот од Преспа.

-Повикуваме на внимателност од страна на сите политички чинители, особено на избраните државни функционери. Задржувањето на евроатлантскиот курс на земјава претставува основен стратешки интерес и гарант за долгорочната безбедност и стабилност на земјата-МНР.

Дека придавката на државното име нема да ја користи од позицијата Претседател, Сиљановска најавуваше уште во текот на предизборната кампања. И во интервју за Канал 5 на средината на април, тогашната кандидатка за претседател оцени дека има индивидуално право да вели „Македонија“ без „Северна“ и тоа според неа не значи никакво нарушување на односите со соседите.

„ Може да предизвика реакции, но јас на правото на самоопределување гарантирано со повелбата на ООН и со Пактот за граѓански и политички права, кадешто се вели дека тоа го вклучува правото на име, знаме, грб, правото на уставен и политички систем, го сфаќам дека важи и за мене, и наше индивидуално право на самоопределување.. Јас тоа што е уставна и правна реалност го почитувам... Претседателите на САД постојано се колнат и велат дека ќе работат за доброто на Америка, не велат на Соединетите Американски Држави, а Америка е и Канада, и средна и централна.. Тоа е не само духовно, туку јас и правно верувам дека е во ред. “-Гордана Силјановска Давкова – ( дел од интервју во предизборната кампања 17.04.2024 ).

Уште додека траеше свечената заклетва на Сиљановска, вчера реагираше грчката амбасадорка во земјава Филипиду, која во знак на протест по насока од МНР на Грција, ја напушти инаугуративната седница во Собранието..

притисни ентер