Советникот за национална безбедност на Трамп вети единство за време на преземањето на власта

Волц рече дека може да им каже на противниците на САД кои мислат дека ова е можност да свртат една администрација против друга дека грешат. 

Советникот за национална безбедност на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Мајк Волц, синоќа изјави дека тој и советникот за национална безбедност на претседателот во заминување Џозеф Бајден, Џејк Саливан, работат на тоа - пред непријателите на САД да застапуваат единство за време на периодот на пренос на власта.

Републиканскиот конгресмен Волц изјави дека е во контакт со својот колега од администрацијата на Бајден, во време кога САД се соочуваат со ескалација на војната во Украина и конфликти на Блискиот Исток.

Волц рече дека може да им каже на противниците на САД кои мислат дека ова е можност да свртат една администрација против друга дека грешат.

Во кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Денеска продолжува судењето за случајот што  ја вознемири македонската јавност, им се суди на обвинетите за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Рочиштето денеска продолжува со испитување на сведоци од обвинителството, a потоа следуваат материјалните докази.

Судењето го следи Михајло Видимлиски.

Михајло повели со информациите кој сведочеше денеска ?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Грузискиот парламент конституиран, опозицијата бојкотира

Грузискиот парламент, избран на крајот од октомври, ја одржа својата конститутивна седница.

Опозицијата ги оспорува резултатите од изборите, тврдејќи дека се фалсификувани, а Уставниот суд сè уште не се изјаснил за валидноста на нивните тврдења.

Седницата започна во 12 часот, а полицијата ги блокираше улиците околу парламентот во Тбилиси.

Претседателката Саломе Зурабишвили, која има ограничени овластувања, ја прогласи седницата за „неуставна“.

Опозициските партии одржуваат протести во Тбилиси, а пред парламентот поставија камп.

На изборите победи проруската партија „Грузиски сон“ со 53,93 отсто од гласовите.

Обилни снежни врнежи во Турција: затворени училишта и спасени стотици граѓани

Поради обилни снежни врнежи и други неповолни временски услови, наставата во училиштата е прекината во 20 од 81 турска провинција, како и во одредени региони од уште пет провинции, пренесува Си-Ен-Ен Турк.

Училиштата денеска остануваат затворени во Самсун, Кајсери, Нигде, Невшехир, Болу, Гумушане, Бајбурт, Јозгат, Токат, Сивас, Кахраманмараш, Ерзинџан, Киршехир, Кастамону, Караман, Малатија и други области.

Во провинцијата Малатија, на истокот на земјата, од снежни наноси биле спасени 787 граѓани. Во округот Хекимхан, спасувачите извлекле пет овчари завеани на планина, но еден од нив подоцна починал во болница.

Работите на расчистување на патиштата и спасување на граѓаните продолжуваат.

притисни ентер