Сондата „Паркер“ денеска го допира Сонцето- дали успеала да постигне рекорд ќе се знае в петок

Соларната сонда Паркер би требало да биде најблиску до „допирање на Сонцето“ денес, 24 декември 2024 година, во 12:53 часот по средноевропско време.

Сепак, за време на овој потфат, еден од најголемите во историјата на вселенските истражувања, нема да може да се воспостави контакт со најбрзиот вселенски брод, па нема да се знае дали го преживеал прелетувањето низ короната на Сонцето сѐ до 27 декември.

- Слетавме луѓе на Месечината во 1969 година, а на Божиќ (според Грегоријанскиот календар) 2024 година, ќе ја допреме ѕвездата – изјави за Space.com , Нур Рауафи, астрофизичар од Универзитетот Џон Хопкинс и проектен научник на соларната сонда Паркер.

Сондата Паркер беше лансирана во август 2018 година за да го проучува Сонцето одблизу. Оттогаш, леташе директно низ короната на Сонцето, надворешниот дел од атмосферата, а новиот рекорд ќе достигне растојание од 6,1 милиони километри од површината на ѕвездата.

Како што велат некои научници, кога растојанието помеѓу Сонцето и Земјата би било како фудбалско игралиште, сондата Паркер би била во просторот од пет метри најблиску до нас.

Во 12:53 часот на 24 декември, Паркер треба да достигне брзина од 700.000 километри на час и да се приближи до Сонцето што е можно поблиску. За да успее во тоа, сондата ќе треба да издржи температура од 1.371 степени, а се верува дека ќе успее во тоа благодарение на речиси неуништливиот штит.

- Нема ништо што може да се спореди со овој потфат. Овој момент го сонуваме повеќе од 16 години – изјави Рауафи.

„Блискоста што ја достигнува денес, додаде, веројатно е максимална.“

- Дури и ако технички можеме да го доближиме до Сонцето и повеќе, во реалноста не можеме да го направиме тоа бидејќи штитот не е доволно голем за да го заштити леталото. Ако се приближиме, сенката ќе биде потесна и потенцијално би изложила делови од сондата на директна сончева светлина, што не е нешто што го сакаме – рече Рауафи.

Доказите дека сондата го преживеала „допирот на Сонцето“ најверојатно ќе пристигнат на 27 септември, но другите научни податоци ќе патуваат на Земјата дури и подолго од тоа.

Научниците се надеваат дека конечно ќе откријат зошто Сончевата корона е стотици пати потопла од површината, како и што ги придвижува сончевите ветрови.

Претходниот рекорд за брзина на сондата Паркер беше 635.266 километри на час. Ако вселенското летало на Земјата би имало ваква брзина, би можело да направи 15 кругови околу планетата за еден час или да лета од Њујорк до Лос Анџелес за нешто повеќе од 20 секунди.

Внимавајте, хемикалиите во парфемите се опасни за децата

Лекарите предупредуваат на огромен ризик!

Станува збор за состојка за која се тврди дека се наоѓа и во сапуните, шампоните и лосионите.

Сите посакуваат скапите парфеми да траат што е можно подолго, но цената за тоа буквално може да биде превисока, бидејќи научниците утврдиле дека хемикалиите наречени фталати, кои се додаваат за мирисот на парфемот да трае подолго, можат да бидат опасни за здравјето на децата и возрасните.

Фталатите се наоѓаат во многу парфеми и, според професорот Андреа Гор од Универзитетот во Тексас, тие го попречуваат нормалното функционирање на хормоните во телото.

Истражувањата покажале дека фталатите (како DEHP, DBP, DIBP и BBP) претставуваат значителни здравствени ризици, особено за децата. Во САД, одредени фталати се забранети во детските играчки, но нема ограничувања за нивната употреба во парфемите и производите за лична нега, како што се шампоните и сапуните. Европската унија исто така ги забрани фталатите во играчките за деца до три години и во козметичките производи, но употребата на сите фталати не е забранета - регулирана е само количината што може да ја содржат одделни производи.

Професорката Гор препорачува да се избегнуваат производи со додатни мириси, вклучувајќи ги парфемите, лосионите со мирис, шампоните, детергентите и антиперспирантите.

- Литературата за изложеноста на фталати, особено кај децата, е крајно загрижувачка. Фталатите влијаат на ендокриниот систем и го нарушуваат, што значи дека го попречуваат нормалното функционирање на хормоните во телото. Ова може да предизвика сериозни развојни ризици кај децата. Едно истражување, на пример, покажа дека поголемата концентрација на фталати во урината го зголемува ризикот од АДХД кај адолесцентите за 25 проценти - предупредува Гор.

Сепак, ризиците не се ограничени само на децата. Кај возрасните, фталатите се поврзани со кардиоваскуларни болести и неплодност и кај мажите и кај жените.

Иако некои експерти тврдат дека нема доволно докази дека фталатите се штетни за луѓето, опсежните тестови на животни укажуваат на нивниот негативен ефект.

- Хормоните на ендокриниот систем кај луѓето и животните се толку слични што резултатите од овие студии се повеќе од доволен доказ – смета Андреа Гор.

Проблемот е што фталатите не ги има само во парфемите, покрај тоа што ги има во речиси сите козметички производи, тие ги има и во многу производи, како пластична амбалажа, кеси за ѓубре и ултра преработена храна.

Една студија од 2022 година заклучила дека овие мали количини на фталати се безопасни, но според експертите, просечната жена користи до 12 различни препарати дневно, од парфем до шминка, а тоа драстично ја зголемува потенцијално опасната количина на фталати, пренесува nypost.com.

Што значи ако сонувате погреб на блиска личност, или ако умирате или дека сте убиле некого?

Стручно лице открива што ви порачува вашата потствест!

Кошмарите, особено ако се повторуваат, можат да ве преплашат и да ви ја „изедат“ цела енергија. Сосема логично, се прашувате што значат овие мрачни соништа. Еден стручњак за соништа открива што ви кажува вашата потсвест кога сонувате дека умирате или дека убивате некого.

Лори Ловенберг, е познат аналитичар на соништа која открива што всушност се крие зад најчестите кошмари.

Важно е да имате предвид дека причината за ваквите соништа не мора да биде страв од нешто, како и некои други емоции, вина, тага, гадење или збунетост.

Сон во кој ви паѓаат заби

Овој сон е поврзан со проблеми во комуникацијата во реалниот живот. Постојат различни верзии на сонувањето заби, но најчесто овој сон е поврзан со нивно паѓање. Сè што има врска со устата во соништата е поврзано со разговор, а паѓањето на забите е показател дека неодамна сте кажале нешто што не требало да го кажете.

Ако сонувавте дека сте убиле некого

Иако смртта е природен крај на животот, убиството е чин на насилство. Па, ако сонувате дека убивате некого, тоа веројатно значи дека работите на тоа да се промените или да ставите крај на нешто негативно во вашиот живот. Ако неодамна сте се откажале од пушењето или сте поминале низ развод или сте почнале да слабеете, поголема е веројатноста да сонувате убиство.

Кога сонувате дека умирате

Смртта во соништата е крај на дотогашниот живот што сте го воделе. Соништата за сопствената смрт се вообичаени кога ја менувате кариерата, или прекинувате врска или кога ќе дознаете дека сте бремени.

Ако сонувате за смрт на друга личност, тоа обично значи дека ќе се случи некаква промена во однос на таа личност. Соништата за смртта ни овозможуваат полесно да ги препознаеме промените во нашите животи, кои се неизбежни.

Погреб на некој близок

Ако сонувате смрт, запрашајте се што се менува или завршува во вашиот живот. Оној што умира во сон обично претставува дел од вашата личност, некоја заедничка особина што ја имате.

Погребот е добар знак - за прифаќање на некои работи или помирување за да можете да продолжите понатаму.

Сонувате дека сте се посрамотиле

Без разлика дали се работи за сон во кој паѓате на испит, проект за кој сте се посрамотиле или нешто слично, тие се поврзани со стресот на работа или она што мислите дека се очекува од вас. Неуспехот на испит е вообичаен сон, а после него треба да се запрашате кој или што го тестира вашето трпение.

Сонувате дека сте се изгубиле

Местата и патиштата на кои сме се изгубиле во нашите соништа симболизираат каде сме во нашето срце и мозок. Таквиот сон симболизира неодлучност во реалниот живот, неможност да се донесе одлука или да се придржуваме до истата.

Соништа за паѓање

Ваквите соништа отсекогаш биле едни од најчестите за сите луѓе и укажуваат на тоа дека има нешто во будниот живот што „нè влече надолу“. Овој сон е вообичаен кај оние кои страдаат од депресија, а може да биде и предупредувачки знак за психолошки тежок период за кој треба да се подготвите со цел да спречите пад.

Заборавање

Овој тип на соништа најчесто се јавува кај луѓе кои се преоптоварени со грижи. Тоа е предупредување дека човекот во својот буден живот е на работ и дека треба да ги прераспореди своите приоритети и да го прифати фактот дека не може да добие сè или да стигне секаде. Сонот ви порачува да си го олесните животот, пишува Дејли меил.

Борба за живот: Човек се втурна кон дива мечка за да си го спаси кучето (ВИДЕО)

Кучињата заслужено се опишани како „најдобриот пријател на човекот“ или „најлојалното животно“, особено во ситуации кога треба да нѐ заштитат.

Тие се подготвени да ги ризикуваат сопствените животи во опасни ситуации, што е напишано во многу литературни дела или прикажани во филмови, пренесува Times Now News.

Денешната приказна е за човек кој решил да го извлече од неволја својот четириножен пријател. Дива мечка нападна врзано куче, а потоа во приказната се вмеша и сопственикот.

Ризикувајќи си го животот, човекот се втурнал кон ѕверот, го повлекол синџирот со кој било врзано кучето, а потоа посегнал по дрвена даска. Ова очигледно ја збунило и исплашило мечката, па таа се повлекла.

Видеото трае 10 секунди, што е сосема доволно за да се прикаже драмата, а брзо стана вирално на мрежите. Многу гледачи оставија коментари.

„Очигледно, човекот знаел да ја избрка мечката. Изгледа ваква ситуација се има случено и порано“, напишало едно лице, а друго продолжи: „Можеби требало да го одврзат кучето и заедно да се засолнат“.

Поединци верувале дека човекот имал среќа бидејќи не наишол на возрасна мечка, но дека секако покажал голема храброст.

Не е откриено каде се случил инцидентот, иако повеќето корисници ја споменуваат внатрешноста на Турција. Некои мислат дека кучето е овчар Кангал, а противник му е сириска кафеава мечка.

притисни ентер