Со „Стела“ започна филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран

Со „Стела“ и анимирани филмови за деца синхронизирани на македонски јазик започна 3. фестивал „Преку езерото“ во Дојран.

Најмладата публика уживаше, а имаа можност одблиску да го запознаат Столе Вујичиќ, режисерот на „Стела“ и да прашаат сè за првиот македонски ЕКО филм.

Претходно, во Музејот на Град Дојран се оддржа работилница за филмска писменост со директорот на фестивалот „Преку езерото“, Јани Бојаџи, режисерот на „Стела“, Столе Вујичиќ и претседателот на Советот на фестивалот Мими Ѓорговска Илиевска.

Официјалното отворање ќе биде на 9 август со доделување на наградата „Мето Јовановски“ на актерот Владо Јовановски, како и проекција на филмот „Руски конзул“, последниот филм на Мето Јовановски.

Со проекции на пет долгометражни филма, од кои четири играни и еден документарен, фестивалот, кој е единствен од ваков вид во Македонија, ќе понуди програма за сечиј вкус, на отворено, на брегот на Дојранското Езеро.

Линк до видео изјава на директорот на филмскиот фестивал „Преку езерото“ Јани Бојаџи:

https://www.facebook.com/acrossthelakefilmfestival/videos/520521073870581

Во продолжение програмата за следните фестивалски денови во Дојран:

Ден први, СРЕДА, 07 Август 2024 година

ДЕЦА НА БРОДОТ

Проекција на филмови за деца и млади

20.00 Часот

Анимирани филмови за деца со синхронизација на македонски јазик

СТЕЛА, 93 минути, Стојан Вујичиќ долгометражен македонски игран филм за млади

МЕСТО НА СЛУЧУВАЊЕ: Детски парк, Општина Стар Дојран

Распоред на програмата

Ден втори, ЧЕТВРТОК, 08 Август 2024 година

СТУДЕНСТСКА ПРОГРАМА

Пичинг на студенти на конкурсот за финансиска подршка на дипломски филмови.

11.00 Часот

МЕСТО НА СЛУЧУВАЊЕ: Музеј на Град Дојран

ВЕЧЕР ВО ЧЕСТ НА ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ

20.00 Часот

ВИДЕО ОМАЖ ОД ФИЛМОВИ НА ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ

Интервју со Владо Јовановски

Разговори со публиката

ТАТКО, 16 Минути, Светозар Ристовски

МЕСТО НА СЛУЧУВАЊЕ: Амфитеатар на Град Дојран

Ден трети, ПЕТОК, 09 Август 2024 година

СТУДЕНСТСКА ПРОГРАМА

11.00 Часот

Пичинг на студенти на конкурсот за финансиска подршка на дипломски филмови.

МЕСТО НА СЛУЧУВАЊЕ: Музеј на Град Дојран

Ден трети, ПЕТОК, 09 Август 2024 година

20.00

Доделување на ``НАГРАДАТА МЕТО ЈОВАНОВСКИ за Извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот`` на актерот Владо Јовановски

Свечено отворање на фестивалот

СПРОТИ БРАНОВИТЕ, натпреварувачка програма

ПАРАНОИК на Андреј Георгиев, Македонија, 2024, 9мин.

РУСКИ КОНЗУЛ, Мирослав Лекиќ, Србија

И ПОКРАЈ ТОА ШТО Е НОЌ на Гилермо Гарсија Лопез, ФРАНЦИЈА

МЕСТО НА СЛУЧУВАЊЕ: Амфитеатар/Црква Свети Илија, Стар Дојран

ВРЕМЕ НА СЛУЧУВАЊЕ: 20.30 частот

Ден четврти, САБОТА, 10 Август 2024 година

СПРОТИ БРАНОВИТЕ натпреварувачка програма

20.00 Часот

ДАЛИ СИ МАЖ на Ѓорче Ставрески, Македонија, 2023

СРЕБРЕН БУНТ, Дан Шадур, Израел

ВОЛКОТ И МАЧКАТА на Жан-Себастијан Бернар, ФРАНЦИЈА

22.30

ТИШИНА 6-9, Христос Пасалис, Грција

ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА МОЛЧИ, на Небојша Слијепчевиќ ХРВАТСКА, 2024,

БАЛАДА на Кристофер Нилсон, ФРАНЦИЈА, 2023, 13мин.

МЕСТО НА СЛУЧУВАЊЕ: Амфитеатар на Град Дојран

Ден петти, НЕДЕЛА, 11 Август 2024 година

20.00 Часот

ЅВЕЗДЕНА на Александра Лазаровски, Србија, 2024

ХОТЕЛ ПУЛА, Андреј Коровљев, Хрватска

Свечено затворање на фестивалот

Доделување на фестивалските награди

Доделување на грантовите за дипломски студентски филмови

22.30

ПОДРУМ на Омер ферхат Озмен, ТУРЦИЈА, 2024,

ЛОШО НА МОМЕНТ на Даниел Соарес, ПОРТУГАЛИЈА

ЗАРАЗЕНИ, Себастијан Ваничек, Франција

Данела Арсовска во „Само интервју“

Почитувани гледачи, вечерва во Само Интервју ќе гостува Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

Модерна метропола или урбан хаос, што добија Скопјани со изборот на мајката на градот?

Советниците обвинуваат за неагилност, Арсовска за опструкции, како планира да ги мотивира да ја поддржат за набавка на уште 250 еколошки автобуси?

Уште не завршен мандатот, најави дека нема да трча за втор, толку ли не можеа да се најдат на средина со Мицкоски? Зошто пукна „тиквата“ со партијата што ја номинира?

Заврши ли сагата со не подигањето на комуналниот отпад, знаеме ли кој ги труе Скопјани и како да дочекаме чист воздух?

Вечерва во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува Данела Арсовска, веднаш по вестите.

Едноставен трик на професионалците за да се ослободите од миризбата на пржен кромид

Динстањето кромид е еден од основните чекори при приготвувањето на многу јадења, а неговиот тежок и специфичен мирис се шири низ целиот дом.

Во светските кулинарски кругови постојат вистински мајстори кои со особено внимание пржат кромид и користат трикови за драстично подобрување на вкусот, текстурата и мирисот на овој едноставен зеленчук. Еден од најпознатите трикови доаѓа од познатиот готвач Гордон Ремзи.

Тајната што ја користат најдобрите готвачи

Гордон Ремзи е познат по својата прецизност и иновативност во кујната, тој користи специјална комбинација на состојки при динстањето кромид - сода бикарбона и шеќер. Овој трик помага кромидот побргу да стане сочен, а воедно и побргу и порамномерно да се испржи. Со додавање на малку сода бикарбона, кромидот побрзо ја апсорбира течноста, овозможувајќи побогат, поинтензивен вкус. Шеќерот помага да се карамелизира, давајќи му на кромидот благ, сладок вкус кој совршено се комбинира со различни чорби и сосови.

Она што е особено важно за овој трик е фактот дека содата бикарбона влијае на текстурата на кромидот, правејќи го помек и полесен за варење.

Исто така, овој метод може да биде корисен ако приготвувате јадења за кои е потребна густа основа, на пример, запршка или приготвувате чорба, бидејќи динстаниот кромид со содата ја добива саканата густина без да мора дополнително да правите запршка.

Го нема непријатниот мирис при динстање на кромидот

Еден од најголемите проблеми кога се динста кромидот дома е неговиот мирис. Ослободувањето на сулфур при термичка обработка на кромидот може да предизвика непријатен мирис кој се шири низ целиот дом. Готвачите во елитните ресторани многу добро знаат дека тоа е нешто што може да им ја расипе атмосферата на гостите, па затоа го користат методот со сода бикарбона и шеќер. Оваа комбинација не само што го забрзува процесот на крчкање, туку и го намалува испуштањето на сулфурни гасови, што значи дека вашиот дом ќе биде без непријатниот мирис.

Овие совети не се корисни само кога готвите дома, туку се стандардни во професионалните кујни. Исто така, пржењето кромид со сода бикарбона овозможува побрзо и поефикасно приготвување на храната, што е клучно во средина која се занимава со голем број нарачки за краток временски период.

Маж прави хаос во авион, патниците „го средија“ (ВИДЕО)

На интернет кружи шокантна снимка од авионот на Јунајтед ерлајнс, кој на 16 ноември полетал од Остин до Лос Анџелес.

Во преден план се гледа човек кој се качил на седиштето и се обидува со нога да го скрши потпирачот за грб, додека останатите патници шокирани го гледаат.

Во леталото бил и Џино Галофаро кого, како што вели, го разбудила бучава, по што морал да асистира во една необична „акција“ меѓу облаците, пренесува Daily Star.

„Ги отворив очите кога човекот го клоца седиштето. Стјуардесата неколку пати помина покрај него, никој ништо не направи. Некако го задржав, а ми помогнаа уште двајца патници. Ги зедовме безбедносните појаси и го врзавме“, изјави Галофаро.

Авионот во моментот на инцидентот се наоѓал на 40 минути од Лос Анџелес, а по слетувањето во кабината влегле припадници на полицијата. Галофаро рече дека се надева дека ќе стапи во контакт со семејството на неименуваниот маж и ќе понуди помош.

United Airlines потврди дека во авионот имало 76 патници и пет членови на екипажот.

„На 16 ноември, локалните органи за спроведување на законот дојдоа на летот 502 по пристигнувањето на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, откако еден патник го наруши мирот. Им благодариме на екипажот што помогна да се реши ситуацијата и се грижеше за безбедноста. Актерот на инцидентот доби забрана за идни летови со нашата компанија“, е соопштено.

притисни ентер