Скопјани порано од очекуваното добиваат вода

150те работници на Водовод ја изведоа најголемата операција во последниве неколку децении Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Кина го нарече Тајван „црвена линија“ и ја осуди новата американска воена помош за островот

 Кина денеска ја критикуваше новата американска воена помош за Тајван, велејќи дека пакетот од 571 милион долари сериозно го нарушува „принципот на една Кина“ и одредбите од заедничките коминикеа меѓу Кина и САД.

-Кина ќе ги преземе „сите неопходни мерки“ за да го заштити својот суверенитет и територијален интегритет, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи во Пекинг.

Тој го нарече Тајван „црвена линија што не смее да се премине“ во кинеско-американските односи.

Пекинг го смета демократски управуваниот остров Тајван за своја територија, тврдење што владата во Тајпеј го отфрла.

Атлетико Мадрид по триумфот над Барса нов лидер во Шпанија

 Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја совладаа синоќа Барселона на гостински терен со 2-1 и со оваа победа се искачија на врвот на шпанската Ла Лига со три бода повеќе и натпревар помалку од каталонскиот тим.

Родриго де Пол (60) и Александар Сорлот (90+6) донесоа пресврт во натпреварот, откако Барселона поведе во 30. минута со голот на Педри.

Каталонците на овој натпревар ги предводеше Маркус Сорг, помошникот на Ханси Флик, кој го пропушти дуелот поради суспензија.

Ова за Барселона е веќе трет последователен пораз на Олимпискиот стадион „Монжуик“, од кој пред Атлетико со три бодови заминаа екипите од долниот дел на табелата. Лас Палмас и Леганес.

Атлетико Мадрид сега води на табелата со 41 бод (18 натпревари) и новата календарска година ќе ја дочека на врвот на табелата. Барселона е второпласирана со 38 бодови (19 натпревари), додека Реал Мадрид е трет со 37 бодови од 17 натпревари, пред денешниот дуел на домашен терен против Севиља.

Усик и во реваншот го совлада Фјури

Украинецот Олександр Усик ги одбрани титулите светски првак во тешка категорија во верзиите WBA, WBO и IBO со едногласна победа над Британецот Тајсон Фјури во реваншот одржан синоќа во Ријад.

По оваа борба, Усик остана непоразен во 23 професионални борби, од кои 14 победи со нокаут, додека Фјури има 34 победи, а единствените два порази ги претрпе од украинскиот боксер.

Триесет и седумгодишниот Украинец синоќа славеше со 116:112 во бодувањето на тројцата судии.

„Фјури е исклучителен боксер, зад нас остана голема борба. Но, јас сум исклучително среќен, зад мене имам серија исклучителни борби и одлична кариера“, изјави Усик.

Фјури по мечот инсистираше дека Усик добил предвремен божиќен подарок и ја оспори едногласната победа на Украинецот во поени.

„Почувствував малку божиќен дух и мислам дека доби мал подарок од судиите. Ран божиќен подарок“, рече Фјури, кој ја загуби првата борба од Украинецот со поделена одлука на судиите во мај.

„Бев убеден дека ја добив таа борба. Мислам дека ги добив двете борби, но дома си одам со два порази. Секогаш ќе верувам до денот кога ќе умрам дека ја добив таа борба“, додаде Британецот.

притисни ентер