На социјалните мрежи многу спортисти даваат рецензии за храната која им се сервира во олимпиското село каде што престојуваат за време на Игрите. Храната ја служи прехранбената компанија „Содексо Лајв“, која не е само одговорна за оброците во Олимпиското село, туку и ги нуди своите угостителски услуги за гледачите, персоналот и спортистите на сите локации на натпреварот, се наведува на нивната официјална веб-страница.
Сепак, според спортистите - храната во олимпиското село не е ништо посебно. Американскиот одбојкар Ерик Шоџи ја покажа својата вечера по натпреварот. Јадел тестенини со сос од песто, брокула, пилешко на скара и тофу.
Тој вели дека пестото е секогаш добро, тестенините не биле преварени и рекол дека брокулата има вкус како да е на пареа. За пилешкото рече: „Вкусот е како што очекувате. Не е страшно, но не е ниту одлично“. Тофуто, пак, го разочара и едвај успеа да го пресече. „Не е супер, но е во ред. Храната е добра досега“, заклучил тој.
Гимнастичарката Алеа Финеган, која се натпреварува за Филипините, покажа како изгледа ресторанот во кој јадела. „Искрено, храната е добра, но не многу зачинета“, рече таа. Таа забележува дека во ресторанот има дел каде што може да набават дополнителни зачини, но не отишла да ги земе бидејќи бил преполн.
Но, ѕвездата на американската патека и терен, Равен Сандерс не е воодушевен од храната. Додека го покажуваше изгореното парче месо на стапче, употреби звук на кој пишуваше: „Ме изневери“.
„Тоа беше борба“, додаде таа во описот.
Има еден деликатес кој е омилен меѓу спортистите - чоколадниот мафин. Тој беше оценет со 5/5 од Ли Кифер, американски мечувач.
Истото го мисли и норвешкиот пливач Хенрик Кристијансен. Останатите јадења му биле просечни и не го возбудувале премногу.
Толку му се допаднал мафинот што снимил урнебесно видео од собата каде што земал неколку и ги сокрил во шкафчето.
Освен спортистите, Енди Ансон, главен извршен директор на Британската олимписка асоцијација, за Тајмс изјави дека храната „не е на ниво“ и дека треба „драматично подобрување“.
„Нема доволно одредени намирници: јајца, пилешко, одредени јаглехидрати. Има и квалитет на храната, на спортистите им се служи сурово месо...“, е неговиот заклучок.