Сотир Костов и Љупчо Зиков во „Само вистина“

Почитувани гледачи, вечерва во Само Вистина, секој со својата ќе дебатираат Сoтир Костов и Љупчо Зиков.

Системските пропусти на институциите излегоа на површина, ги надмудри ли службите „чистиот како солза“?

Колку време ќе му треба на обвинителството да оформи предмети за членовите на „црната листа“?

Избега ли правдата или е на повидок, зошто се’ се открива откако ќе се промени власта?

Како до искоренување на корупцијата, ќе има ли проветрување на судството?

Забрзување на ЕУ-агендата или подготовка за локални избори, има ли власта стратегија како да се тргнат партиски пипци од институциите?

Вечерва, Александар Видиновски со Сoтир Костов и Љупчо Зиков, веднаш по вестите...

Истражување: На „Ап стор“ забележани стотици апликации, несоодветни, но достапни за деца

Истражувањето ги зеде предвид апликациите означени како погодни за лицата со возраст 4+, 9+ и 12+ години, коишто се сметани за ризични. 

Нов извештај на американските групи за заштита и безбедност на децата, „Хит инишатив“ (Heat Initiative) и „Перентс тугедер екшн“ (ParentsTogether Action), посочува алармантно присуство на несоодветни апликации означени како погодни за деца на „Епл ап стор“ (Apple App Storе).

Групите работеле на проучувањето на повеќе стотици апликации во временска рамка од 24 часа и така идентификувале повеќе од 200 апликации коишто имале содржина или одлики несоодветни за деца. Меѓу нив има апликации за разговор со непознати, женски чет-ботови, игри со сексуални и насилни прикази, како и програми за оценување на изгледот со вештачка интелигенција.

Истражувањето ги зеде предвид апликациите означени како погодни за лицата со возраст 4+, 9+ и 12+ години, коишто се сметани за ризични. Тие вклучуваат апликации за чет (вклучувајќи и чет-ботови), за убавина, исхрана и слабеење, игри, непречен пристап до интернет (на пр. за содржини забранети од конкретно училиште) итн. Најмалку 24 игри поврзани со секс и девет апликации за разговор со непознати биле првично означени како соодветни за споменатите возрасни групи.

Од околу 800 програми, испитувачите забележале 40 апликации за нефилтриран пристап до интернет, 75 со совети за убавина и слабеење, како и 28 игри со пукање и криминал. Вкупно, околу 200 несоодветни апликации се откриени во одбраните 24 часа, а биле преземени повеќе од 550 милиони пати.

Според истражувањето, некои категории имаат поголема веројатност да содржат несоодветни апликации со ниска старосна оценка. Што се однесува до програмите и игрите за разговор, тие се помалку оценети како погодни за деца. Во повеќето случаи, тие се оценети како погодни за корисници со возраст 17+ години. Сепак, во категориите „Слабеење“ и „Нефилтриран пристап до интернет“, речиси сите анализирани апликации се одобрени за деца со 4+ години.

Извештајот го повикува „Епл“ да преземе повеќе и посериозни мерки за заштита и безбедност на децата. Компанијата е охрабрена да користи и проверки од трети страни за да ја потврди старосната оценка на апликациите пред тие да станат достапни за преземање. /МИА

Минималната синдикална кошница за декември 62.861 денар

Зголемена за 840 денари во однос на ноември.

Минималната синдикална кошница за декември годинава изнесува 62.861 денари и е за 840 денари повисока отколку во ноември годинава кога беше 62.021 денар. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 78.236 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23.075 денари или 36,7 отсто, за облека и обувки 5.728 денари или 9,1 отсто, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.020 денари или 9,6 отсто, за лична хигиена и одржување на хигиена во домот 2.087 денари или 3,3 отсто, за здравје 1.135 денари или 1,8 отсто, за транспорт 4.727 денари или 7,5 отсто.

За комуникации на едно четиричлено семејство во декември годинава му биле неопходни 3.417 денари или 5,4 отсто, за рекреација и култура 4.458 денари или 7,1 отсто, за образование 6.984 денари или 11,1 отсто, за ресторани и хотели 4.131 денар или 6,6 отсто, а за останати стоки и услуги 1.100 денари или 1,7 отсто.

Доколку живеат во изнајмен стан потребни им се дополнителни 21.395 денари.

- Забележително е дека од септември кога беше воведена првата мерка од страна на Владата за ограничувањето на маржите и со последната мерка односно акција за намалување на цените за најмалку 10 отсто, тие даваат резултат, делот на храната и пијалоци во Синдикалната минимална кошница кој за декември изнесува 23.075 денари спореден со септрември 2024 година (23.034,00 денари) е зголемен за 41,00 денари, со што се потврдува дека мерки се потребни почесто имајќи предвид дека од страна на трговците се злоупотребува секоја прилика за да се богатат на грбот на граѓаните и работниците, се вели во соопштението.

Загрижува тоа што трговците повторно го искористија периодот пред стапување на сила на последната акција и, како што се наведува, евидентно ги зголемија цените, а дополнително и вредноста на Синдикалната минимална кошница за храна и пијалоци за 63 основни производи кои се дел од истата за декември изнесува 23.075 денари е зголемен за дополнителни 397 денари, наместо да биде намален за најмалку 10 отсто.

- Сојузот на синдикатите на Македонија бара мерките да траат подолго, за Владата значително да придонесе за зачувување на животниот стандард на граѓаните, а следната мерка да биде без за истата да бидат информирани трговците и стопанствениците за да не направат повторно злоупотреби на грбот на граѓаните и работниците, стои во соопштението од ССМ.

Студено и ветровито време со локални врнежи од снег

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег.

Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северен правец, над 60 километри на час.

Од сабота, како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, следува период на стабилно, суво и понатаму студено време.

притисни ентер