Српскиот министер за внатрешна и надворешна трговија поднесе оставка

Министерот за внатрешна и надворешна трговија Томислав Момировиќ денеска поднесе оставка од функцијата, поради трагедијата во Нови Сад во која загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени при пад на настрешница, јави дописникот н МИА од Белград.

Како што пренсео српските медиуми, во текстот на оставката испратена до српскиот премиер Милош Вучевиќ, Момировиќ наведува дека поднесува оставка од функцијата министер за внатрешна и надворешна трговија и дека му е благодарен на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за довербата и наградата. Како што изјави Момировиќ, „тој е секогаш тука за него и за Србија“.

Пред Момировиќ, на 5 ноември, оставка поднесе Горан Весиќ од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Република Србија, поради притисокот на јавноста по уривањето на настрешницата на влезот на Железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 14 лица, а еден им подлегна на повредите. Уште две лица се во болница во тешка состојба.

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека „уште утре“ се очекуваат нови оставки во врска со несреќата во Нови Сад./МИА

Ерупција на вулкан во Исланд

Вулкан во близина на главниот град на Исланд доцна синоќа еруптираше по десетти пат во последните три години, исфрлајќи големи количества лава и чад, соопшти државната метеоролошка служба.

Додека магмата се акумулирала под земја, властите предупредија на неизбежна вулканска активност на полуостровот Рејкјанес, околу 30 километри југозападно од главниот град Рејкјавик, каде што последната ерупција заврши на 6 септември. Заспани 800 години, геолошките системи во областа беа повторно активирани во 2021 година и оттогаш еруптираа почесто, а последната е шеста досега во 2024 година.

Блискиот рибарски град Гриндавик, дом на речиси 4.000 жители, пред наредбата за евакуација минатиот декември, останува главно напуштен поради повремената закана од течењето лава. Исландските власти подигнаа бариери за да ги пренасочат тековите на стопените карпи подалеку од градот, како и од инфраструктурата како што се блиската електрана и Сината лагуна, бања со хотели и големи природни базени.

Научниците предупредија дека Рејкјанес веројатно ќе доживее повторени вулкански експлозии со децении, можеби дури и со векови. Сепак, не се очекува дека ерупциите ќе предизвикаат нарушување што беше забележано кога вулканот Ејафјалајокул еруптираше во 2010 година, ширејќи облаци од пепел низ Европа и приземјувајќи околу 100.000 летови ширум светот.

Исланд, со речиси 400.000 жители, се наоѓа на границата меѓу евроазиските и северноамериканските тектонски плочи, што го прави сеизмичко жариште со гејзери, извори на топла вода и десетици вулкани.

Северна Кореја и Русија потпишаа протокол за економска и научна соработка

Северна Кореја и Русија потпишаа протокол за соработка по состаноците за трговија, економија, наука и технологија во Пјонгјанг, објави севернокорејскиот државен медиум КЦНА.

Според руското Министерство за природни ресурси, земјите се согласиле да го зголемат бројот на чартер летови по состанокот

Помеѓу јануари и септември, бројот на туристи кои патувале меѓу Русија и Северна Кореја изнесувал повеќе од 5.000 луѓе, а повеќе од 70 отсто од нив патувале со авион. Се очекува зголемените чартер летови да полетуваат не само од источниот регион на Русија во близина на Северна Кореја, туку и од поголемите руски градови во други области, објавија руските медиуми, повикувајќи се на Министерството.

Пјонгјанг и Москва ги засилија дипломатските и економските размени во изминатите неколку години, што кулминираше со посетата на Путин на Северна Кореја во јуни, кога лидерите на земјите се договорија за заеднички одбранбен пакт.

Растечките одбранбени врски меѓу земјите предизвикаа меѓународна тревога, при што Вашингтон, Киев и Сеул ја осудија Северна Кореја за испраќање воена опрема и повеќе од 10.000 војници во Русија за да ја поддржи нејзината војна против Украина.

Литванија трет противник на македонските кошаркари во квалификациите за ЕП 2025

 Македонската кошаркарска репрезентација ги продолжува квалификациите за Евробаскет 2025. Во ноемврискиот „прозорец“ противник на „црвено-жолтите“ е селекцијата на Литванија.

Литванците се фаворите на двете средби, но од таборот на нашата репрезентација ветуваат максимална борбеност за секоја топка и искористување на секоја шанса.

Селекторот Александар Јончевски за првиот меѓусебен дуел ќе ги нема на располагање Ненад Димитријевиќ, Ти-Џеј Шортс ниту Итан Хап и ова е огромен хендикеп.

Првиот натпревар ќе се игра вечер од 18 часот во СРЦ „Кале“, додека реваншот се игра во Клаипеда на 24 ноември.

По две кола во Х-групата, Естонија е прва со 4 бодови, Македонија и Литванија имаат по 3, Полска е последна со 2 бода.

На Евробаскет 2025 година пласман автоматски како домаќин пласман обезбеди Полска, а нејзе ќе и се приклучат уште две најдобропласирани репрезентации.

притисни ентер