Четирите најчести лаги кои според психолозите може да ја уништат врската

Сите сакаме квалитетни и исполнети односи, но понекогаш погрешните уверувања можат да нè спречат во тоа, вели психологот и терапевт за врски Џефри Бернштајн.

„Како терапевт за односи, сум видел многу парови заробени во навидум безопасни заблуди кои, ако не се препознаат навреме, можат да ги нарушат дури и најстабилните врски. Овие „лаги за односите“ честопати започнуваат како уверувања за самозаштита, можеби со цел да објаснат недоразбирање или да оправдаат непријатно чувство. Меѓутоа, истите со тек на време стануваат пречки кои ја нарушуваат довербата, емпатијата и поврзаноста, открива терапевтот за односи Џефри Бернштајн.

Со препознавање и замена на овие заблуди со поздрави ставови, можеме да ја зајакнеме довербата, емпатијата и поврзаноста во нашите односи. А, според Бернштајн, ова се четирите лаги кои можат да ја уништат врската или бракот.

1. „Ако ме сака, треба да знае што ми треба“.

"Оваа заблуда претпоставува дека вистинската љубов значи совршена поврзаност и способност на партнерот да чита мисли. Во реалноста, никој не може да знае што ви треба без јасна комуникација. Очекувањата без изразување на потребите доведуваат до разочарување и гнев", објаснува психологот.

Затоа, наместо да чекаме партнерите да погодат што ни треба, треба јасно да ги изразиме нашите желби. „На пример, кажете: „Би сакал/а да ме прашаш како сум кога изгледам вознемирено“. Ова ги намалува недоразбирањата и го олеснува поврзувањето“, советува Бернштајн.

2. „Врската не треба да биде толку тешка“.

Многумина веруваат дека вистинската врска треба да се одвива без проблеми, а предизвиците укажуваат на некомпатибилност. Во реалноста, секоја врска бара труд. Проблемите не се нужно знак за лоша врска, туку можност за раст и подобро разбирање.

Психологот забележува: „Наместо да ги гледате предизвиците како препреки, гледајте ги како можности за раст. Запрашајте се: ‚Што можеме да научиме од ова?' Работењето на проблемите заедно ја зајакнува врската“.

3. „Мојот партнер треба да ме прави среќна“

Оваа заблуда врши преголем притисок врз нашиот партнер да преземе одговорност за нашата среќа.

"Никој не може да биде исклучиво извор на среќа, а таквите очекувања често завршуваат со разочарување. Затоа, фокусирајте се на градењето на сопствената среќа и задоволство надвор од врската. Вклучете се во активности кои ве исполнуваат, а стекнатата среќа споделете ја со вашиот партнер да ја збогати врската“, вели Бернштајн.

4. „Можам да го/ја сменам ако се трудам доволно“.

Верувањето дека можеме да го промениме партнерот води до фрустрација и чувство отфрленост кај другата личност. Промената доаѓа од внатрешната мотивација, а не од притисокот.

Наместо да се обидуваме да го промениме партнерот, треба да се фокусираме на искрена комуникација, вели психологот.

„Кажете: „Важно ми е да зборуваме за нашите чувства“ и оставете простор за заеднички раст, наместо да форсирате промени. На крајот, овие лаги може да изгледаат безопасно, но со текот на времето ја нагризуваат довербата и емпатијата. Препознавањето на овие митови и нивното заменување со поздрави уверувања е клучот за успешна врска. Ниту една врска не е совршена, но со разбирање и емпатија можете да изградите трајна врска заснована на почит и љубов“, заклучува Бернштајн.

Во Германија се очекува Шолц да биде номиниран за кандидат за канцелар од социјалдемократите

Во Германија се очекува Шолц да биде номиниран за кандидат за канцелар од германските социјалдемократи

Околу три месеци пред предвремените избори во Германија, социјалдемократите официјално ќе го номинираат Олаф Шолц за свој кандидат за канцелар и покрај неговиот исклучително низок рејтинг, јави ДПА.

Неговата формална номинација доаѓа откако партијата беше поделена со двонеделна жестока дебата за тоа дали далеку попопуларниот министер за одбрана Борис Писториус треба да биде номиниран за кандидат на местото на Шолц, за кој многумина во левичарската партија веруваат дека треба да се откаже.

Во четвртокот, сепак, Писториус отворено потврди дека не сака да биде номиниран за канцелар, со што го отвори патот за номинација на Шолц.

Министерот за одбрана е еден од триесет и тројцата членови на извршниот совет на партијата со право на глас, кои денеска ќе одлучуваат за канцеларската кандидатура.

Шолц е третиот кандидат за канцелар што ќе го предложи една од партиите за претстојните избори на 23 февруари, откако веќе се објавени кандидатурите на лидерот на ЦДУ/ЦСУ, Фридрих Мерц и на вицеканцеларот Роберт Хабек од Зелените.

Извршниот одбор на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија се очекува да ја номинира лидерката на партијата Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на 7 декември. Тоа значи дека за прв пат ќе има четворица кандидати за канцелар на сојузни избори.

Мешаниот хор на Тесалоники вечерва во Скопје

Амбасадата на Грција во Скопје организира специјален настап на Мешаниот хор на Тесалоники, што ќе се одржи вечерва со почеток во 19:30 часот во малата концертна сала на Националната Филхармонија.

Репертоарот вклучува класична музика и современи грчки песни.

Мешаниот хор на Тесалоники е основан во 1987 година. Неговиот широк репертоар вклучува дела од ренесансата, класичниот и романтичниот период, ораториуми, опери, мјузикли и дела на современи грчки и странски композитори. Хорот имал бројни настапи во различни градови во Грција и странство, освојувајќи златни, сребрени и бронзени медали на меѓународни натпревари во Атина, Ланголен, Рим и Тампере. Покрај тоа, добил и медал за најдобар грчки хор. Хорот го води диригентката Мери Констандиниду од неговото основање.

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп

Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта.

Мнозинството Американци се задоволни што Доналд Трамп победи на претседателските избори, како и неговите потези за време на транзицијата на власта, покажува најновата анкета спроведена од ТВ мрежата Си-Би-Ес Њуз и маркетинг компанијата ЈуГов.

Дваесет и четири отсто од испитаниците биле задоволни од фактот дека Трамп победил на изборите, додека 31 отсто се изјасниле дека се среќни поради тоа, објави Вашингтон тајмс.

Дури 59 отсто од анкетираните се задоволни од потезите на Трамп во периодот на трансферот на власта. Меѓу републиканците, 54 отсто се возбудени што Трамп ќе направи кога ќе ја преземе функцијата, додека 41 отсто се изјасниле дека се оптимисти за тоа.

Меѓу демократските испитаници, 50 отсто рекле дека се плашат што ќе направи Трамп кога ќе ја преземе функцијата, а 30 отсто рекле дека се загрижени.

Повеќето републиканци, дури 78 отсто, изјавија дека победата на Трамп ги инспирирала да го поддржат.

Кога станува збор за луѓето кои Трамп ги избрал за членови на неговата администрација, 89 отсто од испитаниците веруваат дека е важно овие луѓе искрено да го изразат своето мислење, додека 86 отсто рекле дека е важно да имаат искуство во секторот или агенцијата што ќе ја водат. Повеќе од половина од анкетираните Американци (65 отсто) сметаат дека демократијата во САД е под закана, додека 35 отсто мислат дека не е.

притисни ентер