Потребни состојки : 500 гр.брашно, , ¼ коцка квасец, 500 гр. мелено месо, 1 главица кромид, малку масло, малку бибер, сол по вкус и малку шеќер.
Постапка:
Во подлабок сад со брашно се става: квасец, сол по вкус и малку шеќер и се замесува тесто со млака вода по потреба.
Откако тестото добро ќе се измеси се остава малку да отстои.
Од тестото се формираат 12 топчиња.
Од првите 7 топчиња се сукаат мали корички.
Коричките се премачкуваат со масло и се редат една врз друга.
Истата постапка се повторува и со трите и со двете преостанати топчиња.
Од седумте корички се расукува една поголема кора и се става во тепсија премачкана со масло.
Одозгора се става фил од пропржено мелено месо со сечкан кромид, зачинето со сол и бибер по вкус.
Од трите корички се сука поголема кора, се става врз меленото месо и се прамачкува со масло.
Од двете корички се сука поголема кора и се покрива втората кора.
Се прамачкува со масло и се виткаат краевите на тепсијата.
Корите се боцкаат со нож и се попрскуваат со вода,
Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20 тина минути.