Северна Кореја и Русија потпишаа протокол за економска и научна соработка

Северна Кореја и Русија потпишаа протокол за соработка по состаноците за трговија, економија, наука и технологија во Пјонгјанг, објави севернокорејскиот државен медиум КЦНА.

Според руското Министерство за природни ресурси, земјите се согласиле да го зголемат бројот на чартер летови по состанокот

Помеѓу јануари и септември, бројот на туристи кои патувале меѓу Русија и Северна Кореја изнесувал повеќе од 5.000 луѓе, а повеќе од 70 отсто од нив патувале со авион. Се очекува зголемените чартер летови да полетуваат не само од источниот регион на Русија во близина на Северна Кореја, туку и од поголемите руски градови во други области, објавија руските медиуми, повикувајќи се на Министерството.

Пјонгјанг и Москва ги засилија дипломатските и економските размени во изминатите неколку години, што кулминираше со посетата на Путин на Северна Кореја во јуни, кога лидерите на земјите се договорија за заеднички одбранбен пакт.

Растечките одбранбени врски меѓу земјите предизвикаа меѓународна тревога, при што Вашингтон, Киев и Сеул ја осудија Северна Кореја за испраќање воена опрема и повеќе од 10.000 војници во Русија за да ја поддржи нејзината војна против Украина.

Мицкоски по средбите во Брисел: Ултиматуми не прифаќаме (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имаше бројни средби во Брисел, меѓу кои и со еврокомесарката Марта Кос.

„Македонската влада останува фокусирана на реформи, на обезбедување подобар живот на граѓаните, и нормално наша главна цел е обезбедување полноправно членство на нашата Македонија во рамките на Европската Унија“, изјави Мицкоски.

„Го реафирмиравме ставот дека ултиматуми не прифаќаме, подготвени сме да разговараме, и тоа онилку колку што е потребно за отворање на првиот кластер, бргу да го поминеме тој процес на преговори и да станеме земја- членка на ЕУ.“ додаде Мицкоски.

Драма во Вашингтон: Агенти на тајната полиција пукаат пред куќата на министерката за финансии

Агент на американската тајна служба испукал неколку истрели денеска рано наутро по локално време пред куќата на американската министерка за финансии Џенет Јелен.

Крадци се обидувале да упаднат во возила во близина на нејзината куќа во северозападен Вашингтон кога униформиран агент на Тајната служба испукал неколку истрели околу 3:30 часот, пишува Дејли Меил.

Осомничените побегнале од местото на настанот. Не е јасно дали тие се повредени за време на инцидентот.

Високи службеници за спроведување на законот го окарактеризираа инцидентот како „пукање на агентот“, според повеќе извештаи.

Тајната служба и Министерството за финансии не го коментирале овој настан.

Џенет Јелен е заштитена од агенти на американската тајна служба, но органите за спроведување на законот велат дека членката на кабинетот на претседателот Џо Бајден не била загрозен за време на инцидентот.

Виетнамска тајкунка мора да собере 9 милијарди долари за да избегне погубување

Виетнамскиот Врховен суд ја потврди смртната казна за тајкунката со недвижни, Труонг Мај Лан, која подолго време се обидува да се избори за казна доживотен затвор..

Таа беше осудена за проневера на 12 милијарди долари преку голема тајванска банка, а последна надеж да ја избегне смртната казна е да обезбеди девет милијарди долари, кој според законот ќе и овозможи доживотна робија..

Законот во Виетнам вели дека тоа може да се случи ако таа врати 75% од сумата што ја проневерила..

68-годишната Лан беше осудена дека како претседател на компанија за недвижнини, незаконски ја контролирала банката Сајгон во период од 10 години и земала заеми и готовина преку мрежа на лажни компании, во вкупна вредност од 44 милијарди долари..

притисни ентер