Синдикатот на полицијата поднесе кривична пријава против екс министерот Спасовски

Синдикатот на полицијата во Македонија до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Невремето го опустоши Загреб и околината- искорнати стебла и покриви, паѓа силен град (ВИДЕО)

Пожарникарите имаа полни раце работа низ цел Загреб. Паѓаа дрвја, летаа покриви и мораа да испумпуваат вода од некои згради.

Целосен хаос владееше попладнево во централна Хрватска. Загрепските пожарникари со полни раце работа низ градот, јавува 24сата.хр.

Како што дознава порталот, тие ја отстраниле оградата во Клаиќева, дрвјата во Шестине и во Трг Република Австрија. ДВД Сесвете работеше на испумпување на вода од просториите. Дрво паднало врз автомобил во Шестине. Пожарникарите ваделе и прозорец од шестиот кат во улицата „Фрање Петрица“.

Лим висел од зграда на улицата Максимирска, додека ограда паднала врз возило на улицата Хајнцлова. Пожарникарите се и во Илица, каде виси дел од покривот. Читателите известуваат и дека трамвајскиот сообраќај во центарот на градот е прекинат. Невремето го зафатило и Дуго Село.

"Се' траеше околу 10 минути, како минатиот јули кога имаше силно невреме. Беше страшно, ни искрши три автомобили во дворот. Ветерот дуваше како да ќе ги однесе прозорците", вели читател од Дуги Село.

„Имаше огромни налети на ветер што носеше гранки по улицата и силен дожд и повремено грмежи. Во еден момент врнеше, но не траеше долго“, вели читателот од Шестина во Загреб.

Дрво скршило прозорец на зграда во Трешњевац.

„За 10 минути почна ненормално да дува. Мислам дека Трешњевка помина најлошо во однос на овој налет. Оштетени се многу автомобили“, вели читател на 24сата.хр.

И Сисак го зафати невреме кое беше придружено со град со големина на орев.

„Додека се враќавме од работа, градот предизвика паника кај нас и кај другите возачи. Ударите од мраз беа толку силни што мислевме дека ќе ни пукнат стаклата. Звукот беше застрашувачки, мислевме дека автомобилот ќе пукне. “, рече еден читател.

Деветмина се повредени во напад со киселина во Германија- полицијата го уапси напаѓачот

Девет лица се повредени кога маж ги испрскал со киселина во кафуле во Бохум, на истокот на Германија.

Инцидентот се случил вчера во 15:25 часот, кога маж влегол во градината на кафулето и со киселина испрскал маж кој седел на маса, како и жена која седела со него и келнерката.

Напаѓачот си заминал, но многу брзо бил уапсен недалеку од кафулето, пренесува CNN.

Во акцијата биле повредени и четворица полицајци и двајца пожарникари кои дошле во контакт со киселината.

Засега не е познато кој бил мотивот на нападот, а човекот кој бил нападнат прв има, според извештаите, многу сериозни повреди.

Ужас во Сеул: Најмалку деветмина загинати, кога автомобил влета меѓу пешаци (ВИДЕО)

Најмалку девет лица загинаа, а четворица се повредени кога автомобил удрил во пешаци во центарот на Сеул, соопшти јужнокорејската противпожарна служба.

Шест лица починале на лице место, додека три биле пренесени во болница поради срцев удар и подоцна биле прогласени за мртви, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Од четворицата повредени, тројца се во критична состојба, соопштија надлежните.

Несреќата се случила на раскрсница во близина на градското собрание во Сеул во 21:30 часот по локално време.

Автомобилот го управувал 68-годишен маж, кој на семафор налетал на пешаците.

Полицијата соопшти дека возилото се движело во погрешна насока, се судрило со две возила пред да се втурне во толпата.

Возачот е уапсен на лице место и пренесен во болница.

Тој тврди дека автомобилот забрзал и нема историја на возење во пијана состојба.

Полицијата ги истражува околностите на несреќата.

Претседателот Џун Сук Јеол им нареди на официјалните лица да вложат максимални напори за да ги спасат погодените и да им ја обезбедат потребната помош.

Џун издаде итна наредба до министерот за внатрешни работи Ли Санг-мин и началникот на противпожарните власти, изјави претседателскиот портпарол Ким Со-кјунг.

притисни ентер