Данела Арсовска во „Само интервју“

Почитувани гледачи, вечерва во Само Интервју ќе гостува Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

Модерна метропола или урбан хаос, што добија Скопјани со изборот на мајката на градот?

Советниците обвинуваат за неагилност, Арсовска за опструкции, како планира да ги мотивира да ја поддржат за набавка на уште 250 еколошки автобуси?

Уште не завршен мандатот, најави дека нема да трча за втор, толку ли не можеа да се најдат на средина со Мицкоски? Зошто пукна „тиквата“ со партијата што ја номинира?

Заврши ли сагата со не подигањето на комуналниот отпад, знаеме ли кој ги труе Скопјани и како да дочекаме чист воздух?

Вечерва во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува Данела Арсовска, веднаш по вестите.

Украинските власти соопштија за голем руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура

Украинските власти рано утринава објавија за масовен напад на руските сили врз енергетската инфраструктура на земјата, поради што има прекин на електричната енергија во голем дел од државата.

Со температури околу нулата, „уште еднаш, енергетскиот сектор беше подложен на масовен напад од непријателот“, соопшти украинското Министерство за енергетика на Фејсбук.

Русија врши напад од големи размери против енергетската инфраструктура на Украина, објави украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко.

„Напади на енергетските капацитети се извршуваат низ цела Украина. Операторот на електропреносниот систем Укренерго итно воведе вонредни прекини на струја“, напиша министерот на Фејсбук, додавајќи дека висината на штетата ќе биде проценета штом безбедносната ситуација дозволи.

Рано утринава Русија истрела крстосувачки ракети кон Украина, предизвикувајќи воздушна тревога низ целата земја.

Снабдувањето со електрична енергија во градовите Киев, Одеса и Днипро е прекинато, прецизираше операторот на мрежата ДТЕК.

Воздушна тревога беше прогласена низ целата земја, при што украинските воздухопловни сили известија за ракетни напади насочени главно кон регионите Одеса, Кировохрад, Херсон и Николаев.

Во вторникот, Русија го објави својот „одговор“ на двата нови украински напади со американски ракети ATACMS врз нејзината територија во последните денови. Од почетокот на нејзината инвазија на Украина во февруари 2022 година. Русија ги напаѓа цивилните области во Украина, а како што се приближува зимата, таа ги засили нападите, главно врз енергетската инфраструктура, јавија западни медиуми.

Руското Министерство за одбрана, пак, соопшти дека синоќа уништило 25 украински беспилотни летала над областа Брјанск, Краснодарската област, Крим и Ростовската област.

Почна божикниот пост

За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почна шестнеделниот божикен пост. Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос.

Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари.

Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник. Божикниот пост е втор по должина на траење, веднаш по велигденскиот.

Во однос на „строгоста“ за употреба на храна, божикниот пост е „поблаг“, бидејќи дозволува користење вино, масло за јадење и риба.

Според типикот на црквата, божикните пости се постат на следниот начин: понеделник, вторник и четврток на масло, среда и петок строг пост, сабота, недела и празници е допуштено риба. За монаштвото е благословено и понеделник да е строг пост, а за мирјаните кои имаат именден или куќна слава е благословено употреба на риба.

Целта на постот е да се „исчистат“ духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. За време на божикниот пост, посни се и сите славски трпези.

Со Канонот на Православната црква се предвидени еднодневни и повеќедневни пости. Еднодневните пости се во среда и петок, Водокрст на 18 јануари, Отсекувањето на главата на св. Јован Крстител на 11 септември и Крстовден на 27 септември. Повеќедневни пости се велигденските, петровденските, богородичните и божикните пости.

Божикниот пост, како и останатите повеќедневни постови, датира од првите векови на христијанството и се споменува во делата на светите отци од 4 и 5 век. Првобитно постот траел седум дена, а одлуката христијаните пред празникот - Раѓањето Христово да постат 40 дена е донесена на Соборот во Цариград во 1166 година.

Правило (типик) за Божикните пости:

Арсовска до Славески: Имаш моја поддршка да се стави точката на приватните превозници

Имаш моја поддршка да се стави точката на приватните превозници на дневен ред.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска преку соопштение му одговори на претседавачот на Советот Трајко Славески и даде поддршка да ја стави точката за приватните превозници на дневен ред на седница.

Како што стои во соопштението од Арсовска, бидејќи Трајко Славески никогаш не успеал да собере храброст самиот да донесе одлука, се вели, а овој пат бара поддршка од мене - ја има.

- Го охрабрувам Трајко Славески, како што и веќе на писмено му одговорив во текот на седницата на Советот со доставување на мислењето од моја страна кое го бараше, да ја стави точката на приватните превозници на дневен ред и заедно со останатите советници да ја разгледаат и да донесат одлука дали ќе ја поддржат и ќе прифатат зголемена цена за превоз на приватните превозници или не. Биди храбар Трајко! се вели во соопштението.

притисни ентер