Сондата на НАСА го „допре“ Сонцето и преживеа- прати сигнал и го собори рекордот (ВИДЕО)

Соларната сонда Паркер успешно го „допре“ Сонцето.

Паркер се приближи на најблиската ѕвезда на само 6,1 милиони километри, летајќи низ надворешната атмосфера наречена корона на 24 декември, а денес конечно испрати сигнал дека го преживеала тој лет, објави американската вселенска агенција НАСА.

Сондата Паркер постави и нов брзински рекорд (кој и самата го држеше) - се движеше со брзина до 692.000 километри на час. Ова го потврди статусот на најбрзиот објект направен од човек.

За време на летот низ короната, сондата издржала температури до 982 Целзиусови степени, се вели во соопштението на НАСА.

– По рекордно приближување до Сонцето, сондата Паркер Солар на НАСА испрати сигнал до Земјата што укажува дека е во добра состојба и нормално функционира – објави американската агенција.

Сондата летала во автономен режим и била надвор од зоната за комуникација со Земјата, а дури на полноќ Паркер испратил сигнал за контрола кој го потврдил успехот на мисијата. Научните податоци собрани за време на летот ќе пристигнат на Земјата во наредните денови и ќе биде потребно време да се анализираат.

Паркер Солар беше лансирана во август 2018 година како дел од седумгодишната мисија за понатамошно проучување на Сонцето и предвидување на временските настани во вселената кои би можеле да влијаат на животот на Земјата. Името го носи по Јуџин Паркер, американски соларен физичар, кој почина во 2022 година на 95-годишна возраст.

Како што велат некои научници, кога растојанието помеѓу Сонцето и Земјата би било како фудбалско игралиште, сондата Паркер би била во просторот од пет метри на ѕвездата најблиску до нас.

Научниците се надеваат дека конечно ќе откријат зошто Сончевата корона е стотици пати потопла од површината, како и што ги придвижува сончевите ветрови.

Претходниот рекорд за брзина на сондата Паркер беше 635.266 километри на час. Ако вселенското летало на Земјата би имало ваква брзина, би можело да направи 15 кругови околу планетата за еден час или да лета од Њујорк до Лос Анџелес за нешто повеќе од 20 секунди.

Уапсени се роднините на Башар ал Асад, додека се обидувале да избегаат од Либан

Сопругата и ќерката на роднина на соборениот сириски претседател Башар ал-Асад се уапсени вчера на аеродромот во Бејрут, каде се обиделе да летаат со фалсификувани пасоши, соопштија либанските судски и безбедносни претставници.

Чичкото на Асад заминал еден ден претходно. Раша Хазем, сопругата на Дураид Асад, син на поранешниот сириски потпретседател Рифат Асад, вујко на Башар Асад, и нивната ќерка Шамс, биле прошверцувани во Либан илегално и се обидувале да одлетаат во Египет кога биле уапсени, се вели во соопштението.

Во март, швајцарските федерални обвинители го обвинија Рифат за воени злосторства и злосторства против човештвото за наводно нарачување убиства и тортура пред повеќе од четири децении.

Рифат Асад, братот на таткото на Башар Асад, Хафез Асад, поранешниот сириски владетел, ја предводеше артилериската единица која го гранатираше градот Хама, при што загинаа илјадници луѓе. Поради тој настан го добил прекарот „Касапот на Хама“.

Од денеска во ЕУ стапува на сила голема промена во врска со полначите

Од денеска, сите мали и средни преносни електронски уреди што се продаваат во ЕУ мора да бидат компатибилни со USB-C порт за да се намали отпадот, пренесува Euronews.

Од утре, на потрошувачите од ЕУ повеќе нема да им требаат различни полначи за нивните паметни телефони, таблети, камери, слушалки, конзоли за видео игри и други уреди, бидејќи портите за полнење USB од типот C ќе станат стандард за мобилни уреди низ Унијата.

Во 2022 година, Европскиот парламент и земјите-членки одлучија со огромно мнозинство да ги укинат алтернативните методи за полнење, што значи дека сите мали и средни преносливи електронски уреди што се продаваат во ЕУ мора да бидат компатибилни со USB-C порт.

Според правилата на ЕУ, потрошувачите исто така можат да се откажат од добивање на нов полнач со секој купен уред. Производителите на преносни компјутери ќе мора да ги следат истите правила од 28 април 2026 година.

Ана Кавазини, претседател на Комитетот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите на Европскиот парламент, рече дека ова е „одлучен чекор кон удобноста на потрошувачите и одговорноста за животната средина“.

„Овие правила се однесуваат на справување со тоните отпад создадени од фрлените полначи секоја година и заштеда на околу 250 милиони евра за домаќинствата во ЕУ со елиминирање на непотребните купувања на полначи секоја година“, додаде Кавацини.

Парламентот, исто така, најави дека „внимателно ќе следи“ како производителите се прилагодуваат на овие промени. Производителите на електроника долго време се спротивставуваат на напорите на ЕУ за стандардизирање на технологиите за полнење.

Одлуката ќе влијае на сите продавачи, особено на Apple, кој првично ги оспори правилата, наведувајќи ја загриженоста за иновациите. Сепак, технолошкиот гигант почна да се прилагодува на директивата и се префрли на USB-C за своите уреди.

Сиљановска-Давкова го прими Стојан Николов, потпретседател на Обединетата македонска дијаспора

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими Стојан Николов, потпретседател на Обединетата македонска дијаспора (ОМД). 

Како што соопшти нејзиниот Кабинет на средбата се разговарало за важноста на односите меѓу дијаспората и матичната држава, со посебен акцент на зајакнувањето на културните, економските и образовните врски.

Сиљановска-Давкова изразила поддршка, почит и благодарност за активностите на ОМД во промовирањето и зачувувањето на македонскиот идентитет и култура ширум светот и ја истакнала посветеноста кон дијаспората и можностите за отворање нови хоризонти за соработка и развој, што ќе се придонесе за зајакнување на македонското присуство и влијание на глобално ниво.

Во тој контекст, претседателката ги претставила своите заложби за формирање Национален совет за соработка со дијаспората, што ќе работи на координирање, конкретизирање и продлабочување на врските со дијаспората во потрага по најдобри решенија за нејзино вклучување во научниот, образовниот, културниот, економскиот и друг развој на државата. Сиљановска-Давкова изразила желба и подготвеност за вклучување на млади од дијаспората во работата на Советот за млади.

Таа ја истакнала важноста на дијаспората за македонското национално ткиво, како негов неразделен дел, амбасадор во САД и неговите политички институции, лобист за македонската кауза и промотор на националната традиција.

На средбата, посочуваат од Кабинетот на претседателката, била изразена поддршка на реализацијата на проекти што ќе ги зајакнат врските на државата со нејзината дијаспора, со акцент на заедничката визија за иднината во која Македонците, без разлика каде живеат, ќе бидат обединети околу заложбите за промовирање на заедничката култура, јазик и идентитет и развојот на матичната држава.

Кабинет на претседател

притисни ентер