Синер направи голем чекор кон полуфиналето на финалниот АТП турнир

 Светскиот рекет број еден Јаник Синер (Италија) направи голем чекор кон полуфиналето по вториот успех во групата Илие Настасе на финалниот АТП турнир кој се игра за награден фонд од 15,25 милиони долари.

Синер го победи Тејлор Фриц (САД) со 6:4, 6:4 за 100 минути на радост на 12.000 гледачи на трибините.

Домашниот тенисер ниту еднаш не го загуби својот сервис на средбата, а со брејкови во десеттиот гем од двата сета стигна до конечниот успех.

Тоа беше прилично тежок натпревар, се познаваме многу добро, игравме финале на Гренд слем. Знаев што да очекувам. Беше многу агресивен, но јас бев подготвен за тоа. Се обидов добро да сервирам во важните моменти и тоа успеа, изјави Синер по мечот.

Италијанецот ја постигна 67-та сезонска победа со која се изедначи со Александар Зверев (Германија) за првото место по овој показател.

Во својот последен меч од групата Синер ќе се сретне со Данил Медведев (Русија), кој исто како и Фриц има една победа и еден пораз. Американецот, пак, завршува против Алекс де Минор (Австралија), кој досега има два порази.

Азизи: Владата донесе одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви

Владата се вклучи во решавањето на проблемот со недостигот на нафта за автобусите на ЈСП Скопје. 

На денешната вонредна седница е донесена одлука со која ќе се овоможи на градот Скопје да му се позајмат дел од нафтените резерви на државата.

- Владата вонредно расправаше поради недостигот на енергенси за обавување на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, при што беше констатирана лошата состојба и недостиг на гориво за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие при што Владата се вклучи во решавање на овој проблем. Се донесе одлука со која се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, изјави по вонредната седница портпаролката на Владата Венера Љатифи Азизи.

Со ова, како што појасни таа, се овозможува да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата.

- Денес меѓудругото Бирото за јавни набавки донесе одлука со која се исполнети условите за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас за да се скрати периодот за набавка на дериватот потребен на градот Скопје. Со ова Владата го затвора прашањето со настаната потешкотија во работењето на градското претпријатие за јавен сообраќај, посочи Љатифи Азизи.

Во главниот град веќе втор ден сообраќаат само околу 30-тина автобуси поради недостиг на нафта.


Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното,безобразно и срамно однесување на Апасиев

Најпрво како човек, а потоа како пратеник и координатор на пратеничка група во Собранието, сакам да изразам огромна згрозеност од денешното недолично, безобразно и срамно однесување во Собранието, на претседателот на Левица и пратеник,Димитар Апасиев.

Најпрво како човек, а потоа како пратеник и координатор на пратеничка група во Собранието, сакам да изразам огромна згрозеност од денешното недолично, безобразно и срамно однесување во Собранието, на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, напиша на неговиот фејсбук профил Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО - ДПМНЕ.

- Очигледно, комплексите, нервозата и агресијата, домашното невоспитание и недостигот на основна култура, денес ја доживеаја својата кулминација. Неконтролираниот излив на физички и вербален бес и навреди на лицето Димитар Апасиев кон колегите пратеници, мажи и жени, беше само уште еден очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание и „лајкови“ на социјалните мрежи, објави Мицевски.

Единственото добро што може да произлезе од ова ниско, скандалозно и срамно однесување на Димитар Апасиев, пишува тој, е тоа што целата македонска јавност, во живо на собранискиот канал, имаше можност да види и да се увери во вистинското лице на Д. Апасиев и начинот на кој што нивната „фејсбук“ партија делува, размислува и се однесува.

- Јавно извинување и искрено каење за недоличните зборови и постапки кон колегите пратеници од страна на човек кој не поседува основни човечки вредности и достоинство, не барам, а искрено и не очекувам. Но барем, очекувам да се покае и извини до сите жени, мајки, сестри, сопруги и девојки кои денеска тој, индиректно најбрутално ги навреди и понижи. На крајот би упатил порака со надеж и желба, овој срам никогаш да не се повтори!, напиша на фејсбук Никола Мицевски.

Ново апсење поради трагедијата во Нови Сад - уапсени се вкупно 12 лица

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека во врска со уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, уште едно лице е уапсено.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека во врска со уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, уште едно лице е уапсено, додека уште еден осомничен е недостапен за органите на прогонот, јави дописникот на МИА од Белград.

Обвинителството соопшти дека е уапсена З. С. М. поради основи на сомнение дека сторила кривично дело Тешко дело против општата сигурност од чл.288 ст.2 од Кривичниот законик во врска со кривичното дело Непрописно и неправилно вршење градежни работи.

Оттаму додаваат дека е констатирано дека едно лице кое се сомничи дека го сторило истото кривично дело во моментов е недостапно за органите на прогонот.

Претходно денеска 11 лица беа уапсени во врска со трагедијата во Нови Сад, кога при падот на настрешницата на железничката станица во тој град загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.

Меѓу 11-те уапсени се и министерот за транспорт во оставка Горан Весиќ, неговата помошничка задолжена за железнички и интермодален транспорт Анита Димоска, Јелена Танасковиќ која вчера поднесе оставка од функцијата в.д. директор на „Железничка инфраструктура“, како и нејзиниот претходник Небојша Шурлан.

притисни ентер